Забава
Како одминуваат годините, тие се сѐ поубави: дали сте на списокот
Додека некои жалат поради губењето на младешкиот сјај, жените родени под овие хороскопски знаци стануваат поубави, попривлечни и зрачат со неверојатна елеганција со текот на годините.
Нивната убавина не е само физичка, таа доаѓа од внатрешната сила, искуство и самодоверба што ја стекнуваат низ животот.
Колку се постари, толку повеќе се свесни за нивната вредност, а нивната аура станува уште помоќна. Во продолжение дознајте кои се овие хороскопски знаци.
Вага
Вагите се жени кои ја разбираат убавината подобро од сите други.
Нивното природно чувство за естетика и хармонија ги прави привлечни на која било возраст, но како што минуваат годините, нивната убавина добива посебна димензија.
Со возраста тие стануваат уште пософистицирани, откриваат што најмногу им одговара и внимаваат посебно на себе.
Не се оптоварени со младешки трендови, нивната елеганција и умереност се она што ги издвојува. Со текот на годините, секоја Вага открива дека вистинската убавина доаѓа од внатрешниот мир, а токму тоа ги прави неодоливи.
Шкорпија
Жената Шкорпија со годините станува уште попривлечна и примамлива, но на тој посебен, мистериозен начин. Нејзината убавина никогаш не била само во изгледот.
Таа знае како да ја искористи својата харизма и енергија за да привлече внимание, а тоа станува се поизразено со годините. Искуството и дава уште поголема сила, знае што сака и како да го постигне тоа, а овој внатрешен жар ја прави неверојатно заводлива.
Додека другите трошат енергија загрижени за својата возраст, жените Шкорпија го носат со гордост и ви го одземаат здивот со нивното магнетно присуство.
Јарец
Жените родени во знакот Јарец се како дијаманти, колку повеќе поминува времето толку повеќе блескаат. Во младоста често се сериозни и посветени на остварување на своите цели, но со годините до израз доаѓа нивната неверојатна внатрешна сила и грациозност.
Припадниците на овој знак не бркаат трендови, туку градат безвременски стил и негуваат класична убавина која никогаш не избледува.
Нивната дисциплина и грижа за себе водат до тоа да изгледаат и да се чувствуваат подобро од кога било во нивните подоцнежни години. Кога ќе ги погледнете, знаете дека се жени со стил без премногу труд.
Лав
Лавиците се едни од оние жени кои со годините стануваат повпечатливи. Нивната младешка енергија никогаш не згаснува, но како што стареат, тие добиваат дополнителна доза на софистицираност и самодоверба што ги прави уште попривлечни.
Лавицата знае да ја носи својата возраст со гордост, а со искуството доаѓа таа посебна искра во нејзините очи која вели дека знае која е и што сака.
Таа никогаш не престанува да се грижи за својот изглед и стил, но нејзината вистинска убавина потекнува од внатрешната сила и самодовербата, кои само се надоврзуваат со годините.
Бик
Жените родени во знакот Бик се познати по својата женственост и сензуалност, но како што стареат оваа убавина станува уште поизразена.
Со текот на годините, тие стануваат посвесни за себе, го подобруваат својот стил и учат како да го изнесат најдоброто од себе.
Тие не се оптоваруваат со минливите трендови, туку инвестираат во класична елеганција и грижа што гарантира дека секогаш изгледаат беспрекорно.
Нивната внатрешна стабилност и мир им носи посебна привлечност, тие се жени кои не го губат сјајот со годините, туку стануваат уште поубави и заводливи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Метју Меконахи откри што најмногу ги уништува врските
Холивудскиот актер Метју Меконахи откри што, според него, е една од најголемите грешки во љубовните врски. Во гостување во подкастот на Џеј Шети, тој истакна дека најопасно е партнерите да почнат да се земаат „здраво за готово“.
„Проблемот настанува кога ќе престанете да вложувате труд и ќе мислите дека љубовта се одвива сама од себе“, рече актерот, додавајќи дека и бракот бара свесна одлука, внимание и мали секојдневни гестови – како подготвување кафе за партнерот.
Меконахи предупреди и на нереалните романтични очекувања, велејќи дека партнерите не треба да се ставаат на пиедестал. „Никој не може постојано да биде совршен. Тоа е нефер и неодржливо“, истакна тој.
Според него, љубовта не треба да биде „сијалица од 100 вати“, туку „од 30 вати“ – помалку блескава, но подолготрајна, постабилна и пореална.
Меконахи е во брак со Камила Алвес од 2012 година, а често нагласува дека почитта, комуникацијата и малите секојдневни гестови се клучот за нивната долготрајна врска.
Фото: depositphotos
Забава
Уапсена риалити-ѕвездата која тврдеше дека му била љубовница на принцот Хари
Британската државјанка Кетрин Омани (53), која во минатото тврдела дека била љубовница на принцот Хари, е уапсена на шпанскиот остров Мајорка поради сомнеж дека го напуштила хотелот без да ја плати сметката, пренесе Танјуг.
Според полицијата, Омани е осомничена за измама откако наводно заминала од хотелот „Плајас дел Реј“ во летувалиштето Санта Понса, во близина на Магалуф, без да плати околу 550 евра за деветдневен престој од 2 до 11 јануари. Таа била уапсена и истиот ден изведена пред судија во Палма, по што била пуштена да се брани од слобода, пишува Мирор.
View this post on Instagram
Портпарол на Цивилната гарда го потврдил апсењето, наведувајќи дека станува збор за 53-годишна Британка осомничена дека го напуштила објектот без плаќање. Локалните медиуми објавија дека резервацијата наводно била направена со картичка без средства.
Омани, дизајнерка на ентериер и поранешна учесничка во ријалити-програмата „Вистинските домаќинки од Лос Анџелес“, ги демантираше обвинувањата, тврдејќи дека сметката е целосно платена и дека станува збор за техничка грешка на хотелот.
Таа во ноември 2022 година изјави дека имала двомесечна афера со принцот Хари во 2006 година, откако се запознале во бар.
Фото насловна: Depositphotos
Забава
Илон Маск ќе бара старателство над своето 13-то дете: „Мајката сака да го промени полот на нашето бебе“
Илон Маск најави дека ќе поднесе барање за самостојно старателство над своето 13. дете, откако мајката на детето, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, јавно изрази жалење поради своите претходни десничарски ставови.
Неговиот приватен живот повторно е во центарот на вниманието поради овој потег.
Ешли Сент Клер, инфлуенсерка позната по промовирање на МАГА-ставови, претходно тврдеше дека тајно го родила детето на Маск. Според Волстрит џурнал, лабораторискиот наод на Лабкорп покажал дека Илон Маск е татко на детето со веројатност од 99,9999 отсто.
Подоцна, Сент Клер побарала самостојно старателство, наведувајќи во судски поднесок дека Маск го видел синот само трипати и дека не учествувал во неговата грижа и воспитување. Таа тврдела и дека Маск не ѝ обезбедувал финансиска поддршка ниту неа, ниту детето.
Ситуацијата се променила откако Сент Клер на Икс ги критикувала некои од своите поранешни ставови. Во неодамнешна објава напишала дека чувствува „огромна вина“ поради својата улога во промовирање на десничарски, вклучително и трансфобни ставови.
„За ова не зборував многу бидејќи се прашував дали мојот глас воопшто ќе биде корисен, со оглед на тоа што многумина ќе го протолкуваат како неискрен или како свртување затоа што сум ‘омразена’“, напишала таа.
„И овој одговор ќе предизвика десничарска хистерија, но да – жал ми е.“
Нејзините изјави брзо стигнале до Маск, откако еден корисник ги споделил и ја обвинил дека синот го изложува на „трансродно заведување“.
Маск реагирал со објава:
„Денес ќе поднесам барање за самостојно старателство, со оглед на нејзините изјави кои сугерираат дека би можела да покрене промена на полот кај едногодишно момче.“
Во објавите на Ешли Сент Клер не се спомнува намера нејзиниот син Ромулус да го промени полот. Таа и понатаму е активна на Икс, каде продолжува да го критикува Маск и тврди дека ѝ е оневозможен пристап до претплатата X Premium. Маск по оваа објава не се огласил дополнително.
Фото: Depositphotos

