Забава
Крис Рок допрва ќе реши за следниот чекор: „Сè уште го обработувам она што се случи“
Сега веќе озлогласената шлаканица е тема во секој агол на интернетот и телевизијата неделава – но Крис Рок остана забележливо тивок.
Односно, до средата вечерта кога го прекина молкот и јавно се осврна на темата во текот на стендап-шоу во Бостон.
„Оф, во ред!“, извика тој при влегувањето на сцената во театарот „Вилбур“. Публиката во салата со 1.000 седишта го поздрави 57-годишниот комичар со добредојде како на рок-ѕвезда. Тој очигледно уживаше во стоечките овации што грмеа речиси две минути, а потоа се обиде да ги стивне: „Пуштете ме да го правам шоуто!“
По неколку дополнителни моменти на аплауз, Рок му се обрати на слонот во просторијата. „Како ти помина викендот?“ почна со намигнување предизвикувајќи бран смеа.
„Немам што да ви кажам за тоа што се случи, па ако дојдовте да слушнете нешто, имам цел настап што го напишав пред овој викенд. Сè уште некако го обработувам она што се случи“.
„Во одреден момент во иднина ќе зборувам за тоа сра*е. Ќе биде и сериозно и смешно“.
Еден од присутните потоа извика „Е*ати Вил Смит!, но Рок го игнорира коментарот и го почна својот едночасовен настап.
„Ќе кажам неколку вицови“, рече тој. „Убаво е да се излезе надвор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Во фустанот на нејзината мајка од 1996 година, таа покажа дека е најубавото бебе на познати личности
Познатата актерка Гвинет Палтроу присуствуваше на премиерата на „Marty Supreme“, која се одржа во Њујорк, а беше придружувана од нејзините син и ќерка, Епл и Мозес Мартин. За Епл се вели дека е едно од најпознатите бебиња на познати личности, а овој пат се потруди да биде во центарот на вниманието.
Иако за Епл често се пишува само како за ќерка на познати личности, таа сепак се обидува да биде единствена и гради свој пат. Сепак, кога станува збор за мода, секогаш е добро да се копира совршениот стил на мајка и, која со децении воодушевува на црвениот тепих.
Епл го стори токму тоа, а за да го направи искуството комплетно, се одлучи за едноставен црн фустан од Калвин Клајн, кој Гвинет го носеше во 1996 година на премиерата на филмот „Emma“, објавува People.
Овој модел на фустан е уникатен токму поради својата едноставност. Нема никакви други детали, освен што ја следи линијата на нејзиното тело, а Епл сè комплетираше со мали обетки, додека косата ја собра во малку полежерна пунџа.
Ниту остатокот од семејството не заостануваше. Мозес ги искомбинираше светлите панталони со сина кошула и сиво сако, додека Гвинет повторно се одлучи за црна креација. Познатата актерка избра фустан со голем шлиц и ефектна машна на едното рамо, додека своето модно издание го комплетираше со салонки.
apple martin wearing her mum gwyneth paltrow’s calvin klein dress from 1996 to the premiere of ‘marty supreme’ pic.twitter.com/BmCHLYrfHg
— C 💒 (@churchofysl) December 17, 2025
Сепак, Епл беше главната ѕвезда на вечерта, најмногу поради повторениот стајлинг на нејзината мајка.
Забава
Моден трик на Французинките: Не чини ништо, а веднаш го подобрува вашиот изглед
Многумина се потпираат на Французите за инспирација за стил. Од црвените кардигани кои тивко го зазедоа гардероберот, до класичните комбинации од фармерки со рамни ногавици и балетанки, Парижанките имаат неверојатна способност повторно да ги направат релевантни дури и наједноставните идеи.
Нов моден тренд што Французите го популаризираа е врзувањето ремен преку палто. Овој тренд прво почна да се појавува на Инстаграм, а потоа и на улиците на Париз, каде што речиси секоја втора жена носи палто стегнато на половината.
Не станува збор за претерување и усовршување, туку за лежерен потег што веднаш го воздигнува секој аутфит. Најдобро од сè, овој стилски трик не ве чини апсолутно ништо ако веќе имате ремен и палто (а сигурни сме дека имате).
Која е тајната?
Она што го прави овој тренд толку привлечен е неговата едноставност. Ременот веднаш ги менува пропорциите на палтото и му дава форма, без да изгледа како да сте се потрудиле премногу.
Парижанките го носат со сè: ремени од јаже протнати низ преголеми волнени палта, тенки кожни ремени преку строги јакни или врвки цврсто стегнати на долги мантили.
Трендот се прошири и на кратки јакни и лабави јакни, што изгледа многу свежо и модерно, пишува Who What Wear.
Целата филозофија се базира на практичност – изгледа како да сте го додале ременот во последен момент за да спречите ветерот да ви го отвори палтото, а не како внимателно испланиран стил.
Пред сè – забавувајте се комбинирајќи и експериментирајќи со парчињата што веќе ги имате во вашиот плакар.
Забава
(Видео) Розова од глава до пети: Познатата русокоса прошета низ градот како Барби
Гвинет Палтроу неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што се појави во емисија. Актерката го привлече вниманието на јавноста, особено на модните критичари, со својот изглед.
Невообичаено, а толку убаво, можеме само да кажеме дека нè остави без зборови. Изгледаше исто како Барби.
За оваа посебна пригода, Гвинет одлучи да облече женствен комбинезон во металик розова боја кој ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура. Ова монохроматско издание го комплетираше со високи потпетици во пастелно розова боја, а додаде и ремен во малку потемна нијанса од гореспоменатата боја.
Стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во природни тонови, а прамените од косата ги остави слободно да паѓаат. Ги поздрави љубопитните фотографи со блескава насмевка.

