Забава
Купи драјфит маица од Skopje Run 10K и #ЗасадиВоздух во Скопје
Трката која трета година по ред е дел од нашиот главен град, Skopje Run 10K, минатата година беше сведок на илјадници лица кои беа дел од нејзината хуманитарна приказна. Целта на организаторите беше да отворат уште една врата преку која ќе може да се помогне на заедницата и општеството и истата ќе ја има и во ова издание.
Затоа што самата трка и спортувањето имаат една клучна цел, поголемо здравје и подобар начин на живот за сите, Сојуз на спортови на Скопје заедно со Град Скопје одлучија оваа година средствата од хуманитарните цели да ги искористат за засадување дрвја. Една од причините да се направи тоа и да се „Засади воздух“ во Скопје е поради предизвиците со кои што се соочува градот во зимските месеци. Тие се надеваат дека ова ќе е уште една капка во долгорочниот заеднички труд за подобра животна средина.
Секој кој што сака да помогне да се #ЗасадиВоздух може да купи драјфит маица од Skopje Run 10K од која 100 денари ќе бидат одделени за самата акција. Оваа можност трае до 27 септември 2019 година и маиците може да се нарачаат на http://skopje.run/ или https://www.smartrace.club/.
Покрај онлајн, самите маици може да се купат и при подигнување на стартните пакети на 4 и 5 октомври во кугларницата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да се приложи документ за идентификација при подигање на стартниот пакет.
Пријавувањето на Skopje Run 10K сè уште не е затворено и трае до 1 октомври 2019 или до исполнување предвидениот број на учесници. Пријавувањето исто се реализира преку http://skopje.run/ и https://www.smartrace.club/
Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.
Забава
(Видео) Како изгледа Тејлор Свифт без грам шминка: пејачката изненади со објава на интернет
Тејлор Свифт, која официјално е најбогатата музичарка во светот, ги изненади своите обожаватели со објави од студиото каде што моментално работи, а најголем „бум“ направи нејзиното целосно природно лице.
Нејзиниот сингл „Opalite“ неодамна успеа да се искачи на врвот на музичките листи и тоа е 14-ти сингл по ред на Тејлор Свифт што доживеа таков успех. Таа го прослави овој незаборавен момент, уште еден во нејзината кариера, покажувајќи дел од својот живот зад сцената додека го создаваше албумот преку објави.
Тејлор Свифт го овековечи својот голем успех објавувајќи клипови од снимањето на песната и видеото, а во видеото позираше во студиото без ни трошка шминка и со природни локни, додека наздравуваше со продуцентот.
Навикнати сме секогаш да ја гледаме со црвен кармин на усните, па затоа ова издание од светски познатата пејачка е вистинско изненадување за сите.
Тејлор Свифт има 280 милиони следбеници само на Инстаграм.

