Контакт

Забава

Канје Вест ќе ѝ плаќа на Ким 200.000 долари месечно како алиментација

Објавено пред

На Канје Вест му е наложено да ѝ плаќа на Ким Кардашијан 200.000 долари месечно како издршка за децата по завршувањето на бракоразводната постапка.

dobivaj vesti na viber

Раперот и реалити-ѕвездата ќе го делат старателството над нивните четири деца.

Ким поднесе барање за развод во 2021 година, по осум години брак со Канје, кој го промени своето име во Је.

Во меѓувреме неколку компании ги прекинаа врските со Је поради бројни контроверзи, вклучително и антисемитски коментари.

Во март, Ким го смени брачниот статус и го исфрли Вест од своето презиме.

Прашањата околу поделбата на имотот и старателството над нивните деца се решени во судските документи поднесени во вторникот. Двете страни треба да се консултираат меѓусебно за важни одлуки за благосостојбата на нивните деца, се наведува во документите.

Поранешните сопружници ќе ги делат трошоците за безбедноста на децата, училиште и факултет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици на зодијакот

Објавено пред

Здравјето е важно за секого, но има хороскопски знаци кои го сфаќаат малку посериозно отколку што е потребно. За нив и најмала промена на телото е причина за темелно пребарување на интернет и итно посета на лекар. Тие знаат сè за симптомите кои дури и лекарите не можат да ги препознаат и се опседнати со одржување на совршено здравје, дури и кога ништо не е во ред со нив.

dobivaj vesti na viber

Девица
Девицата е вистинскиот хипохондрик на зодијакот. Таа е перфекционист во сè, вклучувајќи го и здравјето. Девицата не може да поднесе неизвесност кога е во прашање сопственото тело. Ако почувствува и најмал убод, веќе е на телефон и закажува состанок. Девицата ги знае сите медицински термини, има организирано досие со нивните медицински наоди, а често има и мини аптека дома.

Овој знак сака да има контрола над се, а здравјето е област каде што не поднесува непредвидливост. Нивните умови неуморно го анализираат секој симптом, често создавајќи проблем таму каде што го нема. Ако познавате Девица, знајте дека тие ќе се смират со конкретни информации. Наместо „Сигурен сум дека се е во ред“, кажете: „Проверив и ништо не укажува на сериозен проблем“.

Рак
Раковите се многу емотивни и поврзани со своето семејство, па нивната хипохондрија често доаѓа од страв за сопствената безбедност и безбедноста на нивните најблиски. Ракот не бара само симптоми во себе, туку и кај членовите на семејството, бидејќи е незамисливо да пропуштат нешто. Нивната грижа за здравјето оди рака под рака со нивната потреба да ги заштитат сите околу нив.

Чувствителната природа и склоноста на Ракот да се грижи ги прави склони кон претерување кога станува збор за здравјето. Не им е доволно да слушнат дека се е во ред, им треба доказ. Ако Ракот е во паника поради неговото здравје, пружете му емотивна поддршка и бидете подготвени за долги разговори за се што го мачи.

Риби
Рибите се знакот со најбогата имагинација, што ги прави исклучително склони кон хипохондрија. Една главоболка за Рибите е потенцијален знак за сериозен проблем. Нивната интуиција постојано им шепоти дека нешто не е во ред, а честопати и лекарскиот преглед не им е доволен.

Нивната чувствителност и склоност да ги замислуваат најлошите можни сценарија често ги вовлекува во вител од непотребни грижи. Рибите едноставно не можат да ја игнорира ниту најмалата промена во нивното тело. Уверете ги Рибите нежно и смирено, со емпатија. Не обидувајте се да ги убедите со сурови факти, бидејќи тоа може да им го зголеми стресот.

Близнаци
Близнаците не се типични хипохондрици во смисла на паника, но нивниот немирен ум ги тера да анализираат се што ќе прочитаат за здравјето и веднаш да го поврзат со сопствените симптоми. Тие се истражувачи на Зодијакот и секогаш се во тек со најновите медицински откритија. Проблем? Нивната склоност да бараат информации лесно може да ги убеди дека го имаат сето тоа.

Нивната потреба за информации ги тера да станат опседнати со здравјето. Наместо да се смират по читањето, тие често заклучуваат дека треба да истражуваат уште подлабоко и на тој начин влегуваат во бескраен циклус на грижи. Помогнете му на Близнаците да филтрираат информации и избегнувајте несигурни извори. Ќе се смират ако им докажете дека нема причина за грижа.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Објавено пред

Меланија Трамп повторно стана прва дама на САД. По инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, ретко видео на кое Меланија зборува словенечки стана вирално на „Тик ток“.

dobivaj vesti na viber

Водителот ја праша дали мисли дека за успехот е потребна среќа, на што Меланија одговорила: „Мислам дека е така, среќата е да се биде на вистинското место во вистинско време“.

Во коментарите беше откриено дека ова интервју е од 2000 година, а објавено е во словенечки документарец во 2022 година.

Под видеото се појавија мноштво коментари, особено од луѓе од Балканот.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер

Објавено пред

Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател.

dobivaj vesti na viber

Џеф Безос се трансформира од тивок „гик“ во набилдан ќелав човек, а Марк Цукерберг денес изгледа како секој момент дека ќе почне да рапува. Дали се работи за криза на средните години или е само нов тренд кај богатите.

