Забава
Зошто Ана Винтур игра толку важна улога во модната индустрија
Кога станува збор за титаните во модната индустрија, малкумина може да побудат почит и озлогласеност до степен на Ана Винтур. Уредничката на американксиот „Вог“ прераснува во фикција, дури и лик за пародија во филм, а веќе долго време го носи статусот икона.
Во чест на 70-тиот роденден на Винтур светските медиуми ги разгледуваа некои од најголемите достигнувања на уредничката и испитуваа како таа стана највлијателната и илустративна фигура во модната индустрија.

Ана Винтур е родена 1949 година во Лондон и потекнува од семејство на новинари. Таа е најстарата ќерка на починатиот Чарлс Винтур, кој беше уредник на Evening Standard во 60-тите и нашироко се смета за еден од најпознатите британски новинари во тоа време. Помладиот брат на Винтур, Патрик, исто така е новинар и во моментот работи како дипломатски уредник во „Гардијан“.
Винтур се запиша на North London Collegiate School во Стенмор, но се откажа на 16-годишна возраст. Таа потоа се вработи во култниот лондонски моден бутик „Биба“ во 60-тите години пред да заврши програма за обука во „Хародс“ и да добие постојана работа како помошник-уредник во списанието Harper’s & Queen, сега Harper’s Bazaar. Во 1975 година Винтур стана помлад моден уредник во Harper’s Bazaar во САД, каде што престојуваше неколку години.
По кусиот статус на моден уредник во списанието New York Magazine, Винтур беше печена за улогата креативен директор на American Vogue. Таа се врати во Велика Британија во 1985 и стана главен уредник на британскиот „Вог“. Нејзината храброст, претераната ароганција и неможноста да трпи неталентирани придонесе да го добие прекарот нуклеарна Винтур. Винтур се врати во Њујорк по две години, а по кусиот ангажман во House & Garden, беше именувана за уредник на American Vogue наследувајќи ја Грејс Мирабела.
Винтур е заслужна за револуција во модната индустрија уште од нејзиното прво издание во „Вог“. Секојдневната комбинација на фармерки „гес“ со џемпер од Кристијан Лакроа – во која беше облечена манекенката на насловната страница, израелскиот модел Михаела Берку – стана впечатлива и нешто сосема ново во индустријата во време кога гламурозните вечерни фустани беа норма во киосците за весници.

Многу е ценета и за пионерскиот потег кога донесе ликови надвор од светот на модата на страниците на списанието, на чии насловни страници во минатото беа исклучиво славни личности, политичари и спортисти. Во тоа време насловните на „Вог“ беа резервирани само за славни личности. Овој пресврт во „Вог“ се случи под 31-годишното владеење на Винтур.
Како доверител на њујоршкиот музеј „Метрополитен“, Винтур ја предводи и годишната Мет гала, на која се собираат познати личности од целиот свет за да да го прослават отворањето на годишната изложба на костими во музејот облекувајќи се според однапред најавена тема. Во 2014 година одделот за костими на музејот беше преименуван во Институт за костими „Ана Винтур“, во чест на нејзината работа. Во 2013 година таа беше прогласена и за уметнички директор на издавачката куќа за „Вог“, Condé Nast, а во 2017 година ја доби титулата дама за своите услуги во модата и новинарството.
Дама е почесна титула и женски облик на обраќање со почит во многу христијански витешки редови – во британскиот систем на почести и неколку други земји од Комонвелтот, како Австралија и Нов Зеланд – тоа, всушност, е машка форма на титулата сер.
Винтур стана исто толку позната по својата работа како и со својот беспрекорен изглед, што всушност претставува нејзин потпис, а тој се состои од кафеава боб-фризура, која таа почна да ја носи како тинејџерка, дизајнерски миди фустани, чевли од Маноло Бланик и темни очила за сонце. Нејзиниот изглед е ривал на оној на покојниот Карл Лагерфелд што се однесува до нивните особени индивидуалности.

Кариерата на Винтур не изостана со контроверзии. Во 2003 година, една од нејзините поранешни асистенти, Лорен Вајсбергер, напиша измислена приказна за времето кога работела во „Вог“, „Ѓаволот носи Прада“, кој стана познат филм блокбастер во кој глуми Мерил Стрип како Миранда Присли, кој всушност ја портретира Винтур.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Супербоул 2026 е втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД
Овогодишниот Супербоул стана втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД, со просек од 124,9 милиони гледачи кои го гледаа натпреварот меѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс кој заврши со резултат 29:13.
Врвот на гледаноста беше забележан во втората четвртина, кога дури 137,8 милиони луѓе го гледаа натпреварот, што претставува најголема публика во историјата на американската телевизија во една минута емитување. Емитувањето беше достапно на NBC, Peacock, Telemundo, NBC Sports Digital и NFL+, а во однос на вкупната гледаност беше надминато само од минатогодишниот Супербоул, објавува NFL.com.
За NBCUniversal, која ја слави 100-годишнината од NBC во 2026 година, ова беше најгледаната програма во историјата на компанијата.
Телемундо го сруши рекордот за гледаност на шпански јазик
Емитувањето на Телемундо имаше просек од 3,3 милиони гледачи, што го прави најгледаниот Супербоул во историјата на американската телевизија на шпански јазик. Гледаноста достигна врв за време на полувремето, со просек од 4,8 милиони гледачи, што е исто така рекорд за емисија на полувреме на шпански јазик.
Настапот на Бед Бани на полувремето ги сруши рекордите на социјалните медиуми
Настапот на Бед Бани на полувремето, спонзориран од Apple Music, предизвика силен бран на социјалните медиуми. Вкупната конзумација на содржина поврзана со настапот достигна четири милијарди прегледи во првите 24 часа, што е зголемување од 137 проценти во однос на минатата година. Повеќе од 55 проценти од сите прегледи дојдоа од меѓународните пазари.
Трите најгледани објави во историјата на социјалните медиуми на НФЛ сега се клипови од настапот. Најпопуларниот, со пораката „Единственото нешто помоќно од омразата е љубовта“, собра 179 милиони прегледи на Инстаграм.
View this post on Instagram
Вториот клип, во кој Бед Бани ги наведува земјите пред да ја забие топката, достигна 168 милиони прегледи на Инстаграм. Истото видео на TikTok е прегледано 100 милиони пати, со 62 проценти од гледачите надвор од САД. Само шоуто на полувремето во просек имало 128,2 милиони гледачи во САД.
Веднаш по настапот, музиката на Бед Бани на Apple Music се зголеми седумкратно. Најстримуваните песни беа DtMF, BAILE INoLIVIDABLE и Tití Me Preguntó. Неговата листа за репродукција на песни изведени на Супербоул стана најстримуваната сет-листа во историјата на Apple Music.
Денот по натпреварот, DeBÍ TiRAR MáS FOToS влезе на топ листите на албуми во 155 земји, достигнувајќи го првото место во 46. Пејачот доминираше и на глобалната листа Daily Top 100, на која се најдоа 24 негови песни, од кои девет беа меѓу првите 25 и шест во првите 10. Неколку постари песни, вклучувајќи го и синглот „I Like It“ со Карди Би, се вратија на топ-листата за прв пат по години.
фото/епа
Забава
(Фото) Познатата „Бејби“ од „Валканиот танц“ во секси бикини: Годините не и можат ништо
Холивудската актерка Џенифер Греј (65) сега е во средината на седумдесеттите години, но тоа не ја спречува да го вжешти расположението на социјалните мрежи со фотографии во костим за капење.
Таа неколку пати се појави на настани во специјални изданија и секогаш добиваше комплименти за својот изглед.
Во една од нејзините најнови објави, познатата Бејби ужива на плажа со пријателка, па објави фотографии во костим за капење. Позираше и во едноделен и во модерен црн бикини кој ги истакнуваше нејзините облини.
„Долгоочекуван женски излет. Се смеевме како повторно да сме во средно училиште“, напиша актерката во описот.
Поминаа толку многу години откако светот се заљуби во неа во „Валканиот танц“ (1987), а Џенифер сè уште изгледа како девојката од пред неколку децении. Тогаш, таа немаше поим дека текот на нејзината кариера ќе се промени на почетокот на деведесеттите години кога направи операција на носот.
Цртите на лицето што ја правеа толку препознатлива и сакана од сите – исчезнаа тогаш, а со нив и Џенифер Греј.
Сепак, таа го задржа своето место и сега, благодарение на социјалните мрежи, успева да ги воодушеви луѓето, ако не со своите улоги, тогаш барем со својот неверојатен изглед.
Забава
(Видео) Кејт Хадсон во тесен фустан на доделување на награди, но еден дијамант го украде вниманието
Актерката Кејт Хадсон редовно е во центарот на вниманието, главно поради нејзините провокативни изјави за медиумите, но понекогаш сака да додаде допир на чуден моден стил во комбинацијата.
Неодамна таа воодушеви на доделувањето на Златните глобуси во винтиџ фустан со својот вереник, Дени Фуџикава.
Кејт може да биде провокативна и резервирана, но и елегантна. На церемонијата на доделување награди одржана во Беверли Хилс, актерката воодушеви во темно сина фустан украсен со големи кристали и со откриени рамена.
Таа додаде црни високи потпетици на својот моден изглед, а косата лежерно ја врза со шнола и уживаше во сите блескави моменти што беа насочени кон неа.
Многумина го забележаа накитот што го носеше актерката, а нејзиниот дијамантски веренички прстен особено се издвојуваше.
Некој се пошегува и дека актерката сега ги вежба своите појавувања на црвениот тепих, со оглед на тоа што беше номинирана за Оскар за нејзината улога во филмот „Song Sung Blue“.

