Забава
Затишје пред бура: Гал Гадот се релаксира пред промоцијата на новиот филм

Продолжението на Wonder Woman, блокбастерот од 2017 година, ќе пристигне во киносалите и Ејч-би-о Макс на Божиќ.
Но, Гал Гадот одвои малку време за да се релаксира пред промоцијата на Wonder Woman 1984 („Жена-чудо 1984“) со нова фотографија што ја сподели на Инстаграм во вторникот.
35-годишната актерка изгледа потполно опуштено додека го покажува своето лице без шминка и беспрекорната кожа. Гал, која на 18 години ја доби титулата Мис Израел, е позната по нејзината природна убавина.
Гал мирно лежи на тросед на отворено, на себе има бел сарафан со дизајни во сива и беж боја. Израелската актерка, има ненападна, нежна насмевка на лицето, а објавата ја наслови: „Затишје пред бура …“
Sвездата ќе има многу медиумски настапи за нејзиниот претстоен филм, чие дејствие се преселува од почетокот на дваесеттиот век до средината на 1980-тите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вештачката интелигенција ги предупредува туристите да внимаваат кога поминуваат улица во Македонија оти има агресивни возачи

Некои возачи може да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција („Чат ГПТ“) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување.
Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е ретко. Сепак, „Чат ГПТ“ препорачува, како и за секоја друга дестинација, да бидете внимателни.
Покрај сообраќајот, апликацијата ги предупредува туристите да избегнуваат протести и политички собири, како и да внимаваат да не им биде наплатено повеќе од она што е реална цена во такси -озилата и маркетите.
Се додава и дека луѓето се гостопримливи и честопати подготвени да им помогнат на туристите, безбеден е за двојки, но да се избегнуваат изолирани области во текот на ноќта. Автобусите и такси-возилата се генерално безбедни, се додава во одговорот што го добивме.
Вештачката интелигенција препорачува да се посетат Скопје, Охрид, Маврово и Кратово.
Забава
„Веќе изгледа како 30-годишна“: лицето на младата актерка предизвика лавина коментари

Актерката Мили Боби Браун неодамна го привлече вниманието на медиумите со својот изглед, а нејзиното лице предизвика особена дискусија со оглед на тоа што има само 21 година.
На премиерата на нејзиниот нов филм The Electric State во Лос Анџелес актерката изненади многумина. Таа блесна во златен фустан украсен со мониста, вреден речиси 10.000 евра, а креацијата ја комплетира со раскошна пунџа.
Сепак, токму нејзиното лице привлече најмногу коментари.
Millie Bobby brown needs to stop letting doctors touch her face.
— Shameless Learner 🤔 (@mrembo_wa_maji) February 26, 2025
Последниве денови на социјалните мрежи се зборуваше за тоа дека актерката изгледа многу постаро. „Буквално, отидов да ѝ ја проверам возраста“, „Таа веќе изгледа како да има 30 години“, „Кога фазата ‘имам 21, изгледам како да имам 45’ стана повторно тренди?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Забава
Актерот Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико, заедно со сопругата, пијанистката Бетси Аракава, објави Santa Fe New Mexican повикувајќи се на полицијата.
Полицијата во округот Санта Фе ги откри телата на двократниот оскаровец, 63-годишната Бетси и нивното куче во средата попладне.
Нема сомнеж за казнено дело, а причината за смртта не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, ја потврди веста денес.