Но, тешко е да не се забележат физичките промени кај Безос, Маск и Цукерберг во текот на годините…

Џеф Безос

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ја почна својата кариера во финансии пред да отвори онлајн-книжарница од гаража во 1994 година. „Амазон“ денес е глобален гигант во е-трговија, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2021 година фокусирајќи се на вселенскиот сектор со „Блу ориџин“. Во меѓувреме, неговиот приватен живот стана тема на таблоидите.

По 25 години брак, Безос се разведе од Мекензи Скот во 2019 година, што резултира со еден од најскапите разводи во историјата. Набргу почна врска со Лорен Санчез, поранешна новинарка, со која ја споделува љубовта кон патувањата, луксузните јахти и вселенските амбиции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Тема на дискусија стана и неговиот физички изглед – од слаб инженер се трансформира во мускулест џетсетер. Тој често е виден на гламурозни забави и авантуристички патувања далеку од имиџот на поранешниот деловен визионер.

Марк Цукерберг

Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ (сега „Мета“), направи револуција во начинот на кој комуницираме. Тој го основа „Фејсбук“ во 2004 година од студентска соба на „Харвард“, а денес „Мета“ води проекти што се движат од виртуелна реалност до вештачка интелигенција. Во слободното време Цукерберг се посвети на џиу-џицу и нуркање со харпун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Цукерберг 11 години е во брак со Присила Чан, со која има три ќерки. Нивниот живот, иако поприватен од тие на Маск и Безос, често се претставува како балансиран и фокусиран на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Двојката е коосновач на Фондацијата „Чан – Цукерберг“, која финансира проекти во здравството и образованието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Сепак, трансформацијата на Марк во спортски тип привлече внимание – од освојување медали на натпревари во џиу-џицу до споделување фотографии од нуркање и тренинзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Илон Маск

Илон Маск стои зад „Тесла“ и „Спејс икс“. Тој е познат по своите амбициозни планови за електрични возила, обновливи извори на енергија и колонизација на Марс. Неодамна стана сопственик на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“) и е близок соработник на Доналд Трамп.

Личниот живот на Маск е често хаотичен и исто толку драматичен како и неговите деловни одлуки. Тој има 11 деца од три жени, меѓу кои и пејачката Грајмс и поранешната сопруга Џастин Маск. Маск исто така ги користи своите објави на „Твитер/Икс“ за јавно да разговара за сè, од политика до лични расправии, со што приватниот живот му е неразделен од неговиот деловен бренд.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 часа

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет13 часа

Туск повика на вооружување на Европа: „Времето на удобност заврши“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „времето на удобност е завршено“ за Европската унија и повика на значително повисоки распределби...

Македонија16 часа

Тошковски: Неоспорно е дека полицаецот не погледнува во мониторот и му дозволува на Груби да излезе, се води постапка дали има други вмешани

Бегалецот Артан Груби, поранешен министер и вицепремиер, сè уште не е достапен за македонската полиција. Министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија17 часа

СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР...

Македонија20 часа

„’Влен’ не се залага за внуци“: Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството

„Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за...

Македонија20 часа

Покрај унифицирани регистарски таблички, потребни се и санкции за оние што ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП), во август минатата година предложи сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани со иста боја,...

Македонија21 час

Кичево загадено два дена по ред: се забранува горење на отворено, порепорака за ослободување од работа на ризичните групи

Воведени се мерки во Кичево поради загадувањето на воздухот, откако во изминатите два дена беше надминат прагот на алармирање на суспендирани...

Македонија21 час

Финансиската полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител...

Македонија23 часа

„Срамен чин на манипулација со државни пари, Обвинителството да реагира“, бара ДУИ

„Во чин без преседан на манипулација и измама, претставниците на коалиција Вреди повторно покажаа дека суштината на целата коалиција е...

Европа23 часа

(Видео) Зеленски ги критикува европските лидери: „Дали Трамп воопшто ќе ве забележи?“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Доналд Трамп ќе ги игнорира доколку континентот не се грижи повеќе...

Свет23 часа

На поздравот на Маск реагира германскиот канцелар, Маск одговори: Срам да ти е, Оаф Шиц

Бројни јавни личности ширум Европа изразија гнев поради гестот на Илон Маск, кој потсетуваше на нацистички поздрав. Додека некои го...

Свет23 часа

Трамп: Ќе воведам царини за ЕУ ​​и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската унија. Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат...

Свет1 ден

Гувернерот на Флорида во официјален документ Мексиканскиот Залив го нарече Американски Залив

Според иницијативата на новиот претседател Доналд Трамп, гувернерот на американската сојузна држава Флорида го нарече Мексиканскиот Залив „Американскиот Залив“ во...

Македонија2 дена

Веднаш по враќањето од Вашингтон, Мицкоски ќе преговара за зголемување на платите на административците што протестираа, вели Трендафилов

Владата ја прифати подадената рака од Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), кој побара...

Економија2 дена

И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар, за преживување на четворица потребни се 62.861 денар

Вредноста на минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за јануари изнесува 63.252 денара или...

Македонија2 дена

Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор...

Македонија2 дена

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173,...

Топ2 дена

Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште

Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во...

Македонија2 дена

Пациентите на Онкологија останаа без биолошката терапија, СДСМ повика итно да бидат преземени мерки

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошката терапија. По тој повод се огласи опозицискиот СДСМ, од каде...

Свет2 дена

Трамп нареди да им се одземе државјанството на децата на илегалните имигранти; активистите го тужеа

Застапниците за правата на имигрантите и застапниците на граѓанските права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа тужба со...