Забава
„И’ готвеше штрудла“ – сестрата на Јованка Броз го опишува односот меѓу Тито и Софија Лорен
На денешен ден, 25 мај, во поранешна Југославија се празнуваше роденденот на Јосип Броз Тито како Ден на младоста. По тој повод проследуваме една интересна приказна за тоа како тој ја пречекал убавата Софија Лорен на островот Бриони.
Јосип Броз Тито за време на своето владеење бил домаќин на многу светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Софија Лорен и Ричард Бартон. Сите тие оставиле силен впечаток едни на други, а особено на Јованка Броз, раскажува нејзината сестра Нада Будисављевиќ во книгата на Жарко Јокановиќ „Мојата сестра Јованка Броз“, во која открива бројни интересни моменти од животот на претседателот на СФРЈ и првата дама.
Посебно внимание во тогашните медиуми предизвикала посетата на славната актерка Софија Лорен, која поминала петнаесет дена на Бриони. Нада се сеќава дека италијанската дива тогаш го повела и својот син, кој имал само година и пол, како и една швајцарска дадилка.
Била сместена во вилата „Јадранка“, каде претходно престојувале Тито и Јованка. Секојдневно доаѓала на плажа да се капе, а Тито и Јованка биле присутни цело време за време на нејзината посета.
„Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Косата ја миеше со дестилирана вода и ставаше маслиново масло. Нејзината коса беше прекрасна, навистина величествена. Кога ја фотографираа, секогаш го вртеше поубавиот профил. Тоа се тие мали тајни на големите мајстори“, раскажала Нада Будисављевиќ.
Како што вели Нада, а тоа го потврдуваат и многумина кои ја познавале славната актерка, Софија Лорен обожавала да готви.
„Подоцна издаде книга Софија во кујна, со љубов, или нешто слично. Подготвуваше сосови за шпагети, и тоа во големи количини. Се сеќавам дека ставаше телешко, свинско месо, пршута, и – на мое изненадување – дури осум килограми свеж домат. Тоа беше вистински специјалитет. Сите го јадевме заедно и беше божествено“, се присетува сестрата на Јованка.

Нада открива и дека Тито лично ѝ подготвувал штрудла на Софија.
„Уживаше во тоа. Имаше некој готвач, но Тито сам ги правеше штруклите, штрудлата со јаболка… Го развиваше тестото на масата, виткаше, месеше и печеше. Не знам дали ги знаеше точните мерки, можеби готвачот му помагал, но се гледаше дека уживаше во тоа“, вели Нада, пренесе „Она.рс“.
Софија Лорен денес има 88 години, а покрај Моника Белучи важи за најпозната Италијанка во светот. Холивудската дива, модел и модна икона уште од 1950-тите, стекна статус на филмска легенда и божица на убавината на која ѝ се восхитуваа и мажи и жени.
Најпосебно место во нејзиното срце зазел италијанскиот филмски продуцент Карло Понти. Се запознале кога Софија имала само 16 години. Иако на почетокот ѝ бил само продуцент и ментор во светот на шоу-бизнисот, нивната разлика од 22 години брзо била надмината од силните емоции кои не можеле да ги сокријат.
Во тој период Понти бил оженет и имал две деца. За да се разведе, била потребна согласност од Ватикан, но не ја добиле. Затоа во 1957 година отпатувале во Мексико, каде што Понти се развел и се оженил со Софија. Меѓутоа, по враќањето во Италија, се соочиле со нови проблеми – нивната заедница не била признаена како легална.
Понти бил обвинет за бигамија, а Лорен за незаконска врска. Не смееле ниту да се појавуваат заедно во јавност. Не сакајќи да се прилагодат на тогашните општествени норми, парот ја напуштил Италија и со години живеел во странство, борејќи се за правото нивната љубов да биде признаена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пристапот до Фонтана ди Треви повеќе не е бесплатен
Рим воведе влезница од 2 евра за пристап до прочуената Фонтана ди Треви, која досега беше бесплатна за посетителите, пишува Би-Би-Си.
