Забава
Крис Прат и Кетрин Шварценегер го објавија раѓањето на втората ќерка
Крис Прат и Кетрин Шварценегер Прат го дочекаа своето второ дете.
Актерот од Jurassic World Dominion и 32-годишната писателка и ќерка на Арнолд Шварценегер објавија дека во неделата се родила нивната ќерка, на која ѝ го дале името Елоиз Кристина Шварценегер Прат.
Во објавата – графика со името, датумот на раѓање и розова лента – што ја споделија на своите профили на „Инстаграм“, Кетрин и Кис напишаа: „Толку сме возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашата втора ќерка Елоиз Кристина Шварценегер Прат. И мама и бебето се добро“.
„Се чувствуваме повеќе од благословени и благодарни. Со љубов, Кетрин и Крис“.

Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Лејла, во август 2020 година, а Крис го има и деветгодишниот син Џек со поранешната сопруга Ана Фарис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

