Забава
Ирина Шајк изгледа совршено на премиерата на „Алејата на кошмарите“
Ирина Шајк го украде шоуто на светската премиера на ноар-трилерот на Гиљермо дел Торо „Алејата на кошмарите“ (Nightmare Alley) во средата во Њујорк, каде што се појави во знак на поддршка на својот поранешен партнер, ѕвездата на филмот, Бредли Купер.
Покажувањето на поддршка доаѓа во време на шпекулации дека поранешниот пар можеби повторно се здружил по низата јавни излегувања со нивната ќерка Леа (4), а Бредли (46) очигледно не сака да ги демантира ваквите тврдења кога ја нарече нејзината поддршка „посебна“ во кусото интервју за „Ентертеинмент викли“ на црвениот тепих.
Манекенката (35) доминира во атрактивна креација на црвениот тепих на кој ги засени присутните филмски ѕвезди.

Таа изгледа сензационално во стилски црн костум со пругаст дезен.
Палтото со двојно закопчување го носи отворено за да открие што има под него – впечатлив топ од црна кожа што го истакнува деколтето и едвај ги покрива градите.
Русинката го комплетира својот изглед со црни чевли со високи потпетици.
Една од најубавите жени на светот веќе со години е заштитно лице на повеќе луксузни брендови. Харизмата со која зрачи и беспрекорната фигура се заслужни за големиот успех на модната сцена.
Нејзиниот поранешен партнер и човекот на вечерта Бредли на себе има елегантен црн костум со тенки ревери. Костимот го спои со класична бела кошула и тенка црна вратоврска.

Минатиот месец еден инсајдер забележа дека парот се зближува со заедничкото родителство, што ги подгрева шпекулациите за повторно обединување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

