Забава
Камерон Дијаз нема да се врати во Холивуд по хаосот што настана на снимањето на новиот филм

Актерскиот камбек на Камерон Дијаз би можел да биде краткотраен, според извори кои велат дека на филмската икона не ѝ се допаѓа драмата на филмските сетови.
Ова доаѓа откога снимањето на првиот филм на Камерон по пауза од девет години (од 2014) – акциона комедија со Џејми Фокс – наводно било оптоварено со многу проблеми, при што Џејми, кој воедно е и продуцент на филмот, имал нервен слом.
Дијаз, најверојатно, повеќе нема да снима, пишува „Дејли мејл.“ Британскиот таблоид се повикува на тврдења од луѓе блиски на актерката дека Back In Action, кој моментно го снима со Џејми Фокс, ќе биде нејзиниот последен филм бидејќи повеќе не може да го одржи темпото.
Back In Action, кој почна да се снима во Велика Британија, е првиот филм на кој работи Камерон (50) по мјузиклот „Ени“ и по нејзиното пензионирање од актерството.
Проблемите што се појавиле на снимањето резултирале со одлука на 55-годишниот Џејми, извршен продуцент, да отпушти четворица членови на персоналот, вклучувајќи го и неговиот возач, еден продуцент и помошник-режисер.
50-годишната актерка се повлече од Холивуд во 2018 година, но нејзиниот близок пријател Џејми Фокс успеа да ја убеди да се врати и да глуми покрај него во акционата комедија.
„Камерон, веројатно, нема да се врати во светот на филмот по завршувањето на овој проект бидејќи ѝ е многу тешко да биде далеку од семејството и ги мрази драмата и конфликтите, кои често избувнуваат на филмските сетови“, изјавиле извори блиски до неа, како што пренесува „Дејли мејл.
„Таа не може да поднесе драма и конфликти. Затоа се пензионира, мисли дека веќе се докажала во индустријата и дека нема кому да му се докажува“, додаваат тие.
Во 2019 година Камерон ја дочека ќерката Редикс со својот сопруг, музичарот Бенџи Мејден.
Камерон го прослави своето име во филмови како „Има нешто за Мери“ (1998).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Флертувањето не им оди: два хороскопски знаци се најлошите заводници

Флертувањето на многумина им доаѓа природно – тие лесно читаат невербални знаци, користат хумор и знаат како да создадат атрактивна динамика. Но, има и такви кои едноставно не се истакнуваат во тоа. Според астрологијата, два хороскопски знаци се издвојуваат по својата несмасност во заведувањето – не затоа што не се шармантни, туку затоа што флертувањето го доживуваат како нешто неприродно, па често се чувствуваат непријатно, вкочането или премногу сериозно. Наместо игра, тие избираат безбедност – и тоа ретко остава добар прв впечаток.
Јарец
Јарците во флерт често се однесуваат како да се на деловен состанок. Нивната сериозност, потреба за контрола и резервиран говор на телото ги тера ретко да оставаат впечаток на флертувачка или разиграна личност. Наместо да гледаат под веѓите и да прават лежерни шеги, тие ќе ве прашаат кои се вашите професионални амбиции или во која банка имате сметка.
Покрај тоа, Јарците често имаат проблем да се отворат со странци бидејќи им е тешко да покажат ранливост. Сакаат стабилност, лојалност и јасност – а флертувањето го гледаат како површна игра во која лесно може да се изгуби достоинството. Затоа често се среќаваат како ладни или незаинтересирани, иако всушност многу се грижат.
Девица
Девиците се склони кон прекумерна анализа, дури и кога треба само да уживаат во туѓо друштво. Наместо да уживаат во меѓусебната хемија, тие размислуваат за сè што би можеле да кажат погрешно и често се саботираат себеси воздржувајќи се. Наместо спонтаност – тие се водени од внатрешен критичар.
Кога флертуваат, Девиците може да изгледаат нервозни, вкочанети, па дури и незаинтересирани, иако внатре се многу љубопитни. Ним им треба повеќе време да се опуштат и да стекнат доверба, па ретко оставаат заводлив прв впечаток – но кога ќе се отворат, нивното внимание и искреност стануваат исклучително привлечни.
Забава
(Видео) Искусен пилот откри која фаза од летот е најтешка за екипажот и зошто мора да телефоните да бидат на авионски режим