Оваа наплата има за цел да се контролира бројот на туристи и да се обезбедат дополнителни средства за одржување на споменикот, наведува Би-Би-Си.
Некои туристи ја поздравија мерката, со надеж дека ќе се намалат гужвите и ќе се подобри целокупното искуство.
Забава
(Видео) Како да не е од оваа планета: „Ненормални“ стомачни мускули и драматичен фустан без долна облека
Спектакуларното 68-мо доделување на Греми наградите се одржа во Лос Анџелес, а бројните ѕвезди прошетаа по црвениот тепих и го украсија настанот со своите модни изданија. Една од најзначајните личности беше американската пејачка и актерка Тејана Тејлор.
Teyana Taylor at the #GRAMMYs red carpet looking flawless. 💫 pic.twitter.com/WuurRFWh5T
— Zaqdenim 🪼 (@zaqdenim) February 2, 2026
Иако не освои награда, нејзиниот драматичен стајлинг беше меѓу најзначајните на вечерта, а таа носеше многу провокативен и смел фустан во кој ја покажа својата неверојатна атлетска фигура.
Бронзениот, светкав фустан е со асиметричен крој и имаше спектакуларно деколте, а Тејана откри совршени стомачни мускули, како и јасно дефинирани грбни мускули и тетоважи, оставајќи малку на имагинацијата.
Со оваа провокативна креација, таа носеше високи платформи во иста боја, а впечатлив детаљ беше златниот ѓердан што ѝ паѓаше по градите. Сепак, целото внимание остана на фустанот и неговата неверојатна линија, со што се согласуваат и нејзините обожаватели – „изгледа како суперхерој, а не како живо суштество“.
„Какво тело… Боже“, „Можеме ли да ја украдеме нејзината рутина за вежбање, затоа што ова…“, „Телото на Тејана Тејлор е лудо!“, коментираа некои, додека други се прашуваа како фустанот успеа да остане на неа.
Нема сомнение дека смелиот фустан на Тејана Тејлор барал многу труд и работа, и јасно е зошто ги претвори Греми наградите во своја лична писта.
Забава
(Видео) „Облечена“, но како: Најскандалозното издание на познатата Германка?
Познатата германска манекенка, Хајди Клум (52), присуствуваше на доделувањето на Греми наградите и уште еднаш покажа дека за неа нема граници кога станува збор за провокација.
Хајди обожава да привлекува внимание со голи модни изданија, а е доста смела и на социјалните мрежи каде што нејзините обожаватели често можат да уживаат во провокативни топлес изданија на познатата Германка, но овој пат се одлучи за фустан.
Фустанот од латекс воопшто не беше толку обичен како што можеби мислите кога ќе слушнете од каков материјал е направен. Хајди се погрижи нејзиниот модел да биде главна ѕвезда на вечерта.
Seriously WTF is Heidi Klum wearing at the Grammy's tonight and what is she going to do if she needs to …….. #GRAMMYs #grammy pic.twitter.com/9bduFRwG9j
— UniAnalyst (@UniiCoinverse) February 2, 2026
Благодарение на деталите што ја следат линијата на телото и дополнително ги нагласуваат облините, моделот наликуваше на вистинска скулптура.
Овој модел наликуваше на дополнителен слој кожа, а Хајди сè комбинираше со беж чевли и нејзината препознатлива брановидна коса. Шминката не беше „агресивна“, кафеавата сенка за очи и природната нијанса на кармин беа совршен избор и сосема доволни за сите да ја запомнат.
Хајди покажа извесна модна храброст, но благодарение на овој фустан, некои дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени дами, пишува Дејли Меил.
Многумина очекуваа дека оваа година ќе биде придружувана од нејзиното долгогодишно момче, Том Каулиц, но Хајди сепак дојде сама, и тоа едвај, бидејќи фустанот беше направен на таков начин што секое движење во него беше ограничено.

