Забава
Кевин Фиџ го најавува првиот трансродов суперхерој на Марвел
Кевин Фиџ потврди дека првиот трансродов суперхерој на „Марвел студиос“- фабрика за суперхерои во сопственост на Дизни – ќе се појави многу брзо.
Директорот на филмското студио Марвел откри планови за воведување геј-ликови во Marvel Cinematic Universe – и додаде дека претстојниот проект ќе ја претставува транс-заедницата.
Говорејќи на настан на Филмската академија во Њујорк, Фиџ рече „трансродов суперхерој наскоро ќе се појави во филм кој моментално го снимаме“.
Фановите шпекулираат дека првиот трансродов лик ќе дебитира во следниот филм ‘Thor: Love and Thunder’ (Тор: Љубов и гром) што треба да излезе во 2021 година.
Тие веруваат дека Sere – кој потекнува од група машки ангели, но во уневерзумот на „Тор“ добил женски идентитет – е единствениот постоечки лик што би одговарал за таква улога.


Почнаа да кружат шпекулации дека филмското студио бара трансродова жена, имајќи предвид дека кастингот наводно се однесувал само за „трансродова актерка“.
Новитетот доаѓа откако Дизни доби критики за недоволна застапеност на ЛГБТ-заедницата откако најавената истополова врска во последното продолжение на „Војна на ѕвездите“ се покажа дека е само брз бакнеж меѓу две жени – од кои едната никогаш не беше претставена – во позадината на една сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Секогаш женствена и секси, но поради погрешниот детаљ „горат“ мрежите
Познатата Софија Вергара често е мета на папараците, особено кога посетува престижни ресторани во Лос Анџелес, обично во друштво на своите пријатели и семејство.
Нејзиниот стил е секогаш мета на коментари и под будното око на корисниците на социјалните мрежи, а сведоци сме дека таа избира широк спектар на комбинации на облека за вечерни излегувања во ресторани. Секогаш е женствена, обично во форма на фустани или парчиња со длабоко деколте, но овој пат се одлучи за малку полежерна верзија.
Таа беше фотографирана на вечера со Ева Логорија и Рики Мартин, во плетено светло здолниште и темен асиметричен топ со голи рамена, кој совршено се вклопуваше со долниот дел, но сепак не беше најдобриот избор.
Софија избра светол градник кој се гледаше под тенката маица, и колку и да беа одлични овие две парчиња во комбинација за лежерен изглед, се покажа дека ќе беше подобро ако избра црн градник… Со изборот на светол градник, таа го расипа конечниот впечаток, па имајте на ум ако одлучите да се одлучите за слична опција – советот е да изберете темна долна облека за вакви комбинации.

фото: принтскрин
Забава
(Видео) За хрватската претсавничка на Мис Универзум веќе велат дека е победничка: прошета во бикини, а потоа во црвен фустан, сите зборуваат за неа
21 ноември, кога ќе се одржи големиот избор за Мис Универзум 2025, се приближува, а фотографиите од бројни убавици од Тајланд нè воодушевуваат секој ден.
Изборот за Мис Универзум 2025 ќе се одржи во Тајланд, каде што убавици од целиот свет се подготвуваат за главната ревија. Во меѓувреме, нивните фотографии ги „рушат“ социјалните мрежи.
Судејќи според коментарите, Лаура Гњатовиќ, која ја претставува Хрватска, има голема шанса. Прекрасната Хрватка плени многумина со својата убавина уште од самиот почеток на подготовките, а некои веќе ја прогласија за победничка.
На таканареченото „прелиминарно натпреварување“, каде што се претставија сите девојки, токму настапот на Лаура ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Убавицата прво прошета во зелено бикини, а потоа и во црвен фустан во кој ја покажа целата своја елеганција.
„Феноменална, грациозна, вистинска убавица“, „Прекрасна Лаура“, „Браво“, „Пукаш од сексапил“, „Имаш сè што треба да има една победничка“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ќерката на Клаудија Шифер воодушеви со својот изглед
Клементина Вон, ќерката на познатата манекенка од 90-тите, Клаудија Шифер, привлече внимание на Инстаграм. Многумина велат дека таа е вистинска наследничка на својата мајка и дека е украсена со природна убавина…

Клаудија Шифер многумина воодушеви со својата убавина кога се појави во 90-тите. Нејзините специфични црти на лицето, нежните движења на телото и ледено сините очи ја направија омилено лице на модните брендови, но и муза на познатите дизајнери.
Се чини дека таа го пренела својот специфичен шарм и на својата миленичка Клементина Вон, за која многумина денес пишуваат дека е нејзина „слика и прилика“. Овие зборови ги потврди и најновата објава на Клементина на социјалните мрежи.
Ќерката на германската убавица од 90-тите објави серија фотографии со своите пријатели, а привлече внимание со својот изглед.
Носеше корсет маичка која ја истакнуваше нејзината завидна фигура и раскошни гради, а корисниците на интернет, покрај нејзините бујни атрибути, забележаа и неверојатна сличност со познатата Клаудија.
„Прекрасна“, „Совршена“, „Нереална си“, „Икона. Иста мајка“, се само некои од коментарите.
фото: принтскрин

