Забава
Канје Вест објави 18+ фотографија од Бјанка Ценсори

Канје Вест ги изненади своите следбеници споделувајќи гола фотографија од неговата сопруга Бјанка Ценсори за да го промовира нивниот претстоен филм.
Тој на Инстаграм објави фотографија од Бјанка како лежи гола на подот, откако последните недели се појавија гласини за нивното раскинување.
Среде гласините за развод, Вест ја пофали Бјанка, истакнувајќи дека е многу горд на својата сопруга за нејзиниот претстоен филм, чиј продуцент е тој. „Толку сум горд на мојата сопруга што глуми во нејзиниот прв филм снимен во Јапонија, во режија на Ванеса Бикрофт и продуциран од мене“, напиша тој покрај фотографијата, која предизвика бурни реакции, а многумина напишаа дека повторно ја преминал границата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Која позната дама доминираше на САГ наградите

Некои од најголемите холивудски ѕвезди се собраа синоќа на доделувањето на филмските награди САГ во Лос Анџелес. Актерите се прошетаа на црвениот тепих во гламурозни креации на познати дизајнери, а вечерта ја одбележаа и добитниците на престижни награди.
Деми Мур ја доби наградата за најдобра главна женска улога, додека Зои Салдања ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
На црвениот тепих блеснаа и бројни познати дами, меѓу кои Аријана Гранде, Мајли Медисон и Селена Гомез.
Особено внимание привлече Памела Андерсон, која уште еднаш остана доследна на својот природен изглед и се појави без шминка во елегантен бел фустан. На церемонијата се појавија и ѕвездите од хит серијата Бриџертон.
Забава
(Видео) Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните

Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер загризал чипс, што целосно ја збуни неговата колешка од „Shrinking“, Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.
„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.
Но, додека таа зборуваше пред камерата, Форд седеше зад неа и јадеше чипс, што и го одвлече вниманието. Таа збунето застана, се насмеа и извика: „Му реков да се сврти!“ Форд потоа се сврте кон масата и продолжи да јаде. „Не гледај!“, викна Вилијамс низ смеа.
Забава
Доделени наградите САГ: на најдобриот филм му предвидуваат и освојување на Оскарот

Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите во неделата, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар.
Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in the Building“ освоија награди за најдобра драма и најдобра хумористична серија.
„Shōgun“ доминираше во ТВ категориите со вкупно четири награди, вклучително и награди за водечки актери. Хиројуки Санада и Ана Саваи ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија.
Интересно е што ниту еден филм не освоил повеќе од една награда. Победата на „Conclave“ доаѓа во време на непредвидлива сезона на награди, во која контроверзите ги исфрлија од игра поранешните фаворити како „Emilie Pérez“. Филмот „Anora“, кој ја загуби главната награда од „Conclave“, сепак освои награди за режија и продукција, позиционирајќи се меѓу главните фаворити за Оскарите.
Но, имајќи предвид дека „Conclave“ сега ги освои и наградите САГ и БАФТА, се зголемуваат шансите овој филм за изборот на папата да триумфира на Оскарите.
Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance) ги добија наградите за најдобар актер и актерка.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин (A Real Pain), додека Зои Салдања (Emilia Pérez) ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.