Забава
Кевин Спејси ќе се брани од слобода

Американскиот актер Кевин Спејси е пуштен од притвор со безусловна кауција откако се појави пред судот во Лондон по четири обвиненија за сексуален напад над тројца машки лица.
62-годишникот се соочува и со петто обвинение за поттикнување маж да се впушти во пенетративна сексуална активност без согласност.
Од него не беше побарано да се изјасни за наводните кривични дела што се случиле во периодот од 2005 до 2013 година.
Следното појавување на Спејси ќе биде во судот во Саутварк на 14 јули, на рочиште за изјаснување вина и подготовка за судски процес.
Пред кусото прелиминарно рочиште, што беше закажано за четврток во 10:00, холивудскиот актер беше придружуван од неговиот правен тим и двајца полицајци низ маса фотографи и камери кон влезот на судот.
Спејси, облечен во бледосин костум и темна вратоврска, седна на обвинителна клупа. Неговиот случај беше сослушан од заменик-главен судија Танвир Икрам.
Патрик Гибс, адвокатот на Спејси, изјави: „Господинот Спејси остро негира каков било криминал во овој случај“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој.
Сè се случило за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде што Џон Малкович го играше шармантниот Валмон, а Мишел Фајфер ја играше Мадам де Турвел. Хемијата меѓу нив беше забележителна, но никој не можеше да верува дека нивните емоции се вистински.
Малкович во тоа време беше во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер беше во брак и со актерот Питер Хортон. Славниот актер сега, по толку години, призна во подкастот „Fashion Neurosis“ дека аферата го чинела скапо.
„Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. Во овој бизнис, брзо формирате емоционални врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одличен колега“, рече актерот, според Дејли Меил.
„Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од само пријателство, тешко е некогаш да се врати.“
Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога филмот беше објавен, во 1988 година. Денес, Џон живее со италијанската продуцентка Николета Пејран, со која има две деца.
По разводот од Хортон, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели во 1990 година, со кого има две деца.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тотална доминација на српската манекенка: „Не ми е добро колку си убава“

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ сè уште ужива во својот одмор, од каде што дојдоа и најновите фотографии кои кренаа прашина на социјалните мрежи.
Вистина е дека Софија е една од најубавите Србинки и секогаш се обидува да ги оправда сите епитети. Нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема, а со снимките од јахтата веќе излуди многумина и токму кога помисливме дека не може да биде подобро… демантира!
„Зелената е мојата омилена боја“, напиша Софија во описот на објавата.
Згодната манекенка позираше во зелено бикини кое уште еднаш совршено ги истакна сите нејзини облини, а коментарите под објавата се нижеа.
Таа позираше и и црно-бел костим за капење, во кој изгледаше можеби уште подобро, ако тоа е воопшто можно.
„Одлично“, „Каква убавица“, „Ти си авион“, „Сакам да имам жена како тебе“, „Не ми е добро колку си убава“, „Совршена си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Блејк Лајвли повторно во центарот на вниманието – не поради драмата со Балдони, туку поради совршената модна комбинација

Актерката Блејк Лајвли веќе некое време привлекува внимание на јавноста. Благодарение на нејзината драма со нејзиниот колега Џастин Балдони, светот коментира за секој нејзин потег – и позитивен и негативен.
Дури и американската новинарка Мегин Кели се вклучи, нарекувајќи ја Лајвли „нарцисоидна насилничка, лажлива и детиште“.
Сепак, се чини дека овие зборови воопшто не ја мачат 38-годишната актерка, бидејќи таа продолжува гордо и со насмевка да ги извршува своите должности како јавна личност.
Неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што присуствуваше на настан во американскиот колеџ „Fashion Institute of Technology“.
За таа пригода, таа одлучи да облече деловен аутфит кој го најавува доаѓањето на есенските трендови. Блејк носеше кафеаво одело – сако и миди здолниште, кое го комбинираше со проѕирна маица и интересни додатоци.
Својот стил го комплетираше со високи потпетици, брановидна коса и шминка во природни бои – најголемиот тренд за убавина.
фото: принтскрин