Контакт

Забава

Интервју со графитчиите кои се изразија на ѕидовите во новите канцеларии на „Вип“

Објавено пред

Графитите како уметничка форма датираат уште од времето на античка Грција и Римската Империја. Иако во денешно време во Македонија графитите сè уште се еден вид  вандализам, во некои држави или градови тие се дозволени и претставуваат вистинска уметност, дури и кога се нацртани на јавни површини. Ако навлеземе повеќе во зборот графити ќе дознаеме дека тоа е име за слики или букви, изгребани, исчкртани, насликани или означени на кој било начин, меѓутоа како уметничка форма тие еволуираат и се трансформираат во вистинска уметност.
За жал, во Македонија графитите се сè уште во категорија „загрозени“ и графитчиите се тајни уметници, но, за среќа, постојат луѓе, компании и институции кои ја препознаваат оваа уметност и кои сакаат нивните ѕидови да бидат украсени со истата.

dobivaj vesti na viber

Во разговор со двајца графити-артисти, еден скопјанец и еден кумановец, дознавме како успеваат да ја изразат својата креативност и дали од времето кога почнале да цртаат па до сега работите се сменети на подобро.

• Верувам, од мали сте имале желба да се изразите креативно, но кога се роди вашата љубов токму кон графитите и желбата да цртате на јавни места?

Хром: Мојата љубов кон графитите се роди пред околу 22 години и еве, сè уште трае. Уште од мал имав дарба да се изразам преку слики, а во ’96-тата сосема случајно еден мој пријател ме вовлече во графити-уметноста. Иако првиот графит не беше целосно мој, туку на него работев како поддршка на еден мој другар, тоа дефинитивно беше моментот кога знаев дека тоа е мојата голема љубов.

Трендо: Кога бев петтооделенец почнаа да ме привлекуваат графитите кои беа исцртани по ѕидовите на моето училиште, беа толку примамливи што секогаш кога ќе поминував покрај нив застанував и ги анализирав боите, стилот и начинот на кои се нацртани. На истите ѕидови за краток период се изредија многу нови и интересни графити, па кругот околу училиштето секогаш ми беше интересен.

• Колку години имавте кога го создадовте вашиот прв графит?

Хром: Мислам дека имав 13 или 14 години, не се сеќавам точно, но знам дека приказната почна кога еден мој другар ме замоли да му помогнам со боење на графитот. Сепак, тоа не беше целосно мој графит затоа што тој веќе ја имаше целосната идеја од тоа што ќе биде темата, до боите што подоцна ги користевме. Подоцна и сам почнав да создавам и еве, сè уште го правам тоа.

Трендо: Дарбата за цртање и креативно изразување ја имав уште од мал. Се сеќавам дека скици од графити имав исцртани насекаде, но создавање голем графит е нешто сосема различно, потребна е добра ориентација и планирање на површината. Мојот прв успешен графит го нацртав во 2008 година, се сеќавам дека беше нацртан со три боци спреј и дека надвор беше многу ладно.
• Од каде ја црпите инспирацијата и тематиката за вашите графити?

Хром: Да бидам искрен, за разлика од порано, во денешно време е многу потешко да измислиш нешто свое. Затрупани сме со многу информации и слики, интернетот си го направи своето дури и во графити-културата. Генерално секогаш се трудам да бидам интересен и оригинален како графити-цртач. Најчесто црпам идеи од филмови, видеоигри, цртани филмови, стрипови и работи со кои растев и кои ме правеа среќен.

Трендо: Се согласувам дека интернетот можеби ѝ штети на уметничката слобода, меѓутоа отвора и нови погледи и е добар канал за инспирација. Ако ги земеме како целина, моите графити немаат една иста или конкретна тематика што им е заедничка. Идеите некако ми доаѓаат спонтано, можеби поради секојдневната посветеност кон графитите, но дефинитивно стилот е ист, секој мој графит може да се препознае по формите и прецизните линии што ги користам.

• „Вип“ е компанија во Македонија која во својата нова зграда ги отвори вратите за вас и својата внатрешност ја разубави со графити. Кој беше предизвикот за вас?

