Забава
Кијану Ривс подготвен за нова љубов

53-годишниот Кијану Ривс е славен во целиот свет и има милиони долари на банкарска сметка, но кога станува збор за неговиот приватен живот, тој немаше многу среќа.
Неговиот татко го напуштил кога имал само три години, а подоцна дознал дека страда од дислексија. Со само 23 години, тој го загуби својот најдобар пријател, актерот Феникс Ривер кој се предозирала, а неговата девојка Џенифер Саим, една година подоцна, родила мртва ќерка Ава во 8-миот месец од бременоста. Потоа двојката се разијде, а по една и пол година од прекинот Џенифер загина во сообраќајна несреќа.
Поради сето она што го проживеа на љубовен план, актерот постојано истакнуваше дека токму затоа не сака сериозна врска ниту деца.
Кијану најде спас во работата, и во моментов се наоѓа на сетот на новото продолжение на филмот „Џон Вик”. За 2019 година, веќе има шест најавени проекти, но тој најде време за дружење со мистериозната жена со која тој беше фатен од папараците во Беверли Хилс. Иако се обидел да се сокрие под капата, тој не успеал да го направи тоа, па набргу потоа се појавија коментари дека актерот конечно ја пронајде својата љубовна среќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте го овој зелен пијалок

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, нижи успеси на теренот, па по финалето на Ролан Гарос одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво и прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен кој претходно живеел во Бразил.
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримство и одлична клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
Во серија фотографии од нејзиниот одмор, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува такви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне нејзината зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка, истакнувајќи ја својата природна убавина.