Забава
Кој конечно ќе ја пронајде својата љубов од соништата оваа есен?
Оваа есен, ако им се верува на астролозите, Купидон ќе ги насочи своите стрели кон три хороскопски знаци и ќе им донесе љубов што конечно ќе им ги исполни срцата.
За три среќни хороскопски знаци, љубовта ќе процвета, а ангелот на љубовта ќе се погрижи оваа романса да им донесе вистински моменти на среќа. Нивните судбини ќе бидат испреплетени со нови емоции и врски што ќе им донесат радост и исполнетост.
Близнаци
Оваа есен, Близнаците ќе сретнат некого кој целосно ќе им го промени погледот кон љубовта. Старите врски и минатите предизвици ќе бидат заборавени, а нивните срца ќе се отворат за нова љубов. Сепак, важно е да не ги заборават своите приоритети за да го извлечат најдоброто од оваа врска.
Девица
Девицата конечно ќе ја преземе контролата врз своите животи, отфрлајќи ги илузиите и старите навики. Во втората половина на есента, ќе се појави личност која ќе донесе ново значење во нивните животи. Она што започнува како лежерна врска може да прерасне во нешто многу подлабоко, а Девицата конечно ќе се почувствува како да е на вистинското место, со вистинската личност.
Риби
Рибите ќе поминат низ процес на самоприфаќање. Кога повторно ќе се засакаат себеси и ќе стекнат самодоверба, ќе почнат да привлекуваат луѓе со својата посебна енергија. Нивната интуиција ќе им помогне да ја препознаат вистинската личност за нив, а љубовта ќе процвета кога конечно ќе научат да го слушаат своето срце.
Оваа есен носи можност за длабоки емоции и нова романса, а ангелот на љубовта ќе се погрижи секој од овие хороскопски знаци да ја почувствува вистинската магија на љубовта.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Генијален трик: Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец
На сите кои сакаат да пакуваат подароци, овој трик со даска за пеглање и метла може многу да им користи.
Празниците се период кога се купуваат и подаруваат најмногу подароци, а ако сте меѓу оние што обрнуваат посебно внимание на деталите, тогаш пакувањето сигурно ви е важен дел од процесот.
View this post on Instagram
Сепак, ако имате повеќе подароци за пакување, тоа може да стане непрактично, иако е забавно. Токму затоа во помош доаѓа — даската за пеглање.
Како изгледа овој трик во пракса, можете да видите во видеото.
Забава
Колку често треба да водите љубов за да бидете здрави
Сексот не е само пријатен, туку може да има и значајни здравствени придобивки, а ефектите зависат од тоа колку често се практикува. Професорката по сексуално и репродуктивно здравје, Кајл Велингс истакнува дека редовната сексуална активност може да го подобри имунитетот, менталното здравје и здравјето на срцето.
Истражувањата покажуваат дека секс еднаш до двапати неделно ја зголемува заштитата од инфекции.
Според студиите, исто така, секс еднаш во неделата позитивно влијае на линијата; 2 пати неделно – зајакнување на имунитетот; 3 пати неделно – двојно помал ризик од срцев удар; 4 пати неделно – подобар тен; 5 пати неделно – повеќе енергија, оптимизам и креативност.
Забава
Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам
Познатата актерка Џејми Ли Кертис откри дека направила пластична операција на 25 години и дека тоа денес го смета за една од најголемите грешки во животот. Одлуката ја донела по навредлив коментар на снимање во 1985 година, по што направила корекција на подочниците, но, како што вели, зажалила веднаш.
Таа истакна дека искуството ја поттикнало да стане силен поддржувач на природниот изглед и самоприфаќањето, предупредувајќи дека естетската индустрија и филтрите на социјалните мрежи создаваат нереални стандарди за убавина.
Кертис неодамна изјави дека масовната употреба на филери и операции претставува „геноцид над генерација жени“, додавајќи дека ваквите трендови го бришат природниот човечки изглед. Таа јавно ги советува и своите ќерки да не прават интервенции на лицето, нагласувајќи дека „кога еднаш ќе се вмешаш во лицето, нема враќање назад“.
Фото: depositphotos

