Забава
Корисниците на „Твитер“ гласаа Маск да си поднесе оставка
Илон Маск спроведе анкета на „Твитер“ за тоа дали треба да поднесе оставка од функцијата извршен директор на платформата и резултатот е – да.
Милијардерот уште еднаш се обидува да ја препушти одговорноста на масите спроведувајќи анкета со прашање за корисниците дали треба да се повлече од челната функцијата. Очигледно препуштањето на важни деловни одлуки на онлајн-анкета е знак на паметен бизнисмен, според некои медиуми.
Кога ја објави анкетата, Маск им порача на корисниците дека ќе ја почитува нивната одлука.
„Дали треба да се повлечам од функцијата шеф на ‘Твитер’?“ твитна Маск во неделата вечерта за своите 122 милиона следачи. „Ќе се придржувам до резултатите од оваа анкета“.
Мнозинството корисници, 57,5 отсто од нив, гласаа Маск да се повлече, а 42,5 отсто од нив сметаат дека треба да остане на чело. Во анкетата учествуваа 17,5 милиони корисници.
Една недела по купувањето на акциите на „Твитер“, Маск даде понуда да ја купи компанијата и успеа да ја преземе за 44 милијарди долари. Кога стана нов сопственик, почнаа да се поставуваат прашања какви промени ќе донесе кај корисниците, но и кај вработените.
„Решив да инвестирам во ‘Твитер’ бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор во светот и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија“, напиша Маск во документот до финансискиот регулатор, пренесува Би-би-си.
Технолошкиот тајкун, кој исто така раководи со „Тесла“ и „Спејс икс“, се соочи со многу критики по преземањето на функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената
Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.
Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.
„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.
„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.
ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.
Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.
Клајн беше меѓу фаворитите за победа.
Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.
Забава
(Видео) Хрватскиот претставник на „Евровизија“ со радост го дочека пласманот на Србија во финалето
Во моментот кога Србија беше прогласена за финалистка на Евровизија, Теја Дора и нејзиниот тим скокаа и се радуваа, а реакцијата на претставникот на Хрватска, Бејби Лазања го привлече вниманието на многумина, пренесуваат српските медиуми.
„Тој беше пред нашата претставничка во бекстејџот, а кога слушна дека Србија оди во финале почна да се радува и удира со рака на подот, а потоа се поздравија со Теја Дора“, пишува „Сити магазин“.
See you in the Finals! ❤️
The strength is inside of us. Every person has their own Northen Star to guide them and inner Ramonda resilience to trive. 🌸
Vote for Serbia! 🇷🇸Srbija je u finalu Pesme Evrovizije 2024, a ovo je naš put! ✨
Hvala na podršci! 🫶 pic.twitter.com/MVXRagGBtp— RTS | Serbia ESC (@SerbiaESC) May 9, 2024
Во големото финале на Евровизија, пласман од земјите од регионот обезбедија Србија, Хрватска и Словенија.
Забава
Хороскопски знаци кои ги очекува голем прилив на пари до крајот на следната недела
ОВЕН
Пред вас е уште една успешна недела за пари. Парите се лепат за вас, a покрај пари ќе добиете и вредни подароци.
БИК
Планетите во вашиот знак ви даваат одлични можности на сите полиња од животот. Моментално сте еден од најмоќните знаци на Зодијакот, па ќе имате и многу пари.
ЈАРЕЦ
Со помош на креативна енергија и уникатни идеи, можете да заработите пари на основа на големи проекти.
СТРЕЛЕЦ
Добрите аспекти на Сатурн ќе поттикнат да ги добиете парите што сте ги заработиле со напорна работа. Тоа може да биде работа што ја работите од дома, како и дополнителен проект со скратено работно време.
Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Риби.