Забава
Како почна љубовната приказна на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ
Александра Пријовиќ вчера ја даде првата изјава откога српските медиуми објавија дека е бремена. „Вистина е, бремена сум. Ви благодарам за честитките“, кратко изјавила таа. Ова ќе биде второ дете за неа и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ, посинокот на Лепа Брена. Тие веќе го имаат синот Александар.
Александра често истакнува дека Филип ѝ е најголемата поддршка во животот. „Нашата врска е фантастична. Ја имам поддршката на Филип уште од првиот ден и поради тоа сум најсреќната жена. Запознав прекрасен, искрен човек кому навистина не можам да му најдам ниедна мана. Отсекогаш сум велела и ќе повторам дека неговиот придонес за мојот успех е огромен“, изјави неодамна Александра за српските медиуми.
View this post on Instagram
Нивната љубовна приказна почна спонтано, по повеќегодишни средби на разни настани, често во куќата на Лепа Брена и Бобо Живоиновиќ, каде што настапуваше Александра. Сепак, овие средби беа минливи додека официјално не се сретнаа. Нивниот прв бакнеж бил во нејзиниот стан на Вождовац.
Двојката се венча на 21 јуни 2018 година во Белград на раскошна церемонија со многу познати гости од светот на музиката, спортот и јавниот живот. По црковната церемонија, прославата продолжи во луксузен хотел. Александра блесна во елегантна венчаница, а Филип избра класичен црн костум. Свадбата ја чувале 60 телохранители, а на послужување биле на располагање 160 келнери. Свадбената торта имаше 10 ката, а српски „Курир“ напиша дека целата прослава ги чинела 400.000 евра.
View this post on Instagram
Една година по свадбата, Александра го роди синот Александар. Пејачката во едно интервју изрази желба еден ден да има девојче.
Филип Живоиновиќ е син на Бобо Живоиновиќ и со години беше најпосакуваниот ерген во Србија. 38-годишникот се школувал во Велика Британија и САД и ја градел својата кариера во целиот свет. Но, во последните неколку години тој е посветен на кариерата на својата сопруга Александра Пријовиќ и е еден од луѓето заслужни за нејзиниот успех.
View this post on Instagram
Филип Живоиновиќ е автор на некои од најголемите хитови на Александра Пријовиќ. Сопственик е на „Помфрит медија“ од Белград, која ги продуцира спотовите на Александра. Директно и индиректно е вклучен во организацијата на настапите на Александра и во продукцијата на песните.
View this post on Instagram
Александра не крие дека Филип многу
ѝ
помогнал во кариерата и дека тоа го смета за нивен заеднички проект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