Хром: Со оглед на тоа дека цртањето графити во Македонија сè уште не е легално, а и постои одредена категорија луѓе кои истите не ги смета за уметност, многу се израдував кога од „Вип“ ме повикаа на разговор. Навистина е убаво чувството кога знаеш дека на некој му се допаѓа тоа што го правиш секојдневно, а уште поубаво е дека некој ги следи градските графити. Уште од првиот состанок со претставниците од „Вип“ се почувствува таа добра енергија за соработка и креативност, а самото тоа што „Вип“ ни ги отвори вратите и ни ги препушти своите осум ѕида беше предизвик.

Трендо: Цртањето графити е предизвик само по себе, од друга страна цртањето во внатрешна просторија на внатрешен ѕид е поразлично од цртање на ѕид што е под отворено небо. Целиот проект, целата организација и идејата да се црта во „Вип“ беше предизвик и навистина се радувам што работите испаднаа како што беше замислено. Ретки се компаниите кои своите работни простории ги украсуваат со графити, јас искрено се надевам дека и другите компании во Македонија ќе го следат примерот на „Вип“ и ќе ја искористат креативноста на графити-цртачите.
• Графитчиите кај нас се „загрозена“ категорија, какво е чувството кога некој ќе ти даде парче ѕид и ќе го препушти на твојата креативност?

Хром: И по повеќе од 20 години во Скопје сè уште нема легални ѕидови за цртање графити. Последниве неколку години почнаа некакви мали соработки со градските власти, што е за пофалба. Повеќето цртежи со во договор со приватни сопственици или се нелегални. За нас секогаш сликите говорат. Затоа соработката со „Вип“ многу ни се допадна. Од тимот на „Вип“ бевме ослободени од притисоци и бевме препуштени на целосна креативност. Графитите се во склад со просторот, темата што ја зададовме беше телефонија, интернет, компанија, тим, достапност, односно зборови што го опишуваат семејството на „Вип“. Исто така, и боите што  преовладуваат се блиски до боите на логото на „Вип“, но се во склад и со самите простории. Сакавме графитите да се блиски до секој што ќе ја посети зградата на „Вип“ на возраст од 7 до 77 години, а сепак секој цртач да го задржи и својот препознатлив стил.

Трендо: За жал, малку луѓе ја знаат вредноста на графитите. Цртањето графит бара многу работа и труд, целиот процес од идеја до имплементација не е толку лесен како што изгледа. Секој уметник е среќен кога неговата работа ќе биде препознаена и вреднувана, особено кога работата се наоѓа во категорија на „загрозени дејности“. Чувството што некој во Македонија ги препознава графитите како уметност, а во исто време ти дава можност да ја изразиш својата креативност е еднакво на радост. Секој ѕид е поубав со графити!

• Како ја остварувате таа интеракција помеѓу формата и содржината? Дали вообичаено размислувате за пораката што сакате да ја пренесете, а потоа барате соодветна слика за тоа?

Хром: Сакам да си поиграм со перцепцијата на минувачите. Морам да признаам дека не секогаш моите дела кријат и некоја голема порака. Последниве неколку години сум заинтересиран за форми и букви, постојаната игра помеѓу нив. Ги упростувам буквите оо наједноставни до  необични форми и обратно.

Трендо: Пред да почнам со цртање, прво размислувам за пораката што сакам да ја пренесам, согласно со тоа подоцна ги бирам боите. Кога работам на проекти како во „Вип“, прво сликата ја поврзувам со компанијата и со пораката што сакам да ја пренесем и на крај ги вклопувам во еден креативен цртаж.

• Како е да се биде графитчија во Македонија?

Хром: Да се биде графитчија во Македонија, односно Скопје секогаш имало две страни. Може да биде многу забавно зашто генерално нашата мала супкултура функционира добро. Се знаеме колку сме и кои сме активни. Сепак, не е Скопје град каде е ептен опасно да се биде графити-цртач, градот си има свои многу поголеми проблеми за решавање. Поголемиот проблем за графити-цртачите е финансискиот. Треба повеќе да се поработи на мали пазари и продавнички за продажба на дела од графитчии и улични уметници за да можат цртачите да бидат повеќе мотивирани.

