Забава
Кучето на Клаудија Шифер тероризира соседи и убива овци
Германскиот овчар Оскар, миленик на манекенката Клаудија Шифер (48), веќе неколку години сее страв во соседството, но дури ни полицијата не му може ништо. Според „Дејли мејл“, минатиот месец нападнал овци на соседна фарма во Нортамптоншир, Велика Британија, каде што поранешниот супермодел живее со своето семејство.

Оскар каснал една овца за вратот, а поради сериозноста на повредата на несреќното животно, ветеринарите на крајот морале да го успијат. Другите две овци кучето сериозно ги ранило и ги осакатило. За среќа, брзо реагирал еден вработен на имотот и на тој начин спречил уште поголема трагедија. Лекувањето на настраданите животни досега сопствениците ги чини околу 3.000 фунти.
На полицијата, која веднаш дошла на местото на настанот, не ѝ било дозволено да пука во кучето, но затоа ѝ издале предупредување на Шифер дека таа и нејзиниот сопруг, Метју Вон (47), мора да го оградат и обезбедат имотот колку што е можно побргу. Нивна обврска е да ги спречат кучињата да избегаат и притоа да го тероризираат соседството.

Ова не е прво милениче на Клаудија познато по проблематичното однесување. Имено, во 2010 година, нејзиното куче касна друго куче, а четири години пред тоа полицијата ја предупреди Шифер да ги држи под контрола своите миленици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

