Забава
Кристи Бринкли ги поздрави промените во модната индустрија
Кристи Бринкли откри дека нејзината ќерка Сејлор ја замолила да престане да го користи зборот гоење или дебелеење кога опишува храна.
Во ново интервју, Кристи (67) потенцира дека промените во мејнстрим медиумите влијаат на тоа како размислуваат младите.
Како ѕвезда на насловната страница на празничното издание на списанието Westlake Malibu Lifestyle, вечно младата манекенка спомнува дека нејзината ќерка Сејлор Бринкли (21) ја замолила да престане да го користи зборот „дебелее“.

„На пример, кога говорам за одредена храна дека дебелее, ќерка ми Сејлор ќе ми рече: мамо, те молам, не употребувај го тој збор. Има попозитивен начин да го кажеш тоа: таа храна не е здрава за мене или нема да ми ја обезбеди потребната енергија.“
Нејзината ќерка храбро призна дека во минатото страдала од нарушување во исхраната.

Кристи ги сподели своите размислувања за еволуцијата на модната индустрија, забележувајќи: „Младите жени купуваа модни списанија и се чувствуваа ужасно бидејќи сите модели беа тенки како трска и не личеа на девојките што ги читаа списанијата“.
„А сега, кога отворате моден магазин, гледате луѓе од различни возрасти, етникуми и облици – и таа застапеност е толку важна“.
Таа посочи на личен пример за да нагласи дека, како резултат на промените, младите генерации се посвесни за штетниот јазик.
„Важно е да престанеме да се споредуваме со другите жени. Секој е уникатен. Исто така, важно е како општество да престанеме да ги осудуваме луѓето и да престанеме да користиме зборови натопени во негативност“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

