Забава
„Инстаграм“ со забрана за тагови кои шират лажни вести за вакцините
По критиките за дозволување на тагови преку кои брзо се шират лажни вести, компанијата „Фејсбук“, во чија сопственост е „Инстаграм“, одлучи да се справи со овој недостаток и да ги ограничи можностите за злоупотреба.
Проблемот привлече внимание откако на „Инстаграм“ се појавија ознаки кои промовираат објави што тврдат дека вакцините можат да убијат, па на платформата најпрво ќе бидат блокирани оние тагови кои шират дезинформации во врска со вакцинација, а подоцна иницијативата ќе се прошири и во однос на други неточни информации.
Од „Инстаграм“ соопштија дека веќе се блокирани наколку тагови како #vaccinescauseautism и #vaccinescauseaids, а сега се планира и блокирање на оние кои не содржат конкретни информации, но се користат за ширење лажни информации, како што е ознаката #vaccines1234.
Кога на „Инстаграм“ се блокира некој хаштаг веќе не е можно да се најдат содржините кои биле објавени во негови рамки, па кликот на забранетиот хаштаг не покажува никакви резултати, со што се спречува понатамошно ширење лажни и злонамерни информации.
Покрај тоа, „Инстаграм“ работи и на други начини за борба против лажни информации во ситуации кога корисниците наидуваат на проблематични ознаки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Најубавата жена на сите времиња“: Скарлет Јохансон во свечен фустан што го освои интернетот
Се ближиме кон празниците, а актерката Скарлет Јохансон веќе има предлог за божествена новогодишна тоалета, и сосема е разбирливо што веќе ја украде претставата и го излуди интернетот.
Некои велат дека холивудската ѕвезда носи дури и најубавата вечерна тоалета што ја виделе, а тоа е сребрен фустан со длабоко деколте што Скарлет го претстави на Инстаграм како дел од новата кампања за нејзиниот бренд за убавина „The Outset“, основан во 2022 година. Станува збор за празнична кампања, во пресрет на претстојните празници, кога сите бараме впечатливо парче во кое ќе привлечеме внимание.
Актерката позира во светкава сребрена креација на Џени Пакам, која вклучува тесен корсет со тенки прерамки украсени со светки и камења, кој го нагласува градите, а во средината на предниот дел има јазол што се спушта по фигурата, нагласувајќи го уште поблескавиот долен дел.
Овој совршен фустан е комбинација од неколку дела, бидејќи има впечатлив вез во средината, а Скарлет го надополни и со празнични, сребрени чевли на платформа.
„Најубавата жена на сите времиња“, „Совршенство“, „Скарлет сјае, особено во овој фустан“, „Фустанот ти стои неверојатно“, „Кралица“… се само дел од воодушевените коментари на интернет.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Позната убавица се соблече, сè уште е ненадминлива: „Вака изгледаат 60-тите“
Познатата манекенка Паулина Поришкова (60) владееше со модната сцена во 1980-тите и беше една од најбараните убавици. Сепак, дури и неколку децении подоцна, интересот за неа не се намали, а таа покажа дека сè уште може да се спореди со своите многу помлади колешки.
Паулина веќе неколку пати импресионираше со својот изглед, без никакви проблеми го покажа своето лице без шминка, а неодамна се вери во своите 60-ти години, со што им даде до знаење на сите дека никогаш не е доцна за љубов.
Овој пат, зачудувачката Чехиња ги изненади сите со видео во кое прво се појави во бањарка, која потоа ја соблече и ја покажа својата завидна фигура во долна облека.
„Вистината е дека ми е здодевно да се облекувам, секогаш ми се чини како обврска. Затоа, еве ви покажувам што навистина правам за да го започнам денот, што е претежно седење пред компјутер и пишување. Потоа можете да си дадете одмор, да го прифатите вашето несовршено јас и да му дадете малку љубов бидејќи нашите несовршености се она што нè прави совршено оригинални. Вака изгледаат 60-тите“, напиша таа под објавата.
Како и секоја друга нејзина објава, и оваа беше предмет на коментари, само позитивни. Сите го поздравија потегот на иконата на 80-тите бидејќи таа повторно покажа живот без филтер, но и совршен изглед во својата седма деценија што заслужува само пофалби.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Во споредба со Меланија, таа изгледа како селанка“: Убавата Георгина повторно трпи навреди
Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, привлекува негативни коментари со своите модни избори уште од моментот кога првпат се појави во светот на славните. Често правеше грешки, дури и ја промаши поентата на Мет Гала, а некако никогаш не успеа да ги исполни сите критериуми.
А сега, кога пристигна во Белата куќа и позираше со Трамп, многумина очекуваа убавата Џорџина конечно да блесне. Но, според коментарите, се случи спротивното.
Георгина се обиде да ги спои гламурот, луксузот и ненаметливоста, и сето тоа не и успеа, иако немаше ништо погрешно на неа. За оваа пригода, таа избра молив здолниште со мрежест детаљ, едноставна црна ролка и впечатливо крзнено палто.
Салонки, пунџа и накит, и секако, дијамантски веренички прстен што никогаш не го вади, беа таму за да комплетираат сè, но повторно, нешто не беше во ред.
„Толку многу пари за џабе“, „Во споредба со Меланија, таа изгледа како селска девојка“, „Колку и да се труди, не може да постигне врвен стил“, беа некои од коментарите.
Можеби со причина, можеби без, за вкусовите не треба да се дискутира. Георгина Родригез овој пат не направи никакви фатални грешки, но сепак не успеа да ги освои симпатиите на модните критичари на социјалните мрежи.
фото: принтскрин

