Забава
Зошто фотографијата на Кејт предизвика хистерија во светот: пет грешки што докажуваат дека палатата ја уредила
Теориите на заговор во врска со принцезата Кејт Мидлтон предизвикаа хаос кога новата фотографија објавена од палатата Кенсингтон беше отстранета од четири фотоагенции поради стравување дека е монтирана.
Принцезата од Велс не е видена во јавноста од Божиќ, што предизвика драма на социјалните мрежи дека таа исчезнала. Шлагот на тортата беше објавувањето на новата фотогарфија за Денот на мајката во Велика Британија, на која Кејт изгледа поинаку од вообичаеното. Меѓу агенциите што ја отстранија контроверзната фотографија на Кејт Мидлтон се „Асошиетед прес“ и „Ројтерс“.
No comment from Kensington Palace tonight after at least 3 international pictures agencies refuse to distribute this morning’s photo of Kate and her children. Some of them (@AP ) have claimed “the source [the palace] has manipulated the image”. pic.twitter.com/ppOwDtPr9P
— Chris Ship (@chrisshipitv) March 10, 2024
„Следнава фотографија е отстранета и нема да се користи повторно. Поблиската анализа покажа дека таа изгледа како да е уредена“, ја објасни АП причината за отстранувањето на фотогарфијата.
Во соопштението за печатот од Кенсингтонската палата, во кое беше објавена фотогарфијата во неделата, се вели: „Нова фотогарфија на принцезата од Велс, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис денеска е објавена на нашите профили на социјалните мрежи за да го одбележиме Денот на мајката. Фотографијата е направена од принцот од Велс претходно оваа недела“.
I hadn’t even looked in the bloody window! pic.twitter.com/InuvDJ2UhN
— christhebarker (@christhebarker) March 10, 2024
Деталите на фотогарфијата, кои иницираа сомнежи, меѓу другото, вклучуваат и детаљ на ракавот на принцезата Шарлот, кој покажува дека нејзината рака е поместена. Многумина укажаа и на фактот дека изгледа оти Кејт не го носи својот венчален прстен и дека сите деца го имаат средниот прст преку показалецот. Беше забележано и дека здолништето на принцезата Шарлот е заматено, како и чудната положба на патентот на принцезата Кејт.
Исто така, „Њузвик“ објави дека, едноставно, било тешко да се фотографира моментот во кој и Кејт и сите три деца се смеат истовремено.
The Palace release new undoctored photo of a happy Kate and William to calm all the controversy.#KateMiddleton pic.twitter.com/q1xrTTJhYx
— Hopeless Semantic (@JimBlower) March 10, 2024
Теориите дека фотогарфијата е монтирана почнаа на платформата „Икс“, која почна со теории на заговор за исчезнувањето на принцезата. Принцезата планирала операција на абдоменот на 16 јануари, а палатата објавила дека таа првпат ќе се појави во јавноста дури по Велигден.
Новинарката Конча Калеха за шпанската телевизиска емисија „Фиеста“ изјави дека Кејт е во медицински индуцирана кома. Ова е тврдење што палатата го отфрли како смешно за „Њузвик“.
Но, теориите за исчезнувањето на Кејт Мидлтон и дека палатата Кенсингтон не ја објави веста за закрепнувањето на принцезата се појавија на „Твитер“, каде што шегите и мемињата на оваа тема собраа милиони прегледи.
Необјаснивата одлука на принцот Вилијам да се повлече од неодамнешната церемонија посветена на својот кум предизвика шпекулации, а во овој контекст е разгледана и новата фотогарфија на Кејт Мидлтон и нејзините деца. Кенсингтонската палата сè уште не ја коментирала контроверзната фотографија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) За „Југославија“ пишуваат и германските медиуми – песната за која деновиве се зборува
„Дојче Веле“ го пренесува пишувањето на германските медиуми за политичките несогласувања што го следат Евросонг. Весникот „Франкфуртер Рундшау“ прашува дали нови расправии би можеле да избијат поради песната „Југославија“, која би можела да ја претставува Србија на натпреварувањето во Виена.
Ситуацијата околу песната „Југославија“ на овогодишниот избор за Евросонг предизвика бурни реакции на Балканот, пишува „Дојче Веле“. Станува збор за песна која уште во најавата на натпреварот отвори расправи и ја подели јавноста поради самата референца на поранешната државна заедница – Југославија.
Во Србија на социјалните мрежи и во коментарите се појавија бројни критики и реакции, бидејќи некои сметаат дека поимот „Југославија“ има политичко значење што не е соодветно за музички натпреварувачки формат како Евросонг.
Пејачката која ја изведува песната, Зејна, позната и како кума на белградската Парада на гордоста, им одговори на своите поддржувачи дека пораката на песната носи универзална порака за единство, мир и љубов и дека насловот не значи враќање на историски политички концепти, туку симболизира надеж и заедништво меѓу луѓето без оглед на нивните национални или етнички разлики, пренесе „Н1“.
Поради оваа песна, на почетокот на месецот на мрежата „Икс“ се огласи профилот „Евровизија Косово“, обвинувајќи ја Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“. Се тврди дека песната ја „глорифицира“ Југославија и дека Европската радиодифузна унија нема да ја прифати доколку Белград ја испрати на натпреварувањето. „Франкфуртер Рундшау“ потсетува дека Косово не е членка на Европската радиодифузна унија и дека не е јасно кој стои зад овој профил. Сепак, пораката предизвика внимание во Србија и во другите поранешни југословенски републики.
Весникот потсетувадека Југославија постоела како кралство и како социјалистичка федерација, која се распаднала во крвавата војна, а на крајот станала унија на Србија и Црна Гора.
„Во оценката на Југославија до ден-денес се разликуваат мислењата во сите седум држави наследнички“, пишува авторот во текстот. Како што се наведува, критичарите му замеруваат на раководството на поранешна Југославија авторитарност и потчинување на народите. „Некои постари луѓе, пак, се потсетуваат на релативно безгрижен заеднички живот во мултиетничка земја без граници“, пишува германскиот весник.
Песната „Југославија“ може да биде предмет на проверка од страна на Европската радиодифузна унија само доколку навистина биде избрана за финалното натпреварување.
Критиките од Косово, наведува Дојче Веле, значително ги зголемиле нејзините шанси – „Југославија“ има најмногу прегледи на Јутјуб од сите кандидати.
За некои критичари, споменувањето на името Југославија во контекст на Евросонг буди сеќавања на минатите политички и воени конфликти на Балканот, додека други сметаат дека песната може да има поширока симболична порака што ги надминува политичките контексти.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.

