Забава
Идеи за подароци за Денот на вљубените
Секој ден е за љубов и секогаш треба да се слави, но официјално месец февруари е месец на љубовта. 14. ден во месецот е значаен датум за сите парови, за оние кои се во брак или штотуку ја заочнале својата љубовна романса. Сите нив ги поврзува една заедничка работа, а тоа е што да му подарат на партнерот за Денот на вљубените. Со желба да ви помогнеме, ви нудиме листа на некои потенцијални подароци за Валентин.
Чоколада за слатка врска
Медени срца како подарок за Валентајн, може да биде добар избор, бидејќи покрај тоа што се рачно изработени, носат и лични пораки. Направени во форма на срце, што е симболично за Денот на вљубените. На секое парче може да напишете по некоја реченица или по некој збор, па кога сето тоа ќе се спои во една кутија, да направат реченица што сакате да ја пренесете на вашиот партнер. Кутијата украсете ја со панделка. Бомбониерите и рачно изработените пралини се исто така добар избор. Како и со медените срце тако и пралините можат да содржат порака која ќе биде напишана на самите чоколада. За слатките закуски не треба да зборуваме, затоа што никој не може да остави рамнодушен. За нијанса погоре, можете да изберете и торта во облик на срце со омилениот вкус на вашиот партнер.
Аудио и видеоматеријали
Подарок кој ќе трае подолго од чоколадата и кој ќе остане прекрасен спомен. Размислете за изработка на ваши заеднички слики од патувања, родендени, забави, во огромен број. Купете убав фотоалбум и направете фотоалбум со смешни коментари. Овој подарок за Валентин сигурно ќе го воодушеви вашиот партнер. Може да направите и колаж од неколку фотографии, кои ќе ги вметнете во некоја добра рамка. Овој подарок секогаш ќе биде добар потсетник за моментите што сте ги поминале заедно. За оние кои се во долга врска и имаат многубројни заеднички доживувања кои се снимени на камера или телефон, можат сето тоа да го искористат и да направат видеопрезентација. Во тоа може да ви помогне некој кој се разбира во монтажа, иако денес и паметните телефони имаат програми за монтирање, па можете да се обидете.
Масажа и масажер
Подарок кој дефинитивно вашиот партнер ќе го цени е оној кој ќе му помогне да се релаксира. Во месецот февруари актуелни се понудите за масажа за парови, а вие тоа можете да искористите како подарок за Валентин. Ова дефинитивно ќе биде изненадување за вашиот партнер, но и можност за заедничко уживање. Долгорочно решение е да купите масажер, кој секогаш ќе му биде при рака на вашиот партнер. Со оглед на тоа што се мали и практични лесно може да се понесе на некое патување, на работа, па дури да се користат по напорен тренинг. Единствениот недостаток е што не можете да уживате заедно. Затоа проценете што е најдобро за вас.
Патувањето е секогаш добар избор
За секој празник, така и за Денот на вљубените, нашите агенции нудат широк избор на занимливи места, за кратки патувања. Вашиот партнер можете да го одведете на некое патување, на кое ќе се задоволите еден со друг. Идејата е наша, а реализацијата ваша. Искористите го секој момент да уживате заедно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.

