Забава
Кара Делевињ: Мажите не знаат да ракуваат со жените, особено сексуално
Кара Делевињ смета дека на мажите им недостигаат вистински алатки за да ги задоволат жените.
Супермоделот (30) го тврди ова во својот нов документарец Planet Sex with Cara Delevingne, во кој таа патува низ светот за да ги истражува полот, сексуалноста и фантазиите во спалната соба.
Во првата епизода од документарниот филм, кој почна да се емитува на Би-би-си на 1 декември, супермоделот го потенцира половиот јаз кога станува збор за оргазмот, цитирајќи научници кои тврдат дека 95 отсто од хетеросексуалните мажи доживуваат оргазам за време на сексуален однос. Процентот кај хетеро жените е едвај 65 отсто.
Таа во документарецот ги истражува женските оргазми и недостатокот од нив за време на хетеросексуален однос. „Чувствувам дека мажите, генерално, не се опремени со соодветни алатки за да можат да се справат со жените, особено сексуално.“
„Не сакам да навлегувам во уметноста на женскиот оргазам, но тоа е многу покомплицирано и многу позабавно.“
„Сфаќам, многу е покомплицирано за една жена да мора да ти каже: ‘Не го правиш тоа како што треба, треба да седнеш и да слушаш што зборувам’. Да, тоа е убиец на егото со кој повеќето мажи не можат да се справат“, вели манекенката.

Кара – која се идентификува како квир и родово флуидна – учествуваше во испитување во Германија со соло сексуален акт додека примерок од нејзината крв се зема за научен експеримент што ги мери нивоата на ендоканабиноиди во нејзиното тело пред и по оргазам.

Кара им вели на гледачите: „Тука сум да доживеам оргазам и да го донирам за науката.“
„Мислам дека женската сексуална желба дефинитивно е потисната. Од мојот сопствен љубовен живот знам колку жените можат да бидат сексуални, па мислите дека во 21 век мажите и жените треба да имаат подеднакво задоволувачки сексуален живот, нели? Подгответе се за шок. Кога станува збор за оргазмот, постои дефинитивен полов јаз.“
„Научниците велат дека 95 отсто од хетеросексуалните мажи доживуваат оргазам за време на сексуалниот однос, но само 65 отсто од хетеро жените. Ова е очигледен јаз меѓу половите.“
„Се чини дека тоа дефинитивно им е подобро на лезбијките и на квир жените“, вели Кара во документарецот.
Квир (queer) е збор што ги опишува сексуалните и родовите идентитети освен хетерогени и цисродни. Лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродовите луѓе се поистоветуваат со зборот квир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Марго Роби има две комбинации што секоја жена би ги носела: дело се на Викторија Бекам
Актерката Марго Роби, заедно со нејзиниот колега Џејкоб Елорди, започна со промоција на филмот „Wuthering Heights“. Фаталната русокоса ја игра Кетрин Ерншо во гореспоменатиот филм и не е тајна дека нејзиниот изглед во овој филм веќе освои многу срца.
За да ја одржи оваа сензација во реалниот живот, Марго Роби мораше напорно да работи. Веќе ја видовме во луксузен фустан од Schiaparelli кој ве тера да воздивнувате, но ѕвездата на стајлингот сепак беше дијамантскиот ѓердан „Таџ Махал“, кој ѝ припаѓаше на Елизабет Тејлор.
Сега таа пронајде начин повторно да ја воодушеви јавноста и да го подигне својот изглед на следно ниво. Таа одлучи да носи интересни креации од познатата дизајнерка Викторија Бекам. Самата Викторија ги објави фотографиите од Марго Роби на својот официјален профил на Инстаграм и откри дека носи креации од нејзината најнова колекција за сезоната 2026.
Актерката избра мини-фустан со рамен крој и интересни детали од пердуви, а истиот мотив е забележлив и во друга комбинација – станува збор за комплектен дел во црна боја кој е украсен со широки панталони и маица со црни пердуви.
Обожавателите беа воодушевени од овој дизајн, и оставија бројни комплименти во коментарите.
Забава
(Видео) Раскопчана бунда и ништо под неа: само познатата Германка може да го направи тоа
Познатата германска манекенка Хајди Клум ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи секој ден. Откако уживаше во релаксирачка масажа, таа сега објави соработка со диџејот Дипло и покажа како изгледа во видеото за нова песна што ќе ја придружува сезоната на „Germany’s Next Topmodel“.
Стана вообичаено градите на познатата Германка да бидат целосно откриени, а не ѝ се непознати и некои многу поголи изданија.
Во најновото видео, Хајди позира на средина од железничките пруги во луксузен крзнен капут, додека под него имаше само чипкана долна облека во комбинација со чизми до колена.
Ништо што доаѓа од Хајди Клум веќе не е изненадување, бидејќи оваа жена откри сè на социјалните мрежи и се чини дека нема намера да застане.
Како што наведе во описот на својата објава, новата песна ќе биде достапна на 13 февруари, а веќе нема сомнение дека видеото ќе биде едно од најинтересните поради ова голо издание на познатата манекенка.
Забава
Ништо не може да им избега, но тие мудро молчат: 3-те најпромислени хороскопски знаци
Постојат хороскопски знаци чиј поглед продира подлабоко од површината. Тие не се гласни, не прекинуваат и не реагираат бурно, но веќе составуваат мозаик од сè што се случува внатре.
Таквите луѓе забележуваат изрази на лицето, промени во тонот на гласот, нијанси во однесувањето. Тие се тивки набљудувачи кои ретко коментираат, но речиси никогаш не прават грешки во своите проценки.
Тие често се потценети во општеството токму затоа што на почетокот не ги споделуваат своите заклучоци. Меѓутоа, кога ќе одлучат да кажат нешто – сите застануваат. Кои се овие хороскопски знаци?
Девица
Девиците се познати по нивната остра перцепција на деталите. Тие забележуваат мали нешта што другите ги пропуштаат – неповрзани реченици, мали промени во рутината, неискажани мисли меѓу редовите. Сепак, тие ретко ќе реагираат веднаш.
Наместо тоа, тие анализираат, набљудуваат и само кога се целосно сигурни – коментираат. Нивните зборови имаат тежина токму затоа што не се импулсивни, туку добро осмислени.
Шкорпија
Шкорпиите имаат речиси интуитивна способност да ја почувствуваат вистината под површината. Нивната тишина често не е знак на незаинтересираност, туку на стратешка тишина. Додека другите зборуваат, тие набљудуваат, апсорбирајќи информации и запишувајќи го она што е некажано. Нивната моќ не лежи во нивните гласни изјави, туку во нивната способност да го чуваат знаењето за себе – сè додека не стане неопходно.
Водолија
Водолијата може да изгледа расеана, понекогаш ладна, но нивниот ум никогаш не стои во место. Тие секогаш ја скенираат ситуацијата, бараат шеми, ја набљудуваат динамиката меѓу луѓето. Иако ретко покажуваат емоции или се вклучуваат во лична драма, ништо не им бега.
Нивната тишина не е празнина – тоа е простор во кој тие забележуваат сè, но селективно одлучуваат што е вредно да се спомене.

