Забава
Истражување: Пол Рад прв на листата икони на машка убавина
Нова повеќестрана и поинклузивна форма на мажественост се стреми да ги разбие многуте предрасуди во врска со мажественоста.
Промените полека но сигурно се во тек со индустријата на модата и убавината, поттикнати од иконите кои помагаат во поместување на границите. Ова е случајот на Пол Рад и Хари Стајлс, кои станаа најпопуларни светски икони на машка убавина, поточно,извори на инспирација кога станува збор за нега на машката кожа.
Тие се два мажи со два стила од две генерации, но и двајцата ги одразуваат промените што се случуваат во индустријата за убавина во последно време.
Ова се наодите на истражувањето што го спроведоа експерти за нега на машката кожа од Humanery. Најмалку 100 славни мажи беа проучувани преку анализа на податоци на „Гугл“ за да се утврди кои од нив најмногу влијаат на рутините за машка убавина и кои влегуваат во категоријата ‘скинфлуенсери’ од светска класа.
Пол Рад, моментно најмоќниот инфлуенсер за нега на машката кожа, го глумеше Мајк во серијата „Пријатели“ и многумина често го прашуваат која е тајната на неговиот младешки изглед.

Оние што го паметат од серијата може да забележат дека актерот речиси не се променил во последните 20 години што се однесува до изгледот. Тој неодамна изјави дека изгледа добро бидејќи спие минимум осум часа дневно.
„Луѓето ќе го наместат алармот, ќе спијат четири часа и ќе станат да тренираат. Тие си прават лоша услуга. Ако успеете да спиете осум часа, сте направиле сè“, изјави 53-годишникот кого магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж во 2021 година.
Пол е највлијателниот ифлуенсер за нега на кожата или т.н. скинфлуенсер. Неодамна дојде уште една потврда дека тој посветува многу внимание на својот изглед и на здравјето на кожата. Според порталот „Премиум бјути њуз“, е-трговијата на козметички производи за нега на машката кожа Humanery истражувал кој е најголем скинфлуенсер користејќи анализа на податоци на „Гугл“.

Титулата му припадна на Пол Рад, кој следниот месец ќе наполни 54 години.
Покрај него е Хари Стајлс, 29-годишен пејач. Пол, кој е речиси 25 години постар од Хари, ги следи трендовите за нега на кожата. Истражувањето се заснова на медиумски написи, во кои се спомнуваат славни мажи, кои ѝ пркосат на возраста.
Имињата на ваквите личности потоа биле анализирани во планер за клучни зборови на „Гугл“ за да се утврди чие име најмногу се бара со терминот „нега на кожата“. Во изминатата година, заклучно со февруари 2023 година, имало 8.400 пребарувања за нега на кожата на Пол. Хари Стајлс има речиси ист број на пребарувања.
На листата се најдоа и Идрис Елба, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо, Џон Леџенд и Бред Пит, со голема разлика во однос на првите двајца мажи.
Заклучокот од ова истражување е дека возраста не е пресудна бидејќи на листата има мажи од разни генерации.

За потсетување, Пол беше прогласен за најсекси маж во 2021 година од страна на магазинот „Пипл“. Тој самиот беше изненаден од таа титула. „Свесен сум дека кога луѓето ќе слушнат дека ќе ме прогласат за најсекси маж на светот, ќе се изненадат“, изјави Руд за магазинот. „Ова не е лажна понизност. Има толку многу луѓе што треба да го добијат ова пред мене“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Кендал Џенер повторно позираше речиси гола
Моделот Кендал Џенер беше вистинска инспирација за медиумите кога се појави на Супербоул и „уживаше“ во настапот на нејзиното поранешно момче, Бед Бани, за време на полувремето. Нејзиниот љубовен живот веднаш повторно стана актуелен, па оваа убавица се погрижи да го одвлече вниманието од него.
Како поинаку освен со разголено издание на социјалните мрежи, исто како што го направила неколку пати.
Кендал позираше во провокативна долна облека, а беше фотографирана токму во моментот кога ги соблече гаќичките со потпетици, па „пробивот“ на социјалните мрежи се случи за само неколку секунди.
Ова е многу слично на нејзиното претходно објавување кога позираше целосно гола на кревет, а некои дури и ја критикуваа во коментарите. Без оглед на нејзиното згодно тело, тие веруваат дека Кендал сега ги преминала границите на добриот вкус.
„Сакам вакво тело“, „Изгледаш совршено“, „Ми го направи денот“, „Знаеме дека си згодна“, „Неверојатна жена“, луѓето ги оставаа нејзините коментари.
Забава
(Фото/Видео) Вулгарна или не? Манекенката прошета без гаќички и ги шокираше сите
Познатата манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли беше на настан во Австралија, организиран од Вог, и во таа пригода ги шармираше сите во повеќе од провокативна модна облека.
Иако во последно време често ја гледаме во кампањи како рекламира долна облека, а воедно ужива во семејниот живот со Џејсон Стејтам, Роузи е сè уште неприкосновена кога се појавува на црвениот тепих.
За гламурозниот настан пред Операта во Сиднеј, манекенката избра фустан од модната куќа Армани, а благодарение на голиот грб и тенките бретели што сè држеа на место, сите гледаа во неа. Многумина веројатно се сомневаа во модна катастрофа, но тоа не се случи.
Елегантниот фустан е украсен со светки и циркони, а шампањската боја совршено се вклопуваше со нејзиниот тен и коса.
Роузи не сакаше да претерува со деталите, па малите дијамантски обетки од Tiffany & Co. беа полн погодок и сосема доволни за да ја заокружат модната магија на познатата манекенка.
Забава
(Фото) Се соблече познатата водителка: жешки фотографии за 55-ти роденден
Познатата водителка Аманда Холден го прослави својот 55-ти роденден со стил објавувајќи ги најпровокативните фотографии досега.
Сите го фалат зачудувачкиот изглед на убавата водителка, но сега таа се потруди да оди чекор понатаму. Иако секогаш е провокативна и на снимање и на црвениот тепих, на социјалните мрежи обожава да се покажува малку повеќе од претходниот пат.
Прво, позираше во кратки шорцеви и сако без апсолутно ништо под него, а потоа во тесно црно боди кое го надополни со високи потпетици.
Сексипилниот изглед на Аманда Холден беше во преден план, а коментарите не изостанаа. За нејзината фитнес тајна се пишува со години, а таа веќе истакна дека нејзиниот трик е само во рамнотежата.
„Прекрасна си“, „Толку си згодна“, „Вистинска инспирација“, „Секој ден стануваш сè позгодна“, „Изгледаш како да имаш 35, а не 55 години“, „Божествена жена“, беа само дел од коментарите.
Аманда Холден е згодна во јавноста, но приватно е сосема спротивна. Таа со години живее осамен живот со својот сопруг Крис Хјуз, со кого има две ќерки, на возраст од 20 и 14 години.

