Забава
Камерон Дијаз по долга пауза се враќа на филмското платно
Актерката се повлече од снимање филмови во 2014 година.
А сега, како што објавија таблоидите, Камерон Дијаз ја прекинува пензијата за да глуми со Џејми Фокс во нов филм во продукција на „Нетфликс“.
Во режија на Сет Гордон од Horrible Bosses, претстојната комедија со соодветен наслов „Враќање во акција“ треба да излезе в година. Дијаз и Фокс повторно се обединуваат по глумата во „Ани“ од 2014 година. Тој римејк на филмскиот мјузикл се покажа како последниот проект на Дијаз пред да објави дека се повлекува.
По дебитирањето со Џим Кери во комедијата „Маска“ од 1994 година, Дијаз продолжи да глуми во некои од најголемите филмови во следните две децении.
Можеби најпозната по улогите во серијалите „Шрек“ и „Чарлиевите ангели“, Дијаз стана позната и по романтичните комедии, како „Празникот“, и по мрачните драми, како „Бандите на Њујорк“ и „Небо од ванила“.
Говорејќи за одлуката да се повлече од актерството, Дијаз во едно интервју минатата година објасни: одлуката беше за моето лично, духовно јас.
„Навистина сакав самата да го менаџирам мојот живот. Мојата дневна рутина е буквално она што можам да го направам сама. Тоа е најдоброто чувство, се чувствувам комплетно… Го запознав својот сопруг, основавме семејство – сите работи за кои порано немав време. И не само време, туку немаше ни простор да донесувам одлуки, вистински одлуки за мене во тоа време“, му рече Дијаз на Кевин Харт минатата година во неговата емисија Hart to Heart.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.
Забава
(Видео) Финецот излезе од јајце со гол задник на Евровизија
Финецот Windows95Man на сцената на Евровизија излезе од јајце и настапи со гол задник.
На себе носеше само танга во боја на кожа.
Во продолжение неговиот настап.