Забава
Испробајте си ја вашата среќа и добијте iPhone 14 Pro
iPhone 14 Pro е голем хит и најпосакуван уред за многумина. Apple е секогаш неколку чекори пред конкурентите, па од тука iPhone е најпосакуван мобилен телефон.
iPhone 14 Pro ги има најновите мобилни транзистори на Apple, со цел да добие исклучителни перформанси и гаранцијата дека корисниците ќе го добијат она што го платиле. Apple iPhone 14 Pro е фантастичен премиум уред со екcтра перформанси. Содржи револуционерни безбедносни карактеристики дизајнирани да спасуваат животи. Иновативна камера од 48 MP за воодушевувачки детали. Сето тоа се напојува од врвниот чип за паметни телефони. Тој е дизајниран за голема издржливост, со керамички штит, поцврсто од кое било стакло за паметни телефони, отпорност на вода и нерѓосувачки челик од хируршка класа.
iPhone 14 Pro е на чекор од реалноста за секој оној ќе се се регистрира на новата интернет платформа www.megawin.mk, за која Државна лотарија организира наградна игра за сите учесници коишто ќе се регистрираат на www.megawin.mk заклучно со 29 ноември.Вкупниот фонд на награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Наградниот фонд е:5 луксузни патувања за двајца во Дубаи, 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro, и еден автомобил BMW, а првите 50.000 регистрирани на www.megawin.mk ќе добиваат промотивни вредносни ваучери од 100 ден. до 10.000 ден.
Со www.megawin.mk, Државна лотарија прави голем чекор во дополнување на своето портфолио игри на среќа одговарајќи на барањата на играчите, а како членка на Европска Асоцијација на лотарии се здобива со уште една од карактеристиките на современите европски лотарии.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира за даноците
Шпанскиот суд во четвртокот ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.
Шакира се согласи на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона под обвинение дека не и платила на Шпанија 14,5 милиони евра данок на приход од 2012 до 2014 година. Таа, исто така, се соочи со втора истрага за наводна измама на приход и данок на имот во 2018 година.
Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на обвинителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ при подготовката на нејзината даночна пријава за 2018 година.
Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разделбата се пресели во Мајами.
Забава
(Видео) Хејли Бибер бремена: го покажа стомакот во венчаницата, Џастин пресреќен
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли го очекуваат своето прво дете.
По бројните шпекулации за бременоста на манекенката, тие ја споделија радосната вест на своите социјални мрежи, а потоа и нивните претставници на медиумите ја потврдија веста и изјавија дека манекенката е во шестиот месец од бременоста, пишува „Пипл“.
Двојката сподели видео од нив како ги обновуваат заветите и ја споделија својата бременост со светот. Хејли носи долг, чипкаст бел фустан и вел, истакнувајќи го нејзиниот труднички стомак.
Парот се венча во септември 2018 година во Њујорк само два месеци по свршувачката. Подоцна, тие славеа со семејството и пријателите.
Забава
(Видео) Прашањето што ја збуни Израелката на прес-конференцијата по Евровизија: „Не мора да одговарате ако не сакате“
Откако беше објавено кои десет земји одат во финалето на Евровизија, се одржа прес-конференција на која беа поставувани прашања и за Израелката Еден Голан, која во финалето отиде со песната „Ураган“.
Новинар од Полска доби шанса да и постави прашање на претставничката на Израел – „Дали некогаш сте помислиле дека бидејќи сте тука ги загрозувате другите учесници и јавноста?
Водителот на прес-конференцијата веднаш рече дека „не мора да одговара ако не сака“.
„А зошто да не“, искоментираа неколку новинари.
Еден Голан прво застана, а потоа одлучи да одговори на прашањето.
„Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки да го направи ова натпреварување безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука“, изјави Еден Голан на прес-конференцијата.