Забава
Канскиот филмски фестивал почнува денес
Црвениот тепих во Кан повторно оживува вечерва кога ќе почне 76. филмски фестивал со премиера на драмата од периодот на Луј Петнаесетти, „Жана де Бари“ (Jeanne du Barry), со Џони Деп.
Според светските медиуми, годинешниот фестивал ветува шведска маса на Азурниот Брег, на која во следните 12 дена ќе се служат спектакли, скандали, филмови, гламур… Сето ова ќе се случува во заднина на работничките протести против промените во пензискиот систем, иако на оддалеченост од главното средиште на фестивалот.
Канскиот филмски фестивал е колосална екстраваганција, изложба на најдобриот светски филм, спектакуларен црвен тепих и кошница за случување договори на француската ривиера.
Свеченоста во вторник ќе опфати церемонија на отворање, каде што Мајкл Даглас треба да ја добие почесната „Златна палма“. Подоцна, иста таква чест ќе му биде укажана и на Харисон Форд, ѕвездата на „Индијана Џонс“. Ќе биде претставено и жирито, кое ќе одлучува за главната награда на фестивалот, престижната „Златна палма“.
Најголемите имиња во меѓународната филмска продукција ќе слетаат на француската ривиера за најпрестижниот филмски фестивал. Харисон Форд, Леонардо ди Каприо и Фиби Волер Бриџ ќе бидат меѓу ѕвездите што љубителите на филмот ќе може да ги видат на црвениот тепих.
Филмовите на Мартин Скорсезе, Вес Андерсон и Кен Лоуч премиерно ќе бидат прикажани на фестивалот заедно со десетици други.
Ќе се појави и Џони Деп, кој се враќа на филмското платно првпат по маратонските правни битки со поранешната сопруга Амбер Херд.
Ова се петте филма за кои сите зборуваат:
„Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“
„Жана де Бари“
„Град на астероиди“
„Стариот даб“
„Убијци на цветната месечина“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како Меланија Трамп се менуваше низ годините
Meланија Трамп, родена Меланија Кнавс на 26 април 1970 година во Словенија, повторно е прва дама на САД.
Меланија пораснала во индустрискиот град Севница во тогашна Југославија и уште од млада возраст покажала интерес за уметноста и модата. Нејзиниот татко Виктор работел како продавач на автомобили, додека нејзината мајка Амалија работела во модната индустрија, изработувајќи детска облека.
Ова имаше пресудно влијание врз Меланија, која почна да се занимава со манекенство во тинејџерските години.
„Отсекогаш се восхитував на способноста на мајка ми да создава прекрасни фустани од обични парчиња ткаенина. Ме инспирираше да сакам и самата да бидам дел од модниот свет”, се присети таа еднаш во интервју за „Вог“.
Таа започна да се занимава со манекенство во Љубљана откако во 1992 година ја освои титулата прва придружничка на Мис Словенија.
Меланија студирала дизајн и архитектура на Универзитетот во Љубљана, но го напуштила колеџот за да се занимава со манекенство. До средината на 1990-тите, нејзината кариера доби меѓународни размери и се пресели во Милано и Париз, каде што работеше со големи модни куќи.
Во 1996 година, Меланија се пресели во Њујорк, што означи пресвртница во нејзиниот живот. Работејќи во САД, таа имаше можност да работи со престижни модни списанија, вклучувајќи ги „Вог“ и „Венити фер“. Но, клучниот момент се случи во 1998 година, кога таа го запозна Доналд Трамп, тогаш етаблиран деловен магнат и медиумска личност.
Доналд и Меланија се верија во 2004 година, а се венчаа во јануари 2005 година на церемонија во Палм Бич, Флорида.
По повод инаугурацијата на Доналд Трамп, „Индекс“ потсетува како Меланија се менуваше низ годините.
1987 година
2005 година
2007 година
2011 година
2015 година
2016 година
2017 година
2018 година
2019 година
2020 година
2021 година
2022 година
2023 година
2024 година
Забава
(Видео) Стилистот на Меланија Трамп: Модните дизајнери не сакаат да работат со неа, не им се допаѓа
Меланија Трамп за неколку часа и официјално ќе стане прва дама на САД вторпат. И додека многумина се прашуваат каква модна комбинација ќе носи на инаугурацијата, се чини дека повеќето дизајнери не се заинтересирани за соработка со Меланија.
Имено, нејзиниот стилист Ерве Пјер вели дека многу од најпознатите дизајнери не ја сакаат многу идната прва дама.
„Модната индустрија навистина не ја сака г-ѓа Трамп. Тоа не е тајна. Некои се многу отворени и би можеле да направат нешто посебно, но повеќето не се“, коментира Пјер за Women’s Wear Daily.
Тој тврди дека неодамна доживеал прилично непријатна ситуација во дизајнерски бутик на авенијата Медисон. Имено, тој рече дека јасно му ставиле до знаење дека не е добредојден во таа продавница за што Пјер вели дека не е изолиран случај.
Многумина сè уште се сеќаваат на нејзината облека од првата инаугурација на Трамп. Во тоа време таа носеше светлосин фустан на Ралф Лорен со соодветни ракавици. Таа беше впечатлива и на денот на претседателските избори кога носеше две комбинации на Диор – дојде да гласа во црно-бел фустан со точки, а за време на победничкиот говор носеше сив костим на Диор.
По изборната победа на Трамп, голем број луѓе почнаа да го фалат нејзиниот моден израз на социјалните мрежи. „Барем ја добивме оваа дива во следните четири години“, „Таа е икона“, „Дивата од Балканот“, „Таа е единствената причина што сум донекаде во ред со оваа катастрофа“, „Таа е единствената добра работа што излезе од овие ситуации“, „Јас не сум обожавател на Трамп, но живеам за нејзините комбинации“, „Среќен сум што се врати“, напишаа на „Тик ток“.
Забава
Иванка Трамп пристигна на вечерата пред инаугурацијата на татко ѝ во фустан украсен со кристали
Иванка Трамп присуствуваше на вечерта во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, одржана ден пред инаугурацијата на својот татко, Доналд Трамп.
43-годишната Иванка била на вечера со Илон Маск и Џеф Безос. „Дејли мејл“ пишува дека во еден момент ја прегрнала свршеницата на Безос, Лорен Санчез. Иванка за оваа пригода носеше долг фустан од Оскар дела Рента, украсен со многубројни кристали и бисери во облик на цвеќе.
На вечерата бил и братот на Иванка, Доналд Трамп Помладиот, кој дошол со својата девојка Бетина Андерсон. Присутна беше и неговата поранешна свршеница Кимберли Гилфојл. Вечерата не ја пропушти ниту новоизбраниот потпретседател Џеј ди Венс, кој беше придружуван од сопругата.