Забава
Кан 2022: „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Остлунд освои „Златна палма“
Остра општествена сатира за класниот конфликт, со веќе неславна сцена со повраќање и дијареја, ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал.
„Триаголник на тагата“ му донесе место на Швеѓанецот Рубен Остлунд во елитната група режисери со две „Златни палми“ по освојувањето на првата во 2017 година со „Сквер“ (The Square).

Познат во уметничкиот свет по своето инсистирање на реалниот живот и автентичноста, Остлунд во своите филмови користи скалпел за буржоаската финоќа, а овој пат погледот го сврте кон манекенките и ултрабогаташите, чиј статус одеднаш е поткопан кога нивниот брод крузер се соочува со катастрофа.
Проширената секвенца на повраќање и насилна дијареја на бродот бргу стана тема на фестивалот по неговата премиера минатата недела оставајќи ги гледачите или да завиваат од смеа или да позеленат.
Прифаќајќи ја наградата, Остлунд рече дека сакал публиката да се забавува, но и да си поставувааат прашања, да излезат по проекцијата и да имаат за што да разговараат.
Наградата за најдобар режисер ја освои Парк Чан-вук од Јужна Кореја. Парк – познат по трилерот „Олдбој“ од 2003 година – победи со еротската крими-драма Decision to Leave („Одлука за заминување“).

Ова беше силна ноќ за Јужна Кореја – наградата за најдобар актер заврши во рацете на Сонг Канг-хо за „Брокер“. Сонг го привлече меѓународното внимание со изведбата во „Паразит“ награден со „Оскар“ во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) „Едноставниот“ живот на сопругата на милијардер: Светки, чипка и луксуз додека тој ја држи за рака
Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, сподели серија фотографии на кои позира во тесен црн фустан, заедно со својот сопруг Мајкл Булос.
Тифани и нејзиниот сопруг милијардер неодамна станаа родители, па затоа најголемиот дел од вниманието е насочено кон нивниот син Александар, што го прави ова излегување за новопечените родители вистинска реткост.
Убавата русокоса за пригодата избра тесен црн фустан украсен со чипка, а сè надополни со сребрени платформи и накит. Нејзиниот сопруг не заостануваше многу зад неа, позирајќи во елегантен црн костум.
Тифани, исто така, покажа во серија од неколку фотографии од забавата како изгледа животот на милијардер, на што многумина сигурно ѝ завидуваат.
Од почетокот на нивната врска во 2018 година, тие станаа интересни за јавноста, најмногу поради фактот што се запознале на Миконос и што Булос решил да се пресели во Америка поради неа, откако пораснал во Нигерија.
Патем, Мајкл Булос е наследник на нигериската „Булос Ентерпрајзис“, чија вредност е неколку милијарди долари. Тој е четири години помлад од Тифани, а ѝ предложи брак со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
Забава
(Фото) Можете да ја сакате или да ја мразите, но никој не е имун на нејзината совршена фигура
Актерката Ева Лонгорија, најпозната на домашната публика по улогата на Габи Солис во серијата „Очајни домаќинки“, не престанува да воодушевува со својот изглед и челична волја, дури и за време на празниците.
Неодамна зборуваше за мајчинството, како и за тоа како се соочила со сите предизвици откако добила син во 40-тите години, а нејзините изјави привлекоа големо внимание.
Познато е дека во текот на зимата сите се опуштаме, јадеме повеќе и тренираме помалку, но не и Ева. Популарната џебна Венера објави неколку селфиња од својот тренинг и во таа прилика ги покажа своите извајани стомачни мускули, но и лицето без шминка.
„Се надевам дека сите имавте одлична новогодишна ноќ. Одиме силно од првиот понеделник“, напиша таа во описот.
Покрај тренингот, Ева покажа и како го поминува времето со својот син, но ужива и во вино и добра храна. Поради таков тренинг, таа заслужи малку да се опушти.
Познатата актерка е секогаш во вестите поради својот добар изглед, без разлика дали се појавува на црвениот тепих или објавува нешто слично од теретана или некое друго лежерно излегување со семејството и пријателите.
Забава
Трансродната ќерка на Илон Маск (21) е новото лице на брендот на Ријана
Ријана повторно ги поместува границите, а за најновата кампања за нејзиниот бренд за долна облека Savage x Fenty, таа ја ангажираше Вивијан Вилсон, 21-годишната трансродова ќерка на Илон Маск, за нејзината најнова кампања за Денот на вљубените. Вивијан, која нема блиска врска со својот татко, е ѕвездата на новата колекција наречена Love So Savage: A Modern Ode to Aphrodite.
На една од фотографиите од кампањата, Вилсон позира со Лови Симон и Ема Арлета пред мермерни статуи. Таа носи градник со розов дезен и мини здолниште од чипка во иста боја, а додатоците се светло црвени хулахопки, златни обетки и темноцрвен кармин. Други познати личности во кампањата се ѕвездите на „Love Island“, Серена Пејџ и Кордел Бекам, како и инфлуенсерите Хејли и Жулс Лебланк.
Ријана, која го лансираше Savage x Fenty во 2018 година, ја објасни визијата зад колекцијата. „Денот на вљубените е време да се слави љубовта во сите нејзини форми“, изјави пејачката за WWD. „Во Savage x Fenty, сè е во прифаќањето на љубовта на секој начин и создавање производи што ги прават луѓето да се чувствуваат самоуверено додека го прават тоа.“
Ова е само најновиот во низата успеси за младата Вивијан, чија кариера како модел вртоглаво расте. Минатиот март, таа се појави на насловната страница на Teen Vogue, а само два месеци подоцна, го имаше своето професионално деби со Wildfang. Истиот месец, таа позираше и за брендот за долна облека Tomboyx.
„Бев преплашена“, призна Вилсон во интервју за Vanity Fair, зборувајќи за снимањето. „Пред тоа, бев некој што, никогаш не покажуваше кожа. Дури и во секојдневниот живот, како, кога одев на плажа со моите пријатели, не носев костим за капење.“
Таа додаде дека и покрај нејзиниот страв, сакала да го направи снимањето за да ја зголеми својата самодоверба.
„Се чувствувам самоуверена во своето тело, но сакав да си ја докажам таа самодоверба, ако тоа има смисла.“
Таа го имаше своето деби на писта минатиот септември на модната недела во Њујорк, каде што прошета на пролетната ревија CHRISHABANA 2026.
Вивијан е најстарата ќерка на Илон Маск и неговата поранешна сопруга Џастин. На 16-годишна возраст, таа се изјасни како трансродова, а две години подоцна поднесе официјално барање Маск да биде отстранет од нејзиното презиме, потврдувајќи ја нејзината затегната врска со нејзиниот татко.
Таа кратко зборуваше за технолошкиот могул за Teen Vogue. „Не ми е гајле за него. Навистина не ми е. Досадно е што луѓето ме поврзуваат со него. Едноставно немам простор повеќе да ми е гајле“.
Фото: SAVAGE X FENTY

