Забава
Како да ја накитите елката според фенг шуи – бои и украси што носат среќа и богатство
Новогодишната елка освен што го украсува просторот и носи позитивна енергија, се поврзува и со убави емоции. Околу неа се прават спомени, се отвораат подароци, се ужива во колачиња. И кога го украсувате дрвото со вашето семејство, се поврзувате и правите нешто заедно што носи радост.
За да привлечете среќа во новата година, фенг шуи советите порачуваат дека ви требаат светло тиркизни, сини и зелени топчиња.
Можете да го украсите дрвото и со силни светла за да привлече внимание во домот и да ја направи атмосферата во куќата попразнична.
За да привлечете љубов, треба да закачите соодветни украси на елката. На пример, снежно-бели гулаби или нежни розови срца.
Оние кои веќе ја нашле својата среќа треба да закачат неколку белешки на елката со желби и пораки на љубов и благодарност еден кон друг.
За да привлечете пари за Нова година, Фенг Шуи ги истакнува боровите шишарки. Тие можат да бидат украсени со златен или сребрен сјај. За декорација се погодни и мали чоколадни медаљони во златна фолија.
Експертите за фенг шуи предлагаат да ја поставите елката во зависност од тоа што сакате и очекувате од следната година:
Исток – здравје и семејство, југоисток – пари и изобилство, југ – слава и углед, север – кариера, центар на домот – за прашања на срцето, запад – креативност, североисток – за доверба, северозапад – за поврзување и комуникација, југозапад – за љубов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.
Забава
Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот
Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.

