Забава
„Колдплеј“ ги одложи концертите во Бразил поради болест на Крис Мартин
Членовите на „Колдплеј“ соопштија дека им е исклучително жал што мора да ги одложат претстојните настапи во Бразил бидејќи фронтменот Крис Мартин доби сериозна инфекција на белите дробови.
Британскиот бенд во вторникот објави дека настапите закажани за овој месец ќе се одржат на почетокот на 2023 година.
„Колдплеј“ требаше да има осум концерти во Рио де Жанерио и Сао Пауло како дел од светската турнеја Music of the Spheres.
Но, Мартин има строга лекарска наредба да мирува три недели, твитна бендот.
„На сите во Бразил, кои со нетрпение ги очекуваа овие концерти, многу ни е жал за какво било разочарување и непријатност и многу сме благодарни за вашето разбирање во овој предизвикувачки период кога треба да му дадеме приоритет на здравјето на Крис“, се наведува во соопштението.

„Ние сме оптимисти дека Крис ќе се врати во добро здравје по пропишаната медицинска пауза и со нетрпение очекуваме набргу да ја продолжиме турнејата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бекамови го прославија Божиќ без нивниот најстар син, како ништо да не се случува
Семејството Бекам поминува низ турбулентен период. Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, наводно ги блокирал своите родители на Инстаграм.
И покрај настаните, преостанатите членови не дозволиле оваа ситуација да им го расипе расположението и го прославиле Божиќ. Тие објавија дел од празничната атмосфера на мрежите.
Викторија Бекам објави видео на својот Инстаграм профил на кој нејзиниот сопруг Дејвид Бекам сече елка, а потоа ја кити според упатствата на својот сакан.
Познатиот фудбалер за пригодата носеше лежерна комбинација, а облеката ја комплетираше со црвена шапка.
Коментарите од лојалните фанови на семејството постојано доаѓаа, а повеќето им посакуваа среќни Новогодишни и Божиќни празници.
„Ви благодарам за оваа содржина, Среќен Божиќ“, „Среќен Божиќ, Викторија“, „Тоа е вистински маж, сопруг и татко, Среќен Божиќ“, се само дел од коментарите…
Забава
Уапсена актерка од серијата „Сулејман Величествениот“ во голема полициска акција во Истанбул
Во голема полициска акција во Истанбул, во рамки на истрага за дрога, уапсени се осум лица, меѓу кои и турската актерка Садет Езги Ејубоглу (37), соопштија надлежните институции.
Ејубоглу е позната по улогата на Ајбиге Хатун во втората сезона од серијата „Сулејман Величествениот“.

Садет Езги Ејубоглу во улогата на Абиге / Сулејман Величествениот
Според Истанбулското јавно обвинителство, налогот за нејзино приведување е издаден поради сомнежи за купување, поседување и користење наркотични и стимулативни супстанции за лична употреба.
Во истата истрага, уште две лица се уапсени под сомнение за производство и трговија со дрога, четворица поради сомнежи за поттикнување и овозможување проституција, а едно лице поради нелегално поседување оружје.
За време на претресите, полицијата запленила оружје, муниција, наркотични супстанции, опрема за консумирање дрога и фалсификувани американски долари.
Надлежните наведуваат дека истрагата се проширува и дека не се исклучени нови апсења.
Фото насловна: официјален промотивен материјал, Сулејман Величествениот
Забава
Џеј Ло со фотографија испрати божиќна честитка, но нејзиниот телефон го украде целото шоу
Џенифер Лопез им го честиташе Божиќ на своите обожаватели со фотографија на социјалните мрежи, но објавата предизвика неочекувана бура од коментари. Наместо празничната порака и дијамантскиот прстен, вниманието го привлече нејзиниот „ајфон“, кој на фотографијата изгледаше невообичаено закривен.
Фотографијата брзо собра повеќе од 1,6 милиони прегледи, а корисниците почнаа да се шегуваат дека телефонот „се претворил во банана“ или дека станува збор за преголемо уредување на фотографијата. Дел од коментарите беа насочени и кон „Епл“, со шеги дека новите модели наводно се виткаат.
Така, божиќната честитка на Лопез, наместо да шири празничен дух, се претвори во тема за иронични коментари и шеги на социјалните мрежи.
Merry Christmas one and all! pic.twitter.com/7SzBJRjyIz
— jlo (@JLo) December 26, 2025
Фото: depositphotos

