Забава
Кајли Џенер на својата принцеза ѝ подари скап автомобил
Кланот Кардашјан – Џенер сака да се пофали со вредни подароци што ги добиваат или даруваат за родендени и празници. Пред три години пејачот Канје Вест(41) ѝ подари на сопругата Ким Кардашјан (38) дури 150 подароци, а таа нему му изнајми спортска арена за да помине еден ден со своите пријатели таму. Изнајмувањето чинеше 110 000 долари.
Слична е и приказната со реперот Тревис Скот (26), кој на Кајли Џенер (21) ѝ купи црн LaFerrari, чија цена е 1,4 милиони евра. Тревис и Кајли заедно ја имаат десетмесечната Сторми, а колку е младата мајка преокупирана со својата ќерка зборува фактот што за овој Божик ѝ купи помала верзија на својот автомобил.

„Каква мајка, таква ќерка”, напиша Кајли. На сликата има дури два автомобили – црвениот „ферари„ и црниот „ламборџини“ прекриен со логото на познатиот француски бренд Луи Витон. Двата автомобила се движат со далечински управувач управуван од родителите. Цената на еден автомобил е околу 350 евра, додека репликата на автомобилот на Кајли чини нешто помалку од 350 евра.
Нејзината сестра Клои Кардашијан (34) на социјалните мрежи се пофали со детските патики „најки“, кои кошаркарот Тристан Томпсон (27) ги купи за нивната ќерка Тру.

На традиционалната божикна прослава минатата ноќ, организирана од семејството Кардашјан – Џенер, Кајли и Клои ги облекоа своите принцези во иста комбинација на облека каква што носеа тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

