Забава
Колтон Андервуд откри дека е геј: Сè уште се навикнувам
Колтон Андервуд e геј.
Поранешната ѕвезда на американското реално шоу „Господин совршен“ ја откри вистината за својата сексуалност и призна дека се помирил со тоа дека го привлекуваат мажи претходно оваа година кога поминал долго време бегајќи од себе.
Во искрен разговор со Робин Робертс во емисијата Good Morning America, Колтон рече: „Долго време бегав од себе. Долго време се мразев“.

„Јас сум геј и, конечно, се помирив со тој факт претходно оваа година. Следниот чекор во сето ова беше некако да им дадете до знаење на луѓето“, рече Колтон додадaвајќи дека сè уште се навикнува.
29-годишната реална ѕвезда и поранешен фудбалер призна дека се чувствувал емотивно, но е сигурен во себе.
„Бев капитен на фудбалски тим и се очекуваше да имам многу девојки и да се опивам, но не направив ништо од тоа. Не сакав да имам секс со девојки, па луѓето почнаа да зборуваат и јас почнав да се прашувам себеси дали можеби се во право“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.
Забава
Џорџ Клуни: Никогаш не сум се скарал со Амал
Џорџ Клуни откри дека никогаш не се скарале со неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот рече дека тајната на нивниот хармоничен брак е во зрелоста и меѓусебната поддршка.
„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале“, изјави Клуни, објаснувајќи дека со текот на годините престанал да се расправа за ситници. „Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ рече со насмевка.
Актерот додаде дека нивниот однос се темели на почит и разбирање, а не на натпревар. Клуни и Амал се запознале во 2013 година, се свршиле следната година и се венчале во Венеција во 2014 година. Денес се родители на близнаците Александар и Ела.

