Забава
Кики Лесендриќ и легендарните „Пилоти“ доаѓаат на десеттиот Мото фест во Свети Николе

Десеттата јубилејна моторијада во Свети Николе носи едно од најпрепознатливите екс-ју рок имиња- „Пилоти“ и Кики Лесендриќ.
Овогодишното издание ќе се одржи во Новиот Градски Парк следната сабота, на 28 јуни во 21.30 часот.
Мото фестот со секоја година се’ повеќе станува заштитен знак на овој град во источна Македонија. Станува збор за настан кој собира илјадници посетители на добра забава со познати музички бендови од балканските простори, незаборавно дружење за моторџиите и уживање во добро пиво. Влезот е бесплатен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најголемиот есенски тренд: овие панталони се елегантна замена за фармерките

Од богати широки силуети на фармерки во боја на чоколадо до карамел фармерки и кожа, кафеавите панталони станаа задолжителен дел од секој гардеробер.
Преминот од лето кон есен е секогаш емотивен момент – природата ја менува својата палета на бои, а модата го следи нејзиниот ритам. Оваа есен, доаѓањето на новата сезона е особено јасно одразено во едно парче: кафеави панталони.
Откако Pantone ја прогласи „Мока Мус“ како боја на 2025 година, стана јасно дека нијансите на кафеава ќе доминираат на модната сцена. Дизајнерските куќи како што се Miu Miu, Hermès и Issey Miyake дополнително го зајакнаа нејзиното присуство на пистите, а сега трендот го презема уличниот стил.
Најпосакувани се широките панталони во богата чоколадна нијанса, кои зрачат и со елеганција и со удобност. Сепак, љубителите на посуптилни тонови нема да бидат изоставени – варијациите од карамела, костен и капучино се подеднакво популарни, особено кога доаѓаат во материјали како кожа, памук и волна.
Кафеавите панталони лесно се трансформираат од дневен во вечерен изглед. Кафеавите фармерки се одличен избор за опуштени комбинации, додека кожните модели се совршени за смел стил.
Класици како карамел тренерки влегуваат во гардероберот на оние кои сакаат спортска удобност, но во тонови што го следат есенскиот шик.
Со еден збор – разноврсност. Кафеавите панталони станаа неутрална основа што подеднакво добро се вклопува со бела кошула, црна ролка или шарено палто. Токму затоа ја заслужуваат титулата клучно парче на есента.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпровокативниот модел на светот е новата девојка на Карлос Алкараз

Карлос Алкараз, моментално најпопуларниот тенисер во светот, а воедно и победник на овогодинешниот Отворен турнир на САД, е во врска со Брукс Надер, популарна манекенка и поранешна учесничка во шоуто „Танц со ѕвездите“.
Model Brooks Nader is reportedly seeing tennis star Carlos Alcaraz, confirmed by her sister Grace Ann to E! News. ❤️ pic.twitter.com/ez29zjwmaL
— Sportskeeda Tennis (@SK__Tennis) September 11, 2025
Веста ја потврди сестрата на Брукс, Грејс, за „E! News“.
„Гласините се вистинити“, рече таа, додавајќи дека сè уште не го запознала Алкараз, но едвај чека.
Романсата доаѓа по турбулентната раскинување на Брукс со Глеб Савченко, кога открила дека нејзиниот партнер ја изневерил.
Брукс во интервјуа нагласила како ова искуство ја научило да ја цени искреноста и себеси во идните врски.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Познатиот ангел на „Викторијас сикрет“ се мажи по 10 години врска

Шведската манекенка и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“, Елса Хоск, се вери со својот долгогодишен партнер Том Дејли по 10 години врска.
Елса Хоск и Том Дејли ја објавија среќната вест на Инстаграм, а романтичниот момент се случи во нивниот нов стан – ништо фенси, само цвеќе и свеќи.
Покрај нејзините блескави насмевки и очигледна среќа, манекенката го покажа и својот скап веренички прстен. Станува збор за овален дијамант „Tiffany & Co. Soleste“, поставен на венчален прстен од платина.
Според „Пејџ Сикс“, експертите проценуваат дека дијамантот е околу 10 карати, што е совршен симбол за двојка која е заедно точно 10 години.
Вредноста на прстенот се движи помеѓу 350.000 и 500.000 долари, додека „премиум“ цената може да достигне до милион долари.
„Реков ДА во шведска градина со диви цвеќиња, во нашиот нов стан, во градот каде што се запознавме. Десет години, ти и јас“, напиша Елса покрај објавата.
Хоск и Дали се заедно од 2015 година, а во февруари 2021 година добија ќерка.
фото: принтскрин