Забава
Компанија нуди богатство под еден услов – да преживеете една година без мобилен телефон
Дали би се нафатиле на ваков предизвик? Компанија нуди вистинско богатство доколку успеете да преживеете една година без мобилен телефон. Пријавите траат до 8 јануари, а на 22 јануари компанијата ќе објави кој е избран на конкурсот.
Компанијата Vitaminwater ја почна наградната награда со која може да се освојат 100.000 долари. Единствениот услов е да не го користите мобилниот телефон една година.
Можете да се пријавите на наградата со користење хаштаг #nophoneforayear на вашиот профил на „Твитер“ или на „Инсраграм“, со краток опис на тоа како би изгледала вашата година без паметен телефон.
Сепак, не се знае како компанијата ќе ги контролира конкурентите, односно како ќе провери дека не користеле паметен телефон.
Но, она што е познато е дека натпреварувачите на крајот на наградната игра ќе мора да поминат на детектор за лаги. Ако натпреварувачот издржи цела година без паметен телефон, ќе ја добие целата награда, доколку издржи само шест месеци, на неговата сметка ќе легнат 10.000 долари.
Сепак, натпреварувачот нема да биде сосема без мобилен телефон. На користење ќе добие добар стар „нокиа 3310“ за повици и пораки, пишува OddityCentral.com.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

