Забава
Копродуцентот на „Матрикс“ го тужи „Ворнер Брос“ поради стримингот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/social.jpg)
Копродуцентот на „Матрикс: Воскреснувања“ (Matrix Resurrections), „Вилиџ роудшоу ентертејнмент груп“, поднесе тужба против „Ворнер Брос“, во која тврди дека потегот на студиото да го објави филмот истовремено на ХБО- макс и во кината е прекршување на договорот.
Во тужбата поднесена до Високиот суд во Лос Анџелес во понеделникот, „Вилиџ Роудшоу“, исто така, наведува дека студиото „Ворнер Брос“, во сопственост на AT&T Inc WarnerMedia, го преместил датумот на прикажување на филмот за 2021 година од 2022 година за да му помогне на ХБО-макс да привлече повеќе претплатници.
Тужбата укажува на други блокбастери, како што е „Човек-пајак: Далеку од дома“, кои беа објавени кон крајот на 2021 година без истовремен стриминг.
„Не се сомневаме дека овој случај ќе биде решен во наша корист“, изјави портпаролот на Warner Bros.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Зошто Роналдо секогаш има црн лак на нозете: постои добра причина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ronaldo-1.jpg)
Кристијано Роналдо објави фотографија на Инстаграм на која позира со својот 13-годишен син Кристијано Џуниор во домашната теретана, а еден детаљ им падна во очи на навивачите. Имено, забележале дека има црн лак на нозете, а за тоа има добра причина.
Роналдо нанесе заштитен слој од специјален лак за да ја намали можноста за појава на габи или бактерии на неговите нокти.
Познатиот фудбалер не е единствениот кој ги бои ноктите на нозете. ММА борците, тркачите и боксерите нанесуваат слој заштитен лак на нозете, но фудбалерите се особено подложни на габични инфекции околу ноктите на нозете бидејќи секојдневно поминуваат часови и часови потејќи се во копачки и се повеќе склони кон повреди на прстите.
Забава
Српскиот херој на мечот против Словенија од трибините го бодреше најубавата Србинка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sofija-milosevic.jpg)
Натпреварот меѓу Србија и Словенија го следеше најпознатата српска жена на фудбалер, Софија Милошевиќ. Партнерката на фудбалерот Лука Јовиќ покажа фотографии од стадионот каде пристигна облечена во неговиот дрес.
Софија многумина ја нарекуваат најубава Србинка, долги години се занимава со манекенство, а денес е сопственичка на моден бренд. Двојката е заедно до 2019 година, а имаат два сина: Теодор и Алексеј. Јовиќ има уште еден син од врската со Анѓела Маниташевиќ.
И токму Јовиќ ги спаси Србите од пораз со гол во последните секунди од играта, со што се израмни на 1:1, па заврши нерешено.
Забава
(Видео) Баба го прослави својот 90-ти роденден во Париз на концертот на Тејлор Свифт
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-21-065728.jpg)
Ненси Стронг од САД го прослави својот 90-ти роденден во голем стил – отиде во Париз на концерт на Тејлор Свифт.
„Се започна со моите внуци Џенифер и Брајан, кои се вистински фанови на Свифт. Ми рекоа – Бабо, ајде да одиме заедно во Париз на концертот на Тејлор Свифт”, изјави Ненси за Пипл.
Успеале да купат пет билети, па со нив отишле синот на Ненси и неговиот пријател. Тие останаа во луксузниот хотел Булгари, со надеж дека и таму ќе ја видат Свифт.
„Се надевавме дека ќе биде во пентхаусот, но таа не беше“, вели Ненси, која признава дека е фан на Свифт 10 години.