Забава
Орки напаѓаат едрилици, дали е тоа само игра
Истражувачите се обидуваат да откријат зошто групи орки постојано ги оштетуваат пловилата во Гибралтарската Теснина – понекогаш дури и ги потопуваат. Многумина веруваат дека таквото однесување не е агресија, туку тинејџерски лудории.
„Отпрвин тоа беше само една орка, која скокна од водата и се нурна меѓу двата трупа на 14-метарската едрилица. Ни изгледаше како извидник“, рече Ејми, една од четиричлениот екипаж на едрилицата што минувала низ Гибралтарската Теснина на пат кон Грција.
„Неколку минути подоцна китот се врати – со неколку други. Пет или шест од нив почнаа да удираат во трупот на едрилицата“, вели Ејми. „Не се исплашив“, додаде таа.
Ејми не била свесна за фактот дека има неколку стотици слични инциденти во истата област – некои резултираа со бродоломи. Сепак, досега нема повредени луѓе.
Од јули 2020 година морнарите во Гибралтарската Теснина и по должината на атлантскиот брег на Иберија пријавија напади на орки на нивните пловила, однесување што дотогаш беше невообичаено и ретко.
Орките, наречени и китови убијци, припаѓаат на семејството делфини. Тие живеат колку луѓето и одржуваат блиски социјални контакти со своите семејства. Без разлика дали во ледените води на Антарктикот или во тропските предели, во крајбрежните води или на отворено море, разни субпопулации на орки постојат речиси насекаде.

Истражувачите откриле дека секоја популација развила свои преференции за храна, јазици и однесувања. Досега само популацијата орка иберика (Orca Iberica) развила склоност кон удирање чамци.
По 20 минути, орките си заминале. Но, во тие 20 минути екипажот доживеал емотивен тобоган: фасцинација од изгледот на животните и чистата моќ измешани со возбуда и загриженост поради ризикот едрлицата да потоне.
„Никогаш не почувствував дека напаѓаат. Изгледаше како меѓугенерациска игра“, рече Ејми.
Биологот Моника Виланд Шилдс вели дека толкувањето на Ејми е најверојатното објаснување за она што се случувало тој ден на едрилицата.
„Ако навистина нападнат конкретно, штетата би била многу поголема“, вели бихејвиористичкиот научник и директор на Институтот за однесување „Орка“, научна организација, која го истражува однесувањето на две популации орки во близина на брегот на американската држава Вашингтон.

Истражувачите велат дека орките ги напаѓаат едрилиците од забава, а не од агресија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ако маж носи јапонки, бегајте!, вели Дакота Џонсон
Актерката Дакота Џонсон откри што за неа е најголемо црвено светло во врска – маж кој носи папучи (јапанки). Во интервју за „Вог“ на 21 октомври, ѕвездата изјави: „Мажи кои носат јапанки? Бегајте.“
Џонсон додаде дека не сака ниту парфеми или силни мириси, велејќи дека има многу специфично чувство за мирис кај луѓето.
По раскинот со Крис Мартин по осум години врска, актерката претходно изјави дека не бара ништо посебно кај партнерот, само да не биде глупак.
Во мај за „Ел“ таа рече дека никогаш не користела апликации за запознавање, додавајќи: „Љубовта е најстрашната, но и најубавата работа што човек може да ја направи.“
Забава
Хороскопски знаци што гледаат проблем во сè
Овие хороскопски знаци имаат тенденција кон песимизам, не затоа што се злонамерни, туку затоа што секогаш се подготвени за најлошото.
Јарец
Реалист до крајност, но често преминува во песимизам. Верува само во труд и контрола, па кога нешто ќе тргне поинаку, очекува најлошо. Перфекционизмот го прави разочаран кога работите не излегуваат точно според план.
Девица
Аналитична и критична, често ја гледа грешката пред успехот. Наместо да се фокусира на напредокот, ги забележува само несовршеностите и мисли дека сè пропаѓа.
Рак
Емоционален и чувствителен, длабоко ги проживува проблемите. Склон е да се враќа во минатото и да размислува што можел да направи поинаку. Кога ќе ја изгуби верата, му е тешко повторно да ја врати.
Шкорпија
Светот го гледа црно-бело. Кога ќе наиде тешкотија, тешко е да поверува дека ќе стане подобро. Се затвора во себе и станува сомничав, дури и кон оние што му мислат добро.
Забава
Кевин Федерлајн детално го опиша повикот по кој завршил неговиот брак со Бритни Спирс
Телефонски повик со Бритни Спирс, Парис Хилтон и Линдзи Лохан бил „капката што ја прелила чашата“ и довел до крајот на бракот меѓу Кевин Федерлајн и поп-ѕвездата, пишува во неговите нови мемоари You Thought You Knew, пренесе Page Six.
„Беше три или четири часот наутро. Таа, Парис и Линдзи беа пијани и ме молеа да дојдам. Во позадина ги слушнав моите синови Престон и Џејден како плачат. Тој повик беше крај,“ напиша тој.
Додаде дека претходно гледал фотографии од Бритни на забави, но дека тој момент ја уништил секоја надеж дека ќе се смират поради децата.
Во книгата се наведуваат и други тешки обвинувања – дека Спирс го удрила поради марихуана што еден негов пријател ја оставил во домот, дека ја видел како со пријателка шмрка кокаин, како и дека понекогаш ги гледала децата додека спијат, држејќи нож во рака.
Федерлајн тврди и дека Бритни го изневерила на почетокот на врската и му се јавила на поранешното момче Џастин Тимберлејк ден пред свадбата.
Тимот на Спирс (43) одговорил дека повторно некои луѓе профитираат од неа откако престанала алиментацијата. Нејзиниот портпарол истакнал дека пејачката се грижи само за благосостојбата на своите деца и дека веќе ги опишала своите искуства во мемоарите The Woman in Me (2023).
„Постојаната манипулација од мојот поранешен сопруг е болна и исцрпувачка. Пет години се обидувам да живеам мирен и приватен живот, но сега ми е доста,“ напиша таа, додавајќи во друга објава дека Федерлајн шири лажни приказни и се обидува да звучи убедливо.
Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2006 година и имаат два сина – Шон Престон и Џејден.