Трендо: Да се биде графити-уметник во Македонија не е многу поразлично од другите држави каде што ваквата уметност не е дозволена. Не ни е отворен патот за да можеме слободно да создаваме, попречени сме во средината во која живееме и твориме. Да бидам искрен,  градските власти не се многу се сконцентрирани на нас и на нашите графити што ни остава простор за творење, но јас секако не се откажувам. Цртањето графити и изразување преку ваквата уметност за мене е задоволство, јас сакам да креирам бидејќи преку нив создавам своја димензија и линија на движење.

Забава

Вечер посветена на Тоше Проески во Битола: „Засекогаш во срцата“ по осми пат

Објавено пред

Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш ќе кажеме тој беше наш. Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Остави спомени, емоции и моменти што со години живеат во животите на луѓето од сите генерации.

dobivaj vesti na viber

На 05 март 2026 година, по осми пат, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи концертот „Засекогаш во срцата“, посветен на музиката и наследството на Тоше Проески. Настанот со години прерасна во препознатлива традиција и еден од најемотивните музички проекти во Битола, кој секоја година обединува публика од различни генерации.

Концертот се реализира во организација на Оркестар DIVA, во соработка со Центар за култура Битола. Оркестар DIVA со години е носител на овој проект, градејќи внимателно осмислена концертна целина која со почит и достоинство му пристапува на музичкото наследство на Тоше Проески.

Годинава, на сцената ќе настапат: Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Марија Митровска, Марија Јаковлеска и Алексеј Ивановски изведувачи кои ќе ѝ дадат свој личен печат на музиката што одамна е дел од колективната меморија. Музичките аранжмани се прилагодени од Владимир Димовски, со цел песните да добијат нов оркестарски израз, задржувајќи ја нивната препознатлива емоција и суштина.

„Засекогаш во срцата“ е вечер во која публиката заедно пее, се потсетува и ја чувствува музиката што сите нè поврзува.

Концертот ќе се одржи на 05.03.2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центар за култура – Битола. Билетите се во продажба по цена од 500 денари, преку платформата yournextevent.info и на продажното место Тобако Димпо во Битола.

А публиката во Битола по осми пат ќе се собере на едно место за да го каже истото: Ти благодариме, Тоше.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело

Објавено пред

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.

dobivaj vesti na viber

Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.

Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.

За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.

Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) „Викиншката девојка“ прави хаос во бикини: „Сакам да бидам на снег со тебе“

Објавено пред

Норвешката инфлуенсерка Џоана Норденг обожава да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, па затоа и стана позната. Нејзините последни објави се направени среде шума и ги израдуваа многу луѓе.

dobivaj vesti na viber

Фокусот, секако, не беше на природата и прекрасните пејзажи, туку на нејзиниот изглед и фактот дека среде зима и снег таа позира во минијатурно бикини, а носи и крзнена шапка, ракавици и чизми.

Белото бикини совршено одговараше на нејзиниот исончан тен, но и на снежната позадина, па за момент сите заборавија колку е студено.

Веднаш стана јасно зошто има речиси 90 илјади следбеници, а луѓето во коментарите не го криеја својот ентузијазам за нејзиниот изглед и храброст.

На Инстаграм профилот на Џоана доминираат фотографии од плажа, а дури и кога не е на плажа – очигледно нема проблем да се соблече на снег, додека себеси се опишува како „норвешка викиншка девојка која патува низ светот во слатки бикини“.

„Забавувај се“, „Совршена си“, „Повеќе вакви содржини, дозволи твојата убавица да зборува“, „Сакам да бев со тебе на тој снег“, „Толку си жешка што не е нормално“, беа само дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 час

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа2 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија2 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион3 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет3 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија3 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија3 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија4 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет4 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет5 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион6 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион6 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија19 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија19 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија21 час

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија23 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија1 ден

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија1 ден

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...