Забава
Коперфилд не е виновен за повредениот турист, џабе го откри неговиот најпознат трик
Славниот магионичар Дејвид Коперфилд не бил внимателен, но не е виновен за повредата на британскиот турист Гевин Кокс во текот на изведување на еден трик, утврди американскиот суд.
Поротата во судот во Невада заклучи дека Кокс сам се повредил во текот на познатата точка со исчезнување во Лас Вегас во 2013 година. Кокс го тужеше Коперфилд за невнимание затоа што паднал за време на точката и како што тврди се здобил со повреди на мозокот. Пресудата значи дека тој нема да добие отштета од Коперфилд.
Најплатениот магионичар на светот ја изведувал точката „Среќни 13“ илјадници пати без никакви проблеми. Во оваа илузија учествуваат 13 случајно избрани гледачи од публиката кои на сцената исчезнуваат откако ги покрива со завеса и потоа се појавуваат во задниот дел од салата.
Коперфилд во април беше принуден на судот да ја открие неговата тајна и да објасни дека учесниците откако се спушта завесата трчаат по ходниците по ресортот МГМ во Лас Вегас. Тие треба да излезат од зградата и повторно да влезат на задниот влез, а Кокс паднал додека трчал по ходниците.
Кокс навел дека за лекување потрошил повеќе од 400.000 долари. Кокс го тужел и хотелот МГМ и компанијата на Коперфилд, кои исто така биле прогласени за одговорни за невнимание, но судот навел дека ниту тие не треба да платат отштета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

