Забава
Закерберг најави нова функција на апликацијата „Ватсап“

Mарк Закерберг го потврди воведувањето на WhatsApp Communities, најнова карактеристика на апликацијата што служи како надградба на „Групите“ (Groups).
„Денес, почнуваме заедници на ‘Вацап’. Воведуваме и анкети и видеоповици во кои може да учествуваат 32 лица. Вашите пораки остануваат приватни“, напиша Закерберг на „Фејсбук“.
Communities се наменети за организирање повеќе групни разговори на едно место. На пример, училиште, населба или канцеларија може да се поврзат со неколку разговори. Администраторите потоа може да испраќаат пораки до сите во таа заедница. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да креираат и да учествуваат во анкети. Функцијата ќе се појави како картичка на врвот на апликацијата.
За разлика од фејсбук-групите, т.н. заедници „Ватсап“ не се јавни и не можете да ги пребарувате – сè функционира преку покани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Веќе изгледа како 30-годишна“: лицето на младата актерка предизвика лавина коментари

Актерката Мили Боби Браун неодамна го привлече вниманието на медиумите со својот изглед, а нејзиното лице предизвика особена дискусија со оглед на тоа што има само 21 година.
На премиерата на нејзиниот нов филм The Electric State во Лос Анџелес актерката изненади многумина. Таа блесна во златен фустан украсен со мониста, вреден речиси 10.000 евра, а креацијата ја комплетира со раскошна пунџа.
Сепак, токму нејзиното лице привлече најмногу коментари.
Millie Bobby brown needs to stop letting doctors touch her face.
— Shameless Learner 🤔 (@mrembo_wa_maji) February 26, 2025
Последниве денови на социјалните мрежи се зборуваше за тоа дека актерката изгледа многу постаро. „Буквално, отидов да ѝ ја проверам возраста“, „Таа веќе изгледа како да има 30 години“, „Кога фазата ‘имам 21, изгледам како да имам 45’ стана повторно тренди?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Забава
Актерот Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико, заедно со сопругата, пијанистката Бетси Аракава, објави Santa Fe New Mexican повикувајќи се на полицијата.
Полицијата во округот Санта Фе ги откри телата на двократниот оскаровец, 63-годишната Бетси и нивното куче во средата попладне.
Нема сомнеж за казнено дело, а причината за смртта не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, ја потврди веста денес.
Забава
Силата ги води до победа или целосен колапс: ова се најупорните хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци едноставно не знаат што значи зборот предавање. Тоа не постои за нив.
Нивната упорност, одлучност и волја често ги водат до успех, без оглед на пречките.
Запознајте ги хороскопските знаци кои никогаш не се откажуваат.
Јарец
Амбициозни и дисциплинирани, Јарците се познати по својата неуморна работа и упорност. Колку и да е тежок патот, тие секогаш ќе најдат начин да стигнат до својата цел.
Овен
Овните се борци по природа. Страста и натпреварувачкиот дух ги туркаат напред, а откажувањето едноставно не е опција за нив.
Шкорпија
Интензивните и фокусирани Шкорпии не се откажуваат додека не го постигнат она што го сакаат. Нивната сила доаѓа од внатрешната решителност и емоционалната издржливост.
Бик
Иако често се опишуваат како тврдоглави, нивната упорност и стабилност гарантираат да не отстапат од својот пат додека не ги постигнат своите планови.
Овие знаци покажуваат дека клучот за успехот лежи токму во упорноста. Ако некогаш ви треба мотивација, погледнете како го прават тоа!