Забава
Како Фиби Волер-Бриџ го „зачинува“ Џемс Бонд

Фиби Волер-Бриџ вели дека додала „мали зачини“ на новиот филм за Џемс Бонд, No Time to Die.
Наградуваната писателка, актерка и творец на Fleabag (популарна британска телевизиска емисија комедија-драма) вели дека е донесена во тимот „за да помогне“ во сценариото за 25. продолжение на 007.
„Тие бараа промени во неколку ликови и во самата приказна“, вели славната писателка.
No Time to Die ќе биде првиот филм на Бонд кој ќе излезе во ерата на движењата #MeToo и Time’s Up.
Но, иако во последните години се поставуваат прашања во врска со мизогинистичкиот и доминантен начин на кој Џемс Бонд традиционално се однесува кон жените, Волер-Бриџ тврди дека не ѝ било кажано да ја промени културата на филмовите.
Волер-Бриџ е втора жена која добила можност да пишува за 57-годишната историја на франшизата. Првата беше Џоана Харвуд, која беше ангажирана за Dr No и From Russia with Love во раните 1960-ти.
Даниел Крег, кој го игра Бонд од 2006 година, рече дека е негова идеја да се ангажира Волер-Бриџ.
Таа дискутирала за сценариото со Крег во Њујорк, пред да реши да се приклучи на екипата.
„Нема покул од пишување текст за Џемс Бонд“, вели познатата писателка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Поминала низ пекол поради својата тежина: „Ме болеше кога еден човек ми кажа дека сум дебела“

Пејачката Селена Гомез со години се бори со својата тежина, а поради својот изглед, редовно беше мета на негативни коментари, па дури и навреди, што ја натера да се чувствува лошо и да ја изгуби самодовербата. Таа отворено зборуваше за својот трнлив пат во јавноста, не криејќи дека некои од навредите многу ја повредуваат.
„Се соочив со многу проблеми со тежината во мојот живот и тоа е нешто на кое сум многу чувствителна. Навистина ме повреди некој што ми рече дека сум дебела. Зошто се појавува таа емоција?“, рече Селена, која редовно оди на терапија за да се бори со своите несигурности.
„Дефинитивно мора да бидете спремни да работите на тоа, а тоа може да биде незгодно“, рече пејачката, на која ѝ беше дијагностициран лупус во 2014 година, по што ѝ беше трансплантиран бубрег и ѝ беше дадена терапија.
Покрај тоа, пред пет години таа објави дека има биполарно растројство, како и дека се бори со депресија и анксиозност. Со јавно и искрено зборување за она низ што поминува, таа сака да ја подигне јавната свест и да испрати порака дека овие состојби никогаш не треба да бидат табу тема во 21 век, бидејќи се соочуваат со нив сè повеќе луѓе.
Селена Гомез и нејзиниот вереник Бени Бланко наскоро ќе се венчаат, а се верија една година откако се забавуваа. Тие се познаваат од 2019 година, кога работеа заедно на песната „I Can’t Get Enough“. Пејачката неодамна прослави моминска забава, а претходно изјави дека е сигурна дека сака иднина со Бени.
Забава
Синот на Викторија и Дејвид Бекам го прослави својот 23-ти роденден, неговата мајка го засени

Синот на Викторија и Дејвид, Ромео Бекам, го прослави својот 23-ти роденден. Забавата се одржа во Лондон во ресторанот „Аки“, кој сè уште не е официјално отворен. Тие уживаа во суши, бургери и пијалоци, а забавата изгледаше како модна ревија.
Викторија се појави, како и обично, во црно од глава до пети. Носеше проѕирно здолниште и елегантно сако. 51-годишната жена покажа и нова фризура – светли бранови на коса со средна должина.
Како и секогаш, Бекамови ги споделија фотографиите на Инстаграм. На фотографиите, тие држат торта и се забавуваат, а во коментарите, следбениците му го честитаа роденденот на Ромео и му дадоа комплименти на семејството.
Најстариот син Бруклин го нема на семејните фотографии, тој не беше на забавата и не му го честиташе роденденот на својот брат на социјалните мрежи. Кружат гласини за затегнати семејни односи и дистанцирање на Бруклин.
Забава
Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија со своето ново момче

Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија „Утринско шоу“ со посебна поддршка – новото момче Џим Кертис.
Парот, чија врска беше потврдена во јули, се појави на настан во Музејот на модерна уметност во Њујорк, што е едно од нивните први заеднички јавни појавувања, пишува „People“.
Додека Анистон позираше за фотографите во елегантен црн фустан со колегите Рис Витерспун, Били Крудап и Марк Дуплас, Кертис гордо ја бодреше од страна. Облечен во лежерен црна комбинација, беше забележан како се смее додека стоеше покрај црвениот тепих.
фото: принтскрин