Забава
„Космополитен“ ја пресмета нето-вредноста на Кортни Кардашијан
Благодарение на речиси еден милион епизоди на Keeping Up with Kardashians, некои импресивни реклами на социјалните медиуми, мега-резиденција во Калабаши, и нејзината нова веб-страница за начин на живот POOSH, Кортни Кардашијан навистина живее, пишува „Космополитен“ додавајќи дека „таа е гнасно богата“.
„Особено во споредба со некои од нас со долгови, банкарски кредит или студентски заем на четири години“, наведува авторот на текстот.
„Добрата вест е дека сите можеме да се соживиме со Кортни – причина за тоа е нејзината нето-вредност, нејзината банкарска сметка е дефинитивно интересна да се погледа.“
Во 2015 година Кардашијаните испреговараа договор вреден 80 милиони американски долари за три години KUWTK (американска телевизиска емисија што се емитува на Е! кабелска мрежа). Потоа, во 2017 година, тие, наводно, склучиле договор вреден 150 милиони американски долари што би ги однеле до 2020 година. „Ѓаволот работи многу но Крис Џенер работи повеќе“, пишува авторот на текстот.
Како што забележа „Форбс“ во 2016 година, Кардашијаните најчесто ја користат KUWTK (Keeping Up With Kardashians) како можност за рекламирање и брендирање. Со други зборови, да се биде на Е! – значи дека нивната платформа останува силна и може да генерира дополнителен приход преку спонзорирани содржини и препорака на брендови.
Иако Кортни не прави толку многу реклами на социјални медиуми како нејзините сестри, таа сè уште е во тесен избор за брендовите кои бараат партнерство со познати лица благодарение на нејзините речиси 83 милиони следбеници на Instagram.
Во овој момент, веројатно се прашувате „кул, но колку таа заработува на едно посторање или една објава ?“ Тешко е да се знае со сигурност, но според извршниот директор на Talent Resources Мајкл Хелер, Кортни заработувала до 250.000 долари за секоја објава на Инстаграм во 2017 година, кога имала „само“ 54,3 милиони следбеници. Значи, со сигурност може да се претпостави дека таа во моментов заработува многу повеќе за секое постирање на Instagram.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кои се најголемите таленти на секој хороскопски знак? Близнаците се иноватори, Биковите се упорни…
Секој хороскопски знак носи свој уникатен талент – дар што Бог ви го дал за да ја исполните вашата животна мисија и да живеете значаен и исполнет живот. Овие посебни таленти не се само симболични особини, туку вистински силни страни што ве водат низ предизвици и ве водат кон успех.
Подолу, откријте кој е вашиот најголем дар според вашиот хороскопски знак и како да го препознаете, развиете и користите за да го постигнете вашиот целосен потенцијал.
Некои од даровите на хороскопските знаци се интересни.
Овен
Бог ви дал бестрашна енергија и неисцрпна волја да започнете нови работи. Вашата храброст и страст ве прават природен лидер.
Бик
Вашиот талент е упорност и способност да создадете стабилност и убавина околу вас. Имате дар да работите напорно и да уживате во плодовите на вашиот труд.
Близнаци
Бог ве обдарил со дар на комуникација и брзо размислување. Вашата љубопитност и прилагодливост ве прават одлични соговорници и иноватори.
Рак
Вашиот најголем талент е длабоката емпатија и интуиција. Бог ти дал сила да се грижиш за другите и да создаваш топли и сигурни односи.
Лав
Вашата харизма и креативност се божествени дарови. Имате моќ да инспирирате и да го осветлите патот на другите, а вашата енергија е заразна.
Девица
Бог ви дал остар ум и способност да забележувате детали. Вашата прецизност и посветеност се клучни за успех и помагање на другите.
Вага
Вашата способност да создавате рамнотежа и хармонија е дар што Бог особено го цени. Имате талент за правда и градење прекрасни односи.
Шкорпија
Вашата сила е длабока страст и решителност. Бог ви дал моќ на трансформација и способност да извлечете светлина од темнината.
Стрелец
Вашиот дар е оптимизам и љубов кон слободата. Имате способност да ширите знаење и да ги инспирирате другите на патот кон вистината.
Јарец
Бог ви дал дисциплина и мудрост. Вашиот талент е да го изградите својот пат до врвот со трпение и упорност.
Водолија
Вашата иновација и оригиналност се божествени дарови. Имате моќ да го промените светот преку вашите идеи и визии.
Риби
Вашата интуиција и сочувство се посебни таленти. Бог ви дал способност да поврзувате светови и да им помагате на другите да го пронајдат својот мир.
Како да го користите вашиот дар?
Препознајте ги вашите таленти, негувајте ги и користете ги за доброто на себе и на другите. Кога живеете во хармонија со вашиот божествен дар, ќе се чувствувате исполнето и успешно во сите области од вашиот живот.
Забава
(Фото) Кејт Мидлтон повторно е најубавата принцеза на светот
Кејт Мидлтон повторно ја оправда титулата најдобро облечена жена за 2025 година и се појави на свечен настан во комбинација што носи силна порака.
Имено, принцезата од Велс неодамна беше домаќин на женскиот рагби тим „Red Roses“ по повод нивната победа на Светското првенство во рагби за жени.
За оваа свечена пригода, таа одлучи да носи елегантен црвен костум што претставува совршена комбинација од формален пристап кон модата и шик облека.
Со изборот на црвена боја, Кејт сакаше да им оддаде почит на националниот тим на нејзината земја за нивниот голем успех, но и да му покаже на светот уште еден беспрекорен аутфит од нејзиниот омилен бренд Александар Меквин.
Костумот е украсен со асиметричен крој и широки панталони што ја истакнуваа нејзината витка фигура. Стилот го надополни со минималистичка шминка во земјени тонови, а косата ја стилизираше на препознатлив начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената.
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ го испочитува трендот: Објави фотографии од 2016 година, Бастијан како да не постои
Сè повеќе корисници на Инстаграм се приклучуваат кон виралниот тренд на објавување на свои фотографии од 2016 година. Целта е да се потсетат на стари спомени и објави што ги направиле пред 10 години, а кои будат носталгија.
Српската тенисерка Ана Ивановиќ, која е често активна на Инстаграм по разводот од Бастијан Швајнштајгер, исто така се приклучи на популарниот тренд. Нејзините фотографии од 2016 година разбудија емоции и убави спомени кај многу нејзини обожаватели.
Меѓу фотографиите на многу помладата Ана, имаше и такви од тенискиот терен, а нејзината енергија и блескава насмевка сè уште ја красат. Посебно внимание привлече и фотографија со Рафаел Надал од натпревар во двојки, која многумина потсети на годините на златниот тенис и нераскинливото пријателство.
Покрај фотографиите од нејзините славни тениски денови, забележливи беа и оние што ги направила за големи брендови. Па така, имавме можност да ја видиме Ивановиќ во малку поинаква, поелегантна верзија.
Свадбата што не ја спомена
Годината 2016 беше значајна и за приватниот живот на Ана. Тогаш се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и започна нов, семеен живот.
Сепак, Ана не објави фотографии од свадбата во оваа објава на Инстаграм, туку реши да го покаже духот на времето преку фотографии од теренот, од снимањето на модни едиторијали и кампањи за големи брендови.

