Забава
Кралицата нема да ја види Лилибет во скоро време поради заладените односи со Хари и Меган

Кралски коментатор предупредува дека кралицата наверојатно нема да се сретне со правнуката Лилибет во скоро време поради „мразот“ со принцот Хари и Меган Маркл.
Војводата и војвотката од Сасекс ја дочекаа својата ќерка минатиот месец и сите членови на кралското семејство беа воодушевени од веста.
Некои медиуми објавија дека парот ѝ ја претставил Лили на нејзиното височество со видеоповик.
Сепак, кралскиот коментатор Џонатан Сакердоти смета дека ќе помине некое време пред тие да се сретнат лично.
Тој за „Ју-ес викли“ рече: „Запомнете дека кралицата не ја запознала нејзината најнова правнука. Се чини дека тоа нема да се случи во скоро време. Таа веќе подолго време не го видела Арчи. Како семејство, ако го занемариме фактот дека се кралско семејство, таму веќе постои поприлично замрзнување и оддалеченост. “
Бебето Арчи мама Меган го запознава со кралицата и други високи членови на монархијата
Принцот Хари и Меган Маркл моментално го прекинаа ангажманот во добротворната организација „Арчивел“ за да ѝ го посветат целото свое време на новородената ќерка Лилибет, која го доби името како почит кон кралицата и принцезата Дијана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
И шефицата на одделот за човечки ресурси поднесе оставка, по мегаскандалот на концертот на „Колдплеј“

Шефицата на одделот за човечки ресурси во американската технолошка компанија „Астрономер“, Кристин Кабот, поднесе оставка откако беше снимена како го прегрнува сега веќе поранешниот извршен директор на компанијата, Енди Бајрон, на концерт на „Колдплеј“.
Компанијата потврди за Би-Би-Си дека Кристин Кабот повеќе не работи во „Астрономер“, само неколку дена откако Енди Бајрон, исто така, поднесе оставка. Неговото заминување дојде откако „Астрономер“ објави дека ќе биде ставен на отсуство и под истрага.
@ctvnews CEO and colleague caught on camera at Coldplay concert Coldplay singer Chris Martin may have caused an awkward moment when he commented on a CEO embracing a colleague at the band’s show in Boston. #news #ctvnews #coldplay #ceo #boston ♬ original sound – CTVNews
Скандал што го обиколи светот
Скандалот што доведе до вакви последици се случи на 16 јули на концерт на „Колдплеј“ во Бостон. Во тоа време, Бајрон и Кабот беа прикажани на големиот екран на „Кис Кам“, додека стоеја во публиката, прегрнувајќи се.
Кога сфатија дека се во кадарот, двајцата одеднаш се повлекоа назад и се обидоа да ги сокријат лицата, што предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.
Ситуацијата дополнително ја зачини пејачот на бендот, Крис Мартин, кој се пошегува со публиката: „Погледнете ги! Или имаат афера или се навистина срамежливи“.
Последиците од аферата
Енди Бајрон беше првиот што се соочи со последиците од своето неверство – прво неговата сопруга Меган го избриша неговото презиме од социјалните мрежи, а потоа, откако неговата милијардерска компанија „Астрономер“ започна внатрешна истрага, тој самиот поднесе оставка од функцијата извршен директор.
Фото: Принтскрин
Забава
(Видео) Романтична свршувачка на плажа прекината од нешто неочекувано, снимката насмеа многумина

Млад човек решил да ѝ предложи брак на својата девојка на брегот на море во присуство на блиски пријатели и сè било совршено сè додека не се појавил неочекуван гостин.
Видеото од романтично барање на раката на плажата во Умаг во Истра стана вистински хит на „Тик-ток“ собирајќи над 12 милиони прегледи, и тоа не благодарение на младиот пар, туку на случаен минувач од морето.
Пливач излегол од морето – и ја засенил претставата.
@beltartuf prelepo #umag ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧
Токму оваа спонтана и привлечна реакција предизвика бран ентузијазам кај корисниците на „Тик-ток“, кои изразија симпатии и се шегуваа за него во коментарите.
Фото: принтскрин
Забава
Тие се незапирливи: најборбените хороскопски знаци, кои никогаш не се откажуваат

Кога е потребно, упорноста е нивно второ име и тие дефинитивно никогаш нема да се откажат од својата цел.
Некои хороскопски знаци имаат железна волја и никогаш не се откажуваат од своите цели, без разлика колку предизвици им стојат на патот. Овие знаци се инспирација за секој што сака да ги оствари своите соништа.
Запознајте ги трите најупорни знаци на зодијакот.
Јарец
Јарците се познати по својата дисциплина и фокус. Нивната упорност ги носи до врвот, честопати чекор по чекор, без оглед на пречките.
Шкорпија
Интензивните Шкорпии имаат страст што ги движи напред. Кога се фокусираат на цел, ништо не може да ги запре.
Овен
Овните се родени борци. Нивниот ентузијазам и храброст ги прават незапирливи во остварувањето на своите соништа.
Фото: принтскрин