Забава
Кејт Мидлтон се пофали со своите рагби-вештини

Војвотката од Кембриџ стана првиот член на кралското семејство што презеде едно од покровителствата на принцот Хари откога беше прогласена за нова фигура на англискиот рагби.
Кејт Мидлтон ги покажува своите вештини со топка додека го заменува принцот Хари како покровител на англиското рагби – станувајќи прв член на кралското семејство што го презеде едно од поранешните покровителства на принцот по т.н. мегзит.
Кејт Мидлтон (40) утрово беше прогласена за нов покровител на Rugby Football League и Rugby Football Union (Рагби лига и Рагби фудбалски сојуз), улоги што претходно ги имаше принцот Хари, војводата од Сасекс.
Најавувајќи го назначувањето на „Твитер“, Кејт напиша дека е возбудена што поддржува „две фантастични организации кои се посветени на искористување на моќта што спортот може да ја има во зближување на заедниците и помагање во напредокот на поединци“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Три хороскопски знаци кријат планина од емоции во себе, но никогаш нема да зборуваат за тоа

Тие не се ладни. Тие се само затворени. Овие хороскопски знаци честопати изгледаат далечни или незаинтересирани, но вистината е сосема спротивна.
Нивните емоции се длабоки, сложени и ретко се искажуваат. Кога не ги разбираат, лесно можат да се помешаат со рамнодушност. Всушност, тие чувствуваат повеќе отколку што би рекол кој било.
Кои се овие хороскопски знаци?
Девица
Девиците сакаат да анализираат, но емоциите не се безбедно место за нив. Кога им е важно, тие стануваат грижливи, но не зборуваат за тоа, туку го покажуваат тоа преку мали нешта. Кога ќе ги прашате како се, тие често велат „добро“, иако тоа ретко значи она што вие мислите.
Шкорпија
Шкорпиите длабоко чувствуваат, но молчат за тоа. Не затоа што не им е гајле, туку затоа што премногу им е гајле. Тие се плашат од отфрлање, губење на контрола и разоткривање. Нивното молчење често е одбрана, а не рамнодушност.
Водолија
Водолиите не се без емоции, тие едноставно не знаат како да ги објаснат. Кога се збунети од сопствените чувства, се повлекуваат.
Се чувствуваат побезбедно кога зборуваат за идеи отколку за своите срца. Но, кога се отвораат, тоа е знак за најголемата доверба што можат да ја дадат.
Забава
(Видео) Јелена Розга изгледа како милион долари

Пејачката Јелена Розга настапи во познатата Канли кула во Херцег Нови и, како што рече, конечно го оствари својот сон.
За време на настапот, Јелена воодушеви и со своето модно издание, што не е изненадување кога е во прашање таа.
Подоцна објави видео од концертот во кое ги искажа сите свои емоции, а покажа и како изгледа на настапот. Сите се согласија за едно, таа е достојна за светската сцена.
Розга носеше краток црн фустан со пуфкасти ракави и светкав материјал, а сето тоа зрачеше со неверојатен гламур.
Забава
(Фото) Латинодивата Џенифер Лопез воодушеви во модерно бикини

Латино дивата Џенифер Лопез, и кога работи и кога не, се труди да ги оправда очекувањата и секогаш да биде на висина на модната задача, без разлика каде се наоѓа.
Иако неодамна предизвика хаос со својот прекрасен костим и кореографија, овој пат пејачката ужива во Шпанија, од каде што ги испраќа своите поздрави на малку полежерен начин.
Славната Џеј Ло позираше на плажа, облечена во модерно бикини преку кое носеше преголема бела кошула.
„Здраво, Шпанија. Се гледаме наскоро“, напиша таа во описот на објавата, која за многу кратко време собра голем број лајкови.
Латино дивата сето тоа го комбинираше со големи очила за сонце, но и неколку ѓердани, додека секако на една фотографија нејзината позадина беше во преден план. Впрочем, тоа е она што сите чекаа да го видат…
„Ти си божица“, „Кралица“, „Ти си неверојатна жена во секоја смисла“, „Европа е твоја, едвај чекаме да те видиме“, беа некои од коментарите.