Забава
Коцкар доби судски процес против концернот „Новоматик“
Судот во австрискиот град Винер Нојштат ја уважи тужбата на еден коцкар што го тужел концернот од областа на игри на среќа „Новоматик“.
Судот оценил дека подносителот на тужбата е зависен од коцкање и поради тоа не е во можност да склучува спогодби, односно го прогласи склучувањето спогодби за игри на среќа од негова страна за недолотворно.
„Новоматик“ сега на коцкарот мора да му врати 2,5 милиона евра.
Пред судот подносителот на тужбата рекол дека во Виена од 2002 до 2012 година на автоматите на „Новоматик“ потрошил околу два милиона евра.
Според еден психолог, лицето страдало од преголема потреба од игри на среќа поради што не можело да им одолее на автоматите.
Судот ја прифати оценката на стручњаците, а исто така оцени дека „Новоматик“ го прекршил законот за игри на среќа, со тоа што на своите автомати примал и издавал големи суми пари.
Сепак, оваа пресуда не е правосилна бидејќи компанијата најави жалба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

