Забава
Кијану Ривс навести спин-оф на „Џон Вик“

„Џон Вик: Поглавје 4“ ќе пристигне во кината наскоро, но холивудскиот миленик Кијану Ривс е возбуден поради друг проект.
Појавувајќи се на настанот CCXP во Бразил, 58-годишниот актер сподели нови детали за претстојниот филм „Балерина“, кој всушност е спин-оф на „Џон Вик“.
Дејствието на „Балерина“ ќе се врти околу ликот кој го глуми Ана де Армас и ќе ги следи погледите во поголемиот свет на убијци, кој „Џон Вик: Поглавје 3“ накратко го навести во неколку сцени.
„Таа е жена која бара одмазда. Некој го убил нејзиниот татко. Кој би можел да биде тоа? И така, тоа е нејзиното патување за да го разбере своето минато,“ објасни Ривс.
„Таа го изгубила својот татко на млада возраст, а всушност не знае што се случило. Некој влегол во куќата и го убил татко ѝ, а тој имал тетоважа. И како што знаеме во ‘Џон Вик’, ако имате тетоважа, нешто се случува“, сподели Ривс на панелот.
Ривс, исто така, откри дека е само спореден лик во филмот. Покрај Ривс се враќаат Јан Мекшејн и Ленс Редик како Винстон и Харон.
„Во филмот сум неколку секвенци“, објасни Ривс. „Сценариото е одлично, и приказната е одлична. Со нетрпение го очекуваме.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Иванка Трамп за крајот на бајката во Венеција – прошета во најубавиот летен фустан

Раскошната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржа во Венеција и траеше три дена, конечно заврши.
Гостите почнаа да заминуваат од Италија, а ние имавме можност да уживаме во бројни инспиративни модни изданија.
Кога ќе се појави Иванка Трамп, гарантирано е дека гламурот и елеганцијата ќе бидат единственото нешто што ќе го видите околу неа, но овој пат таа покажа дека може да блесне и кога станува збор за секојдневни, полежерни комбинации.
Иванка за заминувањето од Венеција избра вистински летен фустан со цветни мотиви во комбинација од светло и темно сина боја. Фустанот благо ја следеше линијата на телото, но исто така беше и лежерен, па удобноста очигледно беше врвен приоритет.
Таа го комплетираше своето модно издание со природен изглед, без шминка, додека косата ѝ беше врзана ниско.
Иако титулата најдобро облечена жена честопати ѝ припаѓала на кралицата Летиција, особено кога станува збор за летни избори, се чини дека Иванка Трамп овој пат можеби успеала да ја надмине.
Забава
Постојат жени на кои им е судено да се збогатат: исклучителна енергија е скриена зад неколку датуми

Постојат жени на кои им е судено да се збогатат порано или подоцна.
Тие буквално ја допираат златната нишка, а нивните животи се исполнети со убавина, успех, аспирации за иднината, а секој нивен чекор се претвора во нешто скапоцено.
Не е случајно што повеќето од овие извонредни жени го делат истиот датум на раѓање, според толкувањето на нумеролозите како Ана Халк.
Таа истакнува дека овие жени поседуваат силна карактеристика – бестрашност. Не само што се независни, туку се соочуваат со предизвици без никакви проблеми, уживајќи популарност во општеството. Тие се вредни и ретко се чувствуваат уморни, бидејќи се синоним за енергија.
Особено е интересно што немаат проблем да ги наметнат своите ставови кога се во право, што ги прави бестрашни.
Мажите често им љубоморат, бидејќи овие дами лесно го постигнуваат она за што другите треба да вложат сериозен напор.
Нумерологот Ана Халк тврди дека оваа исклучителна енергија е скриена зад датумите на раѓање: 4, 7, 8, 11, 13, 17, 19, 25, 29 и 31, особено ако се родени во знакот на Овен, Бик, Лав или Шкорпија, како што наведува таа во статија за Astrotalk.
Забава
(Видео) Бијонсе за малку ќе паднеше од висечки автомобил за време на настап, концертот веднаш беше прекинат

Бијонсе доживеа за малку, кобна несреќа на својот концерт во Хјустон, кога малку фалеше да падне од висечки автомобил. Настапот веднаш беше прекинат.
Додека ја изведуваше својата песна „16 Carriages“ во висечки автомобил, црвениот кабриолет одеднаш се навали на страна, а застрашувачкиот момент стана вирален на социјалните мрежи.
🚨Beyoncé’s car malfunction and nearly falls at the Cowboy Carter Tour. The show was briefly stopped and she is safe. pic.twitter.com/Ne5VzKmhkZ
— 𐚁₊⊹ (@beyscatalog) June 29, 2025
„Стоп“, почна да вика таа, а потоа го повтори неколку пати за да го запре концертот, со навестување на паника во гласот. Публиката замолкна на момент, а потоа почна да вика и да навива.
her shaky voice i’m crying pic.twitter.com/iARumBS1JW
— autumn 𐚁 (@leviisbey) June 29, 2025
Кабриолетот, кој беше прикачен на кабли, полека беше спуштен на сцената, а Бијонсе, и покрај застрашувачкиот момент, успеа да се смири. Откако се нашла на безбедно, накратко ја напуштила сцената, а потоа се вратила за да го заврши својот настап.
Таа го продолжила својот настап и им се заблагодарила на своите обожаватели за нивната поддршка, а многу обожаватели ја пофалиле нејзината реакција во коментарите на социјалните мрежи.