Забава
Инвазија на стаорци во Париз

Главниот град на Франција е преплавен од стаорци, а за тоа граѓаните ја обвинуваат градоначалничкат, Ан Идалго. Нејзините противници од редовите на социјалистите ја користат наездата на стаорци за да ја нападнат дека повеќе внимание посветува на активистите за заштита на животните отколку за јавната хигиена.
Стаорците се дел од парискиот пејзаж уште од дамнина, за нив пишувал и Виктор Иго во „Јадници“, а се појавуваат и во филмот на „Дизни“ – Ratatouille.
Бројот на стаорци на улиците на Париз довело до тоа во 1901 година Градот да ги наградува оние што смислувале најдобра техника за нивно уништување, а од бубонична чума, која ја пренесуваат тие, настрадале повеќе од една третина од средновековната париска популација.
На видеоснимките што ги објавуваат граѓаните на Париз се гледаат стаорци во нивните градини и канти за отпадоци по должината на Сена. Луѓето се жалат дека ноќе ги среќаваат во парковите, а дење ги слушаат од грмушките. „Њујорк тајмс“ пишуваше во 2016 година дека Париз е соочен со најголемата криза на стаорци во последните децении, но локалните претставници велат дека нивниот број пораснал уште повеќе поради што градското собрание издвоило еден и пол милион евра во септември 2017 година за спречување на нивното ширење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Изгледа нереално во новата модна кампања

Францускиот бренд за долна облека „Етам“ ја претстави својата есенска кампања за 2025 година, а заштитно лице е познатата манекенка Ирина Шајк.
Кампањата, со соодветен наслов J’ETAM, го комбинира името на брендот со францускиот збор за љубов и го поставува прашањето: „Која емоција е карактеристична за Французите?“, а одговорот е љубов.
View this post on Instagram
Кампањата служи како увертира на претстојната модна ревија на брендот, закажана за 30 септември, и ја слави љубовта во сите нејзини форми – од платонска и романтична до семејна и љубов кон себе.
Фотографиите од Бриен Капоци отстапуваат од традиционалните кампањи во будоар-стил. Тие се снимени во мека, природна светлина, со минимален сценографски дизајн, што им дава интимен изглед.
View this post on Instagram
„Совршена“, „Икона“, „Божица“, „Толку убава“, „Најубава Ирина“, „Величествена“, се некои од многуте коментари на „Инстаграм“ на брендот.
Колекцијата нуди облека за секоја жена и за секоја пригода, вклучувајќи удобни памучни парчиња и заводливи комплети од тантела.
View this post on Instagram
Палетата на бои се движи од розова, бела, кафеава и црна до впечатливи тонови, како што се електрично сина и светлоцрвена.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најскромниот милионер секогаш го привлекува вниманието на шоуто

Актерот Адам Сандлер се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал со сопругата Џеки и нивните ќерки Сејди и Сани.
Семејството веднаш привлече внимание поради нивните координирани модни изданија, но и затоа што сите тие се сметаат за обични луѓе, кои не сакаат премногу да го разоткриваат својот приватен живот. Адам дури е наречен и најскромниот милионер поради неговиот начин на живеење.
За оваа пригода Сандлер избра црн костум, па иако претходно беше модна икона за помладите генерации поради неговиот лежерен стил, сега беше доста елегантен.
Неговата сопруга Џеки избра едноставен бел фустан без прерамки, кој нежно паѓа, а ќерките позираа во слични модели како мајка им, само што Сејди имаше црн модел.
Сè на сè, беше јасно дека Сандлерови се потрудија да бидат координирани и дека се издвојуваат од сè друго, само поради нивниот гламур и среќа.
Премиерата на филмот „Џеј Кели“ се одржа на Венецискиот филмски фестивал, во кој Сандлер глуми покрај Џорџ Клуни.
фото: принтскрин
Забава
Го остави првиот сопруг брутално преку „Инстаграм“, па среќата си ја најде покрај светската ѕвезда: која е контроверзната арапска принцеза?

Принцезата Шеика Махра се најде во центарот на вниманието кога го напушти својот сопруг преку „Инстаграм“ станувајќи глобална сензација.
Сепак, не помина долго време за убавата Махра повторно да биде тема. Овој пат се чини дека таа ја пронајде вистинската љубов. Веста дека Френч Монтана ѝ предложи брак ја потврди и неговиот менаџер.
View this post on Instagram
Која е принцезата на Дубаи?
Шеика Махра е ќерка на владетелот на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум. Неговото богатство во 2011 година беше проценето на четири милијарди долари.
View this post on Instagram
Махра е само едно од неговите 26 деца, а мајка ѝ е Гркинката Зои Григоракос. Таа е исто така успешна претприемачка и има сопствена линија парфеми, „Махра М1“.
View this post on Instagram
Сепак, таа е најпозната по бракот со шеикот Ман ал-Мактум со кого се омажи во 2023 година, љубов што траеше само една година. Нејзината објава на „Инстаграм“, во која таа му кажа на својот сопруг дека се разведува, стана вирална, но сега таа ја избриша објавата.
View this post on Instagram
Во тој брак таа доби една ќерка, која го носи нејзиното име. Првпат беше видена со Монтана во 2024 година во Дубаи и се претпоставува дека тогаш ја почнале својата врска.
фото: принтскрин