Забава
Збирка драми на Шекспир продадена за 2.4 милиони долари на аукција во Њујорк
Книга стара 400 години, позната како Прво фолио, е продадена во Њујорк за 2.4 милиони долари.
Збирката комедии, историски драми и трагедии на Вилијам Шекспир била отпечатена во 1623 година. Современите критичари ја нарекуваат Прво фолио.
Печатена во фолио-формат, збирката содржи 36 ремек-дела на драматургот, компилирани од неговите колеги Џон Хемингс и Хенри Кондел.
Се верува дека ракописите за популарните драми „Магбет“ и „Хенри Осми“ би биле изгубени без објавување на оваа збирка.
Збирката беше продадена во четвртокот на аукција во „Сотби“.

Обележана на аукциската листа како „најважната книга во англиската книжевност“, книгата вклучува гравиран портрет на авторот и поетски почести од Бен Џонсон и други.
Првично беа испечатени околу 750 примероци од првото фолио, но само 232 се сочувани, тврди аукциската куќа.
Се проценува дека сегашниот примерок е еден од дваесетте преостанати во приватна сопственост, а другите моментално се изложени во музеи и библиотеки низ светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

