Забава
Кијану Ривс со реакција откога молекул што убива микроби го доби неговото име

Кијану Ривс одговори на веста дека во негова чест е именуван молекул што убива микроби.
„Минатиот месец Институтот за истражување природни производи и биологија на инфекции ‘Лајбниц’ создаде нов молекул, кој убива толку ефикасно што го именувавме по Кијану Ривс бидејќи и тој е крајно смртоносен во своите улоги“, соопшти Институтот.
Со името кијанумицин (Keanumycin) научниците покажаа дека дејствува ефикасно против растителниот штетник Botrytis cinerea, кој предизвикува гниење на сивата мувла и предизвикува огромни загуби на жетвата секоја година.
На тема „Прашај ме нешто“ на „Редит“ оваа недела, Кијану рече: „Требаше да го наречат Џон Вик… но тоа е прилично кул… и надреално за мене“.
„Но, благодарам, научници! Среќно и ви благодариме што ни помагате“.
Молекулите кијанумицин, се наведува во студијата, може да бидат еколошки поприфатлива алтернатива на хемиските пестициди и може да понудат алтернатива во борбата против габите отпорни на лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.