Забава
Инес де Рамон е независна жена, а Бред Пит тоа го сака и го цени, велат извори за „Пипл“

Познато е дека Бред Пит (60) е во среќна врска со 29 години помладата девојка Инес де Рамон, со која е поврзуван од 2022 година. Сега тоа го потврди и извор близок до познатиот актер. Тие се исклучително среќни во врската и заедничкиот живот“, изјави извор за People.
Бред моментално е во Мексико, каде го снима својот нов филм Ф1, кој треба да се појави во кината во летото 2025 година и е меѓу десетте најскапи филмови во историјата. „Инес знае колку овој проект му е важен и целосно го поддржува во се“, вели изворот.
„Таа е навистина независна жена и сега ужива во дружењето со своите пријатели во Лос Анџелес. Таа го користи ова време за да се опушти“, додаде изворот, истакнувајќи дека Бред Пит „ја сака нејзината независност“, а таа е воодушевена од количината на мотивација што ја поседува познатиот актер. Тие најдоа заедничка рамнотежа и ја ценат“, заклучи тој.
Де Рамон се пресели кај Бред во Лос Анџелес во февруари оваа година. Ова е прва сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли. Оттогаш, работите станаа посериозни бидејќи летото го поминаа во Шато Миравал, француската винарија што актерот некогаш ја делеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Неодамна се појавија гласини дека партнерката на Бред наскоро би можела да стане мајка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Вечерва завршува AERO Street Food Festival

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival.
Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје, велат од општина Аеродром.
Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл.
Програмата, празнично ќе кулминира со настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот на најдобар можен начин. Фестивалот се реалзиира со поддршка на општина Аеродром.
Забава
Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој.
Сè се случило за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде што Џон Малкович го играше шармантниот Валмон, а Мишел Фајфер ја играше Мадам де Турвел. Хемијата меѓу нив беше забележителна, но никој не можеше да верува дека нивните емоции се вистински.
Малкович во тоа време беше во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер беше во брак и со актерот Питер Хортон. Славниот актер сега, по толку години, призна во подкастот „Fashion Neurosis“ дека аферата го чинела скапо.
„Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. Во овој бизнис, брзо формирате емоционални врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одличен колега“, рече актерот, според Дејли Меил.
„Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од само пријателство, тешко е некогаш да се врати.“
Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога филмот беше објавен, во 1988 година. Денес, Џон живее со италијанската продуцентка Николета Пејран, со која има две деца.
По разводот од Хортон, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели во 1990 година, со кого има две деца.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тотална доминација на српската манекенка: „Не ми е добро колку си убава“

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ сè уште ужива во својот одмор, од каде што дојдоа и најновите фотографии кои кренаа прашина на социјалните мрежи.
Вистина е дека Софија е една од најубавите Србинки и секогаш се обидува да ги оправда сите епитети. Нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема, а со снимките од јахтата веќе излуди многумина и токму кога помисливме дека не може да биде подобро… демантира!
„Зелената е мојата омилена боја“, напиша Софија во описот на објавата.
Згодната манекенка позираше во зелено бикини кое уште еднаш совршено ги истакна сите нејзини облини, а коментарите под објавата се нижеа.
Таа позираше и и црно-бел костим за капење, во кој изгледаше можеби уште подобро, ако тоа е воопшто можно.
„Одлично“, „Каква убавица“, „Ти си авион“, „Сакам да имам жена како тебе“, „Не ми е добро колку си убава“, „Совршена си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин