Забава
Кралицата меѓу првите што ќе примат вакцина против Ковид-19, тврдат британски таблоиди
Нема да има прескокнување на редот, но кралицата Елизабета Втора, наводно, ќе биде меѓу првите што ќе бидат вакцинирани како дел од меката кампања за да ги охрабри другите да го следат примерот, објавија денес британски таблоиди.
Според „Сандеј тајмс“, кралицата и војводата од Единбург се очекува да бидат меѓу првите што ќе примат вакцина против коронавирусот. Весникот цитира извори блиски до кралското семејство, кои, наводно, рекле дека тоа е нејзина лична одлука, но се смета дека монархот сака да даде до знаење дека ја примиле вакцината.
Јавната поддршка на кралицата ќе се смета за моќно спротивставување на движењето против вакцинацијата.
Извор, кој зборувал за „Телеграф“, истакнал дека кралицата нема да оди преку ред и дека нејзината одлука е приватна работа бидејќи се работи за нејзино здравје.
Кралицата (94) и принцот Филип (99), кои се изолираа во замокот Виндзор во поголемиот дел од годината, и минатата недела потврдија дека ќе го поминат Божик таму, ќе добијат вакцина во согласност со одлуката на владата. Вакциниарњето во Велика Британија почнува во вторник на 8 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