Искусен пилот откри која фаза од летот предизвикува најголема нервоза кај членовите на екипажот.
Одговарајќи на прашања од неговите следбеници на „Јутуб“, комерцијалниот пилот Стив Шрајбер – поранешен офицер на американската морнарица и чест коментатор на авионски несреќи – беше запрашан дали има период за време на летот кога тој самиот се чувствува нервозен. Еден од присутните го прашал: „Дали си понервозен при полетување или при слетување?
Тој одговори дека ако треба да избере меѓу тие две ситуации, полетувањето ќе биде поголем предизвик.
„Тогаш авионот е најтежок што некогаш ќе биде“, објасни тој.
„Моторите работат со полна моќност, а вие сте најбавни што ќе бидете. Откако ќе ја напуштите земјата, забрзувате, почнувате да користите гориво, станувате полесни и можете да ја намалите моќноста“, рече тој.
Во истото видео одговори и на честото прашање – дали е навистина потребно да се вклучи авионскиот режим на мобилните телефони за време на летот. Авионскиот режим ја оневозможува можноста за испраќање и примање безжични сигнали на уредот. Неговиот совет е едноставен: „Треба да го вклучите авионскиот режим“.
Тој се осврна на тестовите спроведени од Федералната управа за авијација на САД (FAA) кога употребата на мобилни уреди почна да расте. Резултатите покажаа дека во некои ситуации сигналите од уредите во задниот дел на авионот може да пречат на опремата за навигација.
Забава
„За малку ќе го исплукав кафето“ – маж ја објави сметката од појадок со принцезите во Дизниленд

Татко од САД ги шокираше корисниците на социјалните мрежи објавувајќи ја сметката за појадокот со принцезите во Дизниленд во Калифорнија.
На платформата „Икс“, корисникот Џон (@jrockandrollt) објави фотографија од сметката и напиша: „Појадок со принцезите во Дизниленд со децата. За малку ќе го исплукав кафето“.
Сметката што ја споделил покажува дека за луксузниот појадок платил дури 937,65 долари (околу 815 евра), со бакшиш од 150 долари (околу 130 евра). Тој објаснува дека на појадокот имало пет лица – две деца и тројца возрасни – што чини околу 187 долари (163 евра) по лице.
Во коментарите тој сподели и фотографија од неговата чинија со говедски стек, полнети јајца, аспарагус и ракчиња. Што се однесува до пијалоците, тие имале само еден алкохолен коктел – Блади Мери.
Цената на појадокот шокираше многумина. „Нема оброк на светот кој вреди толку“, „Боже мил, не знам што да кажам“, се само дел од коментарите.
На официјалната веб-страница, Дизни го опишува овој појадок како „незаборавен појадок од три јадења со магични средби со омилените принцези на Дизни“. Предјадењата вклучуваат мини сендвичи со јастог, бејнетки и облоги од банана. Детското мени нуди пилешко и вафли во форма на Мики, додека возрасните можат да изберат од полнети јајца, мисиркини колбаси и макарони и сирење и тартуфи.
Според официјалните податоци, цената на појадокот започнува од 123 евра по лице, па многу корисници на „Икс“ коментирале дека Џон сигурно знаел колку ќе чини. Еден корисник напиша: „Брат, јасно ти беше покажана цената кога си резервирал. Ако си изненаден, тоа е твој проблем“. Друг додаде: „Требаше да имаш груба идеја колку ќе чини сето тоа“